Фактот дека за граѓаните е поважно името од ЕУ - алиби за нерешавање на спорот
Александра М. Митевска
Власта си обезбеди добро алиби за нерешавање на спорот со името, дури и по цена на натамошно загрозување на евроатлантските перспективи на државата, со пласирањето на анкетата на Институтот за политички истражувања, според која, постепено расте евроскептицизмот меѓу граѓаните.
Во анкетата, што е реализирана по нарачка на Секретаријатот за европски прашања, посебно индикативни се резултатите, според кои за 66,5 проценти од граѓаните е поважно да се зачува уставното име, а само 26,2 отсто мислат дека е приоритет членството во НАТО и во ЕУ.
За актуелната власт, за која се знае дека многу држи до анкетите, ова може да претставува издржан аргумент дека е исправна нејзината политика на одбрана на името и на барање предавници во опозициските редови, кај медиумите, во невладиниот сектор...
Поранешниот вицепремиер за европски прашања, Ивица Боцевски, смета дека анкетата на СЕП е скандалозна и оти мора да се даде отчет кој ја нарачал и платил, кој ги составувал прашањата и кому му е потребно да го спори европскиот идентитет на македонската нација, во период кога Македонците жилаво се борат за датум за преговори и кога токму европските вредности ни се главен аргумент во спорот за името.
„Современиот демократски македонски идентитет почива на европските вредности и современиот македонски патриотизам е борба за ‘враќање’ на Македонија во европското семејство. Фактот што институцијата, која е воспоставена да го реализира овој стратегиски и патриотски проект, излегува со скандалозна анкета каде што Македонците се изманипулирани да не се изјаснат како Европејци е невиден срам“, вели тој. Политикологот Дане Талески, член на ИО на СДСМ, вели дека одговорна власт би работела на промена на матрицата на размислување, односно дека би се обидела да создаде чувство кај граѓаните дека се победници во секој случај.
„Место тоа, власта креира обратна перцепција кај граѓаните - дека ќе бидат се губитници во секој случај. Дека ако влезат во ЕУ ќе го изгубат името, а ако го зачуваат името ќе ја изгубат ЕУ. Тоа е типично за политиката на Груевски, која прави жртви од граѓаните. Тоа е политика на виктимизација“, оценува Талески.
На листата на виновници за македонскиот од во место на патот кон Брисел би можела да се најде и меѓународната заедница. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Спасеноски, на вчерашната промоција на триесеттото издание на списанието „Политичка мисла“, го наметна прашањето за улогата на меѓународната заедница во евроинтеграцискиот процес на Македонија.
Според него, науката треба да даде попрецизни одговори од политиката на прашањата зошто земјата се' уште не е во ЕУ, какво влијание има спорот за името, каква е улогата на меѓународната заедница во Македонија во однос на евроинтеграциите и дали е таа секогаш докрај принципиелна кон тој цивилизациски проект. Науката, како што рече Спасеноски, треба да понуди и одговор која е улогата на МАНУ и на интелектуалците, односно дали тие доволно и исправно и' помогнале на државата во интеграцискиот процес.
Евроамбасадорот Ерван Фуере, пак, е оптимист дека членството во ЕУ останува приоритет за македонските граѓани. Тој вчера изјави дека резултатите од истражувањето на СЕП, според кои опаднала поддршката на граѓаните за интеграција во ЕУ, се спротивни на претходните истражувања кои покажувале дека има огромна поддршка за процесот.
„Не мислам дека преовладува скептицизам. Секаде се чувствуваат огромната поддршка за ЕУ и желбата да се биде дел од тоа семејство на народи. Ако постои таков скептицизам, тогаш тој претставува незначително малцинство. Но, генерално гледано, мислам дека граѓаните сакаат да ја видат земјата како дел од ЕУ“, истакна Фуере.
Евроамбасадорот посочи дека ЕУ е посветена на реформскиот процес и дека нејзината поддршка изнесува околу 80 милиони евра директна помош. Фуере повика на отворен политички дијалог во државата, бидејќи „властите треба да вложат поголеми напори за да се остварат аспирациите на граѓаните“. Од СЕП, пак, вчера повторно ја лиферуваа анкетата, но притоа напомнаа дека поддршката за влез на Македонија во ЕУ и натаму е исклучително висока, бидејќи 75 проценти од испитаниците се изјасниле во таа насока. (А.М.М.)
Статијата e скандалозна. членството во НАТО и во ЕУ не е приоритет за Македонците - идентитетот на македонската нација е приоритет.
Од: Сергеј
Датум: 14.07.2010 00:59:53
„Македонците жилаво се борат за датум за преговори“ - би рекол дека народот очајно го посакува датумот, но во исто време токму владата жилаво се бори до тој датум никако да не дојде, зашто тоа би значело крај на нејзиниот апсолутизам. Ако некои работи не се споиви, тогаш тоа е политичкиот систем на Европската Унија и отоманскиот деспотизам на владата на Груевски! ( http://otpor.log.ph )
Од: ne e bitno
Датум: 14.07.2010 01:59:04
Koga veke makedoncite se evro-skepticni (a ne znam za sto ne se), najdobro bi bilo, da nie koi plakame danoci vo EU, pokreneme inicijativa, da se prekinat site sredstva koi se nosat od EU vo Mk, pretezno nepovratni, od humani pricini, a zavrsuvaat vo privatni gebovi golem del, po razno razni namesteni "tenderi" korupcija itn. Siten Primer: Sitni gradonacalnici dobivaat pomos za proekti, koi realno cinat poveke, no so matni zdelki gi zavrsuvaat za pomalku a visokot na pari go stavaat vo privatni gebovi. Vie mislite deka nie pieme nafta? Vo EU vladeat zakonite i pravoto, a vo Mk anarhijata! Nemate drzava, a stitite ime?! pobogu...
Од: nacional-patriot
Датум: 14.07.2010 04:50:13
Vistinata gi boli predavnicite.Ogromnoto mnozinstvo Makedonci e protiv bilo kakva dodavka na imeto na drzavata.Sekoj narod vo svetot ke si go brani imeto,a ne clenstvo po sekoja cena vo nekakvi organizacii.Zar ocekuvavte poinakvi rezultati?Nikogas nema da se prifatat ucenite od bankrotiranata vestacka tvorba narecena Grcija.
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 14.07.2010 06:15:59
45 godini nadvor od Makedonija,zivevme kako Jugosloveni,i bevme naj dobrite Yugo! A, Sega , nesme Yugo, tuku sme Antici.Daj bre lugje, ili ludi lugje,da napravime referendum ,Sto Sme Nie?? Jugo Slavjani[south slavic] il Antici!.A ,posle toa poarno ce znaeme kade treba,da odime!
Од: Ристо
Датум: 14.07.2010 06:51:18
Уште има будали во ова држава што му верува на ЕУ.Тие се тие што не делија а сега сакаме со нив ууууууу.
Од: nekojsi
Датум: 14.07.2010 08:27:27
Се што кажа "Не е битно " - потпишувам. Сак��ме инвестиции, пари, а се однесуваме како да ЕУ моли да влезе кај нас. Идентитетот не се губи во ЕУ, а без пари и сттратегија како сега, не само идентитетот, туку се друго ќе изгубиме. За крај, обврска на власта пред народот е веќе еднаш да признае дека не сака во ЕУ, дека сака со Русија, со контрола од грчкиот капитал. Да, токму така, власта игра на карта на Грција, овие провокации спрема Грците се чист театар.
Од: Јован АН
Датум: 14.07.2010 08:48:14
Срам да Ви е за насловот(поготово),поднасловот и текстот.Вие отворено барате да Македонскиот народ да го промени името и идентитетот за влез во рганизации кои денес се,а утре можеби ќе ги нема!Уште еднаш срам да Ви е! Во Македонија не постои евроскептицизам, туку разочараност во Европа.Македонија ги исполни условите за почеток на преговорите,а Европа е таа коа не може да одговори позитивно поради нејзината немоќ да се бори против нацифашистичките уцени на една нејзина членка.Европа применува двојни стандарди.За Европа која не може да ги сочува своите принципи Македонецот не е спремен да изврши национално самоубиство!Владите не сме ги бирале да ни го менуваат името и идентитетот,туку да ги заштитат нашите национални интереси!
Од: b
Датум: 14.07.2010 09:15:53
Повеќе би држело наслов: власта грчевито се бори против влез во ЕУ и НАТО. Што е и точно. Сака комотно, распашано да си владее, да се богатат поединци. Па ако се влезе во ЕУ и НАТО, зар ке може некој да направи богатство, како на пример оној Даравелски.
Од: Stole
Датум: 14.07.2010 09:24:12
Kako nastradana nacija nie Makedoncite so polno pravo sme evroskeptici, protiv EVROPSIHOZATA
bolest na SDSM zedna za vlast.Velat Bugarija,Grcija
i Romanija se vo bankrot, a nie da odime tamu i toa
po centa na promena na ime. Da poludis i da se
frlis jaze koga go slusas toa.Veruvam deka Utrinski
ke go pecati ova.
Од: Миле - Охрид
Датум: 14.07.2010 09:27:27
Неписменост или зла намера е да се тврди дека македонците се Евроскептици. Пред да напишете некој збор кој не го познавате консултирајте лексикон. Скептицизам е склоност кон сомневање, општа недоверба. Заговарачите на идејата за прифаќање на грчките шовинистички барања не веруваат дека ЕУ е способна да ги почитува основните човекови права и слободи и прокламираните сопствени вредности .Тие предлагаат капитулација. Тие се ЕВРОСКЕПТИЦИ. Македонскиот народ покажа дека верува во ЕУ и јасно ја изрази својата воља да и се приклучи под името Република Македонија. Еу ќе собере сила и ќе го победи шовинизмот во сопствените редови. Што да правиме ние со подржувачите на грчките шовинистички барања во Македонија?
Од: Ајван Доктор®
Датум: 14.07.2010 09:56:41
Сето ова е последица на долготрајно плакнење мозоци од страна на власта,преку продукција на емисии од веќе препознатиливиот проѕирен стил на „откривање на Америка“ и „Новиот“ заговор на новостариот светски поредок!Не можеме да очекуваме поинакво размислување од тие кои размислуваат како и телевизорот!Тоа што денес ќе се пласира преку веќе познатите „хит“емисии,станува нивна дневна размисла и преокупација!Продефилираа псеудонаучници кои откриваа (веќе одамна откриени) континенти,секое „Ма“го прогласуваа за Македонски и Овоземен прапочеток, „откриваа“ нови слова, „наши“антички династии, кралеви и стилови...Никакви книги не можат да влијаат во средината каде читањето,учењето и знаењето се најголемо зло,онаму каде кичот се прогласува за уметност,а инаквата размисла(поткрепена со знаење) служи за потсмев и се прогласува за државен непријател Бр.1! (http://ajvandoktor.blogspot.com)
Од: semper
Датум: 14.07.2010 10:11:01
Анкети, Анкети, Анкети... До кога со тие анкети? Која е целта на тие анкети? Која е придобивката од нив? После секоја нова анкета се почнува со различни анализи, се јавуваат и аналитичари и пропагатори. Во суштина е само обид за искривување на сликата. Сакавме во Европска унија -98%, а сега имаме ситуација каде не даваме промена на име за влез во Европска унија (нормална работа). Компаративно да го споредиме овој феномен со дилемата која ја постави една пол.партија кога праша како може Уставниот суд да донесе две различни одлуки за еден ист член од некој Закон? Оваа е сосема исто. И сега, до каде ќе се оди со развивањето и имплементирањето на Гебелсовата теорија?
Од: Трпе
Датум: 14.07.2010 10:51:32
Честитки до пропагандната блада,ја постигна целта за која се бореше.Ним не и требат контролори од НАТО и ЕУ,ним и треба лично профитерство.Кога народот ке се разбуди ,касно ке биде.Не се работело за корење да се јаде,за товарење била работата.Не се работело за татковината,за пари се работело.Се така ке биде ,додека национални имиња ни се Трпе,Трајко,Мирко,Стојко,Нико.....Незнам кај се крие Станко.
Од: Тони
Датум: 14.07.2010 11:08:15
Боцевски треба да го прашате што направи тој додека го водеше овој ресор. Со напамет научени лекции не се води држава. Делувањето треба да биде производ на теоријата и праксата. Треба да се има предвид околината во која се сака да се примени одредена идеологија. Зошто сите се фатиле како слеп за стап за нешто што никогаш нити постоело, нити ќе постои (либерализам, социјал-демократија, демохристијанство...)? И со тоа му ги замачкуваат очите на народот и прават што сакаат?
Дане е во право, само што малку задоцнил. 20 години се применува тактиката „промена на матрицата на размислување“ на овој беден народ. Не убедија дека црното е бело! Охридско езеро стана МОРЕ; плата од 200 евра е поголема од 600 евра; многу е поубаво да останете затворени во кафез од 25000 км квадратни, отколку да шетате по светот; не е убаво да сте стручни за да се вработите, туку треба да бидете неписмени, ама членови на банда/партија... Ете, таква е матрицата на размислување на Македонецот. Успеавте, ви честитам!!!
Од: gledac
Датум: 14.07.2010 11:11:35
Зарем имаме Секретаријат за европски прашања!? Бидејќи ги нема по медиуми, значи нема со што да се пофали, мислев дека сме го укинале.
Од: Sloven
Датум: 14.07.2010 11:48:14
Samite se si kazaa so ovaa anketa.Bidejki i ovaa anketa,kako i site drugi e namestena,jasna e "pro-evropskata" opredelba na vladata na Grujo.A se stanuva uste pojasno koga ke se pogledne ona jadno covece-detiste Naumovski...Izguben,nesposoben,smesen ...
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 14.07.2010 13:10:38
Владеење за рејтинг и владеење со рејтинг - така може да се нарече владеењето на ДПМНЕ ( останатите им се најобичен привезок - па и ДУИ).Се разбира дека и рејтингот го прават не се работа туку со ЕПП за ликот и делото на Пастирот и Фамилијата, и за подоброто утре, делејки се што може да се подели на "своите", кои како заложници на неправдата која со нив се чини кон остатокот од народот, на сет глас ја величаат власта ( читај неправдата).
Поздрав до големото Уво - нека не се грижи за државата - нјие се грижиме за неа, тоа нека си го тера бизнисот.
Од: dedo dimo
Датум: 14.07.2010 14:28:17
Gospodinot Fyere e vo pravo, sekoj Makedonec saka vo EU. Ali isto sekoj Makedonec saka so Imeto MAKEDONIJA,zatoa shto toa se sme site nie a sto sne nie e i MAKEDONIJA .Znachi neshto shto nemozi da se odvoi i kolku pobrgu Kojobashiite vo EU ke go svatat toa ,tolku pobrzo Makedonija ke vlezi vo EU.
Од: jas
Датум: 14.07.2010 15:18:06
jas mislam dega seto ova e judrma na vmro,siguren sum deka cel makedonski narod saka da bide vo NATO i EU.moja pretpostavkavka deka pret nomvri ke se smeni imeto i ke pocnat pregovori i ke padne vlasta i ke nema pari vo drzavat i ke barame pomos od EU posto ke bide tolku mizerno za zivenje vo nasata drzava.