Број 3607  петок, 17 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Политика

ВМРО-ДПМНЕ денеска слави роденден

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска го слави 21. роденден. По повод неговото одбележување, вечерва во Музејот на современата уметност во Скопје ќе биде одржана голема прослава. За прославата, чиј домаќин е премиерот Никола Груевски со сопругата Боркица, покани добија припадници на македонската политичка, бизнис и дипломатска елита, како и голем број новинари - проследувачи на политичкиот живот.

ВМРО-ДПМНЕ е основана во 1990 година, а како основачи фигурираат неколку звучни имиња, но и неколку имиња што беа релативно непознати во јавноста: Владимир Голубовски, Борис Змејковски, Љупчо Георгиевски, Венко В’чков, Драги Арсов, Ванчо Механџиски, Тодор Нанев, Дијана Транталовска, Перо Мицев и Васил Наумо��.

Од групата основачи сега во ВМРО-ДПМНЕ е активен само Борис Змејковски иако се тврди дека е маргинализиран. Владимир Голубовски сега е коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ со неговата ВМРО-Демократска партија што ја основаше по судирот меѓу него и раководството на ВМРО-ДПМНЕ речиси веднаш по лансирањето на ВМРО-ДПМНЕ.

„И денес по 21 година, не се доволно разјаснети сите околности и не се изнесени сите факти што се однесуваат на основањето на партијата. Остана отворено прашањето колку основањето беше одраз на историските околности, колку беше спонтано, а колку стана предмет на операционализирање од специфичните институции во тоа време“, вели Владимир Голубовски, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, без оваа партија како политички етаблирана по 1990-тите години, Македонија немаше да го доживее епилогот на самостојна и суверена држава на македонскиот народ. Голубовски нагласува дека историјатот на ВМРО-ДПМНЕ е поделен на три периоди, едниот до 15 декември 1990 година, кога тој ја водел партијата, потоа вториот под лидерството на Љупчо Георгиевски и третиот со Никола Груевски. Сите овие личности, според него, оставиле доминантен белег на партијата.

„Ако се поставува прашањето дали се исполнети очекувањата на македонскиот народ денес, 21 година од формирањето на партијата, можам да кажам дека не се докрај исполнети очекувањата“, вели основачот на ВМРО-ДПМНЕ. (П.Р.)




#
Статијата е прочитана 1565 пати.

Испрати коментар

Од: стар член
Датум: 17.06.2011 00:39:21
Голубовски беше мозокот и е најзаслужен за победата на ВМРО-ДПМНЕ на првите парламентарни избори! Тој е првата политичка жртва во самостојна Македонија. Глигоров и Андов го елиминираа за да го изманипулираат ВМРО-ДПМНЕ во распределбата на власта после изборите во 1990 година. Но, тој му врати на Георгиевски на овие предвремени парламентарни избори изнесувајќи пикантерии за Љубчота во настапите на локалните медиуми Орбис и НТВ Охрид, сведочејќи дека Љубчо имал намера во 1990 година да прифати да стане лидер на Новата комунистичка партија на Македонија, потоа дека Љубчо од Гранд хотел во Скопје координирал со наводниот социјален протест пред Собранието, а со цел и во Македонија да се реализира српскиот проект како во Војводина и Црна Гора. Тој на НТВ Охрид го обвини Георгиевски дека неговиот политички камбек има скриен контекст со барањето на бугарските власти кои го сопираат регистрирањето на ОМО Илинден, врз принцип на реципроцитет, за основање на партија на Бугарите во Македонија !
Од: pirinec
Датум: 17.06.2011 01:28:47
Vlado Golubovski e najzasluzen za VMRO-DPMNE, site znaeme deka na prvite izbori za nego glasavme. Eve i sega posle 21 godina toj e najradikalen vo odbrana na nacionalnite interesi. Bara prekin na pregovorite za imeto so Grcija, tvrdi deka Ramkovniot dogovor ne postoi, i deka Albancite se pomalku od 17 % ! Ljubco izleze predavnik, se nafatira, se pritai, a sega oddednas pak se pojavi, bara imeto da go smenime vo Severna Makedonija, tvrdi deka vo 21 vek bilo glupo da go branime nacionalniot identitet, da sme gi otvorele granicite so Grcija bilo povazno, i bara Vlada od dve makedonski i dve albanski partii, spored nego Albancite se 50% ???Na Makedonija i trebaat luge vo politikata kako Vlado Golubovski ! Gruevski pravilno go prifatil vo koalicija ! Zmejko ima vrska zaradi Bogdanovski okolu osnovanjeto, ama negovata uloga ne e takva kako kazuva prikazni, ke vidime sto ke kaze i komisijata za lustracija ! I toj e profiter kako Ljubco, kupuva fabriki, a od kaj mu se parite ???
Од: Krste, Kanada
Датум: 17.06.2011 01:52:08
Ako ostanese na Ljupcota koj so MAAK i drugi partii napravi nacionalen front i scenarioto bese da se bojkotira vtoriot krug, nemase nisto da ostane od VMRO-DPMNE. Ke bese samo del od proektot za otkrivanje i umrtvuvanje na makedonskiot patriotizam od tajnite sluzbi! Ama Golubovski go srusi lazniot nacionalen front, kaza ke ja resi zapadna Makedonija, veti Nov ustav, i proteruvanje na nelojalnite Albanci, pa od poraz vo prviot krug donese golema pobeda za VMRO-DPMNE ! Arno ama Ljupco izgubi vo Strumica i Kiro i Stojan go upotrebija protiv Vlado. Koj taka kako izjavil na 15 dekemvri 1990 godina na Velesko ezero morase da dade ostavka. Toa mi go imaat kazuvano prijateli koi bile tamu iako ne ni bile clenovi na partijata. Toa bila edna grupa od 12 lazni clenovi od Kumanovo i Sveti Nikole koj gi organizirala SDB preku Zmejkovski! Glavni egzekutori bile Zmejkovski, Tome cevkata, i Ratka. Zasto se krie ovaa vistina ? Gruevski treba da bara ova na Velesko Ezero da se rasvetli i vistinata da iz
Од: Симон
Датум: 17.06.2011 02:27:07
“Стар член“, вистина е тоа сто пишуваш, Голубот се обратил директно на охриѓани, дека ќе бидат измамени од Љупчота. Дека да се прашаат зашто тој губи во источна Македонија, дека таму го знаат по дедо му српски џандар, дека да си бидат Македонци, да не одат по умот на Љупчота. Кажал дека војводата добил четнички појас од Парошки Хахахаха, па за тоа пишуваа тогаш весниците имаше и фотографија. “Стар член“ имаш право му врати. Слушам пред изборите Голубот одел од куќа во куќа во Велгошти ! Им заврши работа на ВМРО-ДПМНЕ , ама чудно небил на листа за пратеници. Расчистувал стари сметки Хахахаха
Од: jovan
Датум: 17.06.2011 04:50:02
Заминав од Македонија во 93-та.Инаку сум од постарите членови на ВМРО-ДПМНЕ. На Основачките собранија зборуваше Владо Голубовски, а Љубчо како папагал повторуваше тоа што му го напиша тој за македонски пари, реп��езентација, војска. Па и првите текстови ги пишуваше Владо, знам кога излезе мега интервју во “Он“ со наслов “Кој ќе ја обедини Македонија“. Ама го тргнаа човекот Љупчо им одговараше повеќе. Навистина има скриени работи со нашава партија. Сите на страна на Љупчо бевме против Владо, а сега излезе се обратно. Уште тогаш ми беше чудно како го нападнаа, демек предавник, а јас бев кога не тепаше српската полиција во Прохор Пчински, Голубовски ги собираше истепаните и во автобус не качи и пред Собрание во Скопје не донесе. А Љупчо и Змејко не ни дојдоа во манастирот, останаа во едно комбе на 5-6 км пред Прохор Пчински. Па брат Љубе и Борче нели имаа и афера со оружје како помош од Хрватска што Хрватите го фатиле во Вуковар на српска страна !
Од: petko
Датум: 17.06.2011 06:03:56
Eden sovet do site gradzani na RM, vecerva da ne izleguvaat po gradov i da se setkaat mnogu mnogu, nikako blisku do muzejot na sovremena umetnost da ne bide uste nekoj kurban na VMRO proslavata.
Од: Jone Avstralija
Датум: 17.06.2011 09:51:06
A DRagan Bogdanovski nikade ne go spomnuvaat na ovie mora da mu fali nesto
Од: Gargamel
Датум: 17.06.2011 10:36:24
Neka mu e čestit rodendenot na makedonskoto VMRO.Na avtorot na tekstot mu zameruvam za neinformiranosta vo odnos na osnovačite na VMRO-DPMNE.Se soglasuvam so "star člen",a sekako i seušte živite učesnici vo formiranjeto i osnovanjeto znaat koj e Zmejko,prisuten bporadi Bogdanovski,koj e Vasil Naumov,prisuten vo organizacijata pored čičko mu i tatko mu,i mnogute drugi pišuvači na statutot,lepači na plakati,tepači na neistomislenicite od mladite komunjarski kadri.Vistinata za greškata na pravite vmrovci,koi sakaa da se skrijat zad mladite obučuvani i vi stranstvo kadri,Ljubče,i od zadnina da gi vlečat koncite,i gubenjeto na kontrolata na tie konci što po nivna,što po vina na Ljubče,taa vistina ja znaat i e vo istorijata na VMRO.Voedno na segašnive biznis,tender,sitno lično profitabilni,vrabotenite vo državnata administracija,lepačite na plakati i tepačite od ploštadot,antikvizirani členovi na partijava i nejzinoto vodstvo im posakuvam da ja osoznaat istorijskata veličina na bukvite VMRO.
Од: Eva
Датум: 17.06.2011 14:02:40
Cestit rodenden!

Најди! во Утрински
Политика
Професорска сајбер-војна околу младинските протести
Преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во ќор-сокак
МВР одговори, ништо не кажа
Стојковиќ

"""