На портите од планинарските домови среде туристичка сезона се ставени катанци
БИТОЛА - Националниот парк „Пелистер“ е под клуч?! Оваа вест можеби на прв поглед ќе прозвучи како шега, но, сепак, е вистина. Како може поинаку да се гледа на фактите кога среде туристичка сезона, кога домашни и странски туристи посакуваат престој и уживање на чист воздух, на портите од планинарските домови се ставени катанци.
Ова се случува со планинарскиот дом на Копанки во кој за малку пари
може да се преноќева, но и во домот на Големо езеро. Домот на Копанки располага со над сто легла, а на Големо езеро можат да преноќат околу четириесетина гости. Ноќевањето чини од 100 до 200 денари. Тие се затворени преку неделата и работат само за викендите. Престојот во работни денови е можен само со претходна најава.
Ваквата ситуација можеби не би била проблем за домашните туристи, но што е со странците? Под клуч е и единствениот информативен центар на Пелистер или објектот кој е попознат како „Вилата на Лазо“.
На Пелистер доаѓаат се' повеќе странци. Од Националниот парк потврдуваат дека најмногу посетители има од Австралија, Израел, Турција, Америка, но и од Велика Британија.
Желбата за летување и уживање во убавините на Пелистер е можна само ако се одврзе ќесето за хотелот „Молика“ или за дел од приватните хотели изградени во подножјето на планината.
Со планинарските домови управува спортско-планинарски клуб, а со најголем дел од објектите во паркот не стопанисува Националниот парк „Пелистер“, иако се лоцирани во заштитениот дел на планината.
Еднакво се разочарани туристите, планинарите, вљубениците во природата. ,,Доаѓаме од Сиднеј по 25 години. Сакавме на децата да ја покажеме Македонија, да ги прошетаме низ Битола, да одиме на Пелистер, да пешачиме до врвот и езерата и да преноќиме во планинарските домови. Понесовме и вреќи за спиење, храна, се' што сметавме дека е потребно. За жал, моравме да се вратиме во Битола уште истиот ден. И домот на Копанки и домот на Големо езеро беа затворени“, раскажува Мајкл Таневски од Австралија, со потекло од демирхисарското село Илино.
Планинарите од Битола не паметат планинарските куќи на Пелистер да бидат затворени во екот на летната туристичка сезона.
„Со децении сум на Пелистер. Никогаш не се случило да бидат затворени сите објекти во текот на неделата. Ние, планинарите, не сакаме да ноќеваме во хотели. Ги сакаме домовите, сами да подготвиме чај од планински билки и да направиме храна. Во тоа е убавината на планината. Ама, ете, годинава ништо не функционира“, се пожали искусен планинар од Битола.
Единствениот објект со кој стопанисува Националниот парк „Пелистер“ е Информативниот центар или попознат како „Вилата на Лазо“. Но, и тој е затворен. Од управата на паркот велат дека Центарот се' уште не е опремен и не може да го користат туристи. А плановите беа сите информации потребни на посетителите за престој на планина да се добијат токму на ова место. И не само то��, туку да бидат ставени на располагање и планинарските водичи и службата за спасување.
„Информативниот центар летово не е отворен затоа што нема опрема. Мебелот се изработува. Се планира кујна, библиотека, сала за состаноци. Се надеваме тоа да биде готово до крајот на јули“, изјави Сашо Мицевски, директор на Националниот парк „Пелистер“. Инаку, „Вилата на Лазо“ целосно беше реконструирана пред две години, со средства на Швајцарската агенција за развој и соработка.
Тоа дека функционирањето на планинарските домови не стои како што треба увиделе и од управата на Националниот парк. Директорот Мицевски вели дека цела година чекаат Владата да одлучи за планинарските домови дали, конечно, ќе им бидат дадени на управување на националните паркови или со нив и натаму ќе раководат спортско-планинарски друштва, кои едвај опстојуваат со пари.
„Уште лани побаравме да ги добиеме домовите на Копанки и Големо езеро. Засега нема решение. Одлуката ќе биде заедничка, најверојатно, за сите планинарски домови во државата. Тие се на државен имот, а само се дадени на користење на клубовите“, објаснува Мицевски.
Од спортско-планинарското друштво „Пелистер“ од Битола велат дека ова лето работата на домовите не е ништо поразлична од претходните години. Копанки работи секој ден, но признаваат дека се прават и исклучоци. Како и тоа дека секој што сака да престојува во домовите во текот на работната недела треба да ги покрие трошоците на домарите. Тоа еднакво важи и за домашните и за странските посетители.
„Ако некој сака да дојде во планинарските домови, треба да се најави во клубот. Од петок до недела на домарот му плаќаме дневница, а во делник треба да му платат посетителите“, изјави Димче Попов, претседател на спортско-планинарското друштво „Пелистер“ од Битола. Според Попов, Националниот парк не може да бара владение врз домовите, бидејќи нив ги градеа планинари и општината. (А.Б.)
sto gradea,,komunjarive'' ovie ne mozat ni da go odrzuvaat.s t r m o t a
Од: site nas
Датум: 14.07.2010 03:47:28
Mizerija...Ima li normalen zivot vo ovaa drzava,vekje/za nas-normalniot zivot stana "luksuz"...a,ne bese taka do pred nekoja godina...Razmisluva li nekoj vo ovaa drzava so glava ili samo so dzepovi...se iskrade se shto mozese,se unisti,se zatvori...pa pomina vekje privatizacijata na koja site se pravdaat?znaci,ne ne biva...i ne ni se vinovni ni strancite,ni 'neprijatelite",ni sosedite...sami sme si vinovni shto sme na ova deredze...Do vgodina dlaboko kje razmislam dali da doagjam voopsto vo star kraj...zasto ne go prepoznavam vekje...
Zalosno
Од: Јован
Датум: 14.07.2010 03:59:19
Ми е криво што најсилниот туристички адут што го има Битола е управуван од страна на оние кој најмалку знаат за бизнисот и неговиот развој. И тоа сред лето се истврдоглавија „управниците“. Дај отворете ги вратите молам, не се глупирајте.
Од: jimmy1
Датум: 14.07.2010 06:57:09
Pa sve ni e pod kluc. Ona sto nee pod kluc e pod e pod kontrola na vladinite aramii, isto kako da e pod kluc.
Од: stojan
Датум: 14.07.2010 07:22:41
Upravata znae samo molikovi drva da se sece i da se polni so pari za se drugi tie ne se vinovni,Pelister se unistuva vo kontinuitet poslednite nekolku godini,nema skijanje,nema smestuvanje po domovite koi se pred propast,patot do pelister e vo ocajna sostojba i uste mn mn ima da se pisuva za unistuvanjeto na pelister.
Од: bitolcanec
Датум: 14.07.2010 07:29:13
sramota e za ovaa mizerna vlada da dava ogromni sredstva za skopje,zicara i spomenici a nema nekolku iljadi evra da investira na Pelister.Za zicarata se potrebni samo 15 000 evra i zamislete tie ne gi davaat.pa zarem ovaa drzava raboti samo za interesite na skopjani?
Drugite gradovi treba da gi ispustime?
rezil neviden.sramota za ovaa vlada
Од: Лазо Стефанов
Датум: 14.07.2010 07:58:15
Ете уште едно поле на јавни инвестиции со поари од Буџетот - изградба на планинарски домови и нивно мрежно поврзување.
Од: Goran BT
Датум: 14.07.2010 09:02:56
@marjan.pp Очигледо претходно не си престојувал во планинарските домови на Пелистер. Колку јас што знам од секогаш планинарските домови работеле за време на викенд но не и за работни денови.
Помош за сите што имаат проблем како нашите гости од Сиднеј:
http://www.facebook.com/pages/Planinarski-dom-KOPANKI/360589456574
Од: Учо-Гостивар
Датум: 14.07.2010 09:28:32
Добро е што почнаа јавно да признаваат.Изграденото не можат да го одржуваат,а градат вобарок стил.
Од: hans
Датум: 14.07.2010 09:43:49
...tazno, navistina tazno. Bitola nastojuva da se promovira kako vazna turisticka destinacija, a NP Pelister i odmognuva vo seto toa. Uste pozalno e sto bea izbrkani mnogu stranski donatori (pred se SDC) koi sakaa da i pomognat na Makedonija, posebno na NP Pelister, no... tazno i zalosno
No od druga strana se nadevam deka secata na molikata dobro odi i rabotata na pilanite, neli?!?
Uzivajte dodeka mozite, no ne za dolgo!
Од: Сашко
Датум: 14.07.2010 11:50:32
Видоа дека не можат да ја сакатат моликата, па удри клуч на врата. А кога некој сака да ти дојде на гости а ти му ја затвораш вратата, тој веќе не се враќа. Можеби тоа е и целта, да одат во Банско или на Златибор :(
Од: Saso
Датум: 14.07.2010 12:36:17
Saso ne e zainteresiran za Pelister. za nego vazno e da raboti negovata privatna gradezna firma. Bitola" nema" sumarski inzinjeri
Од: Big Mac
Датум: 14.07.2010 13:13:43
Sto gradea "komunjarite", nemozat da dokradat 20 godini, ne da odrzuvaat !
Од: terezija
Датум: 14.07.2010 14:36:42
Eeeh... Marjane, tochno taka ! Neki novi Talibanci (nashi Balkanski) t.e. "porerodbenicite" na Kajzer-cheto fon Grujo - Egejcki (itoa Prvi..). Mizerijaaa.
Од: bitola17
Датум: 14.07.2010 16:35:32
kako ljubitel na planinata mozda malku poveke me pogodi ovoj tekst.da se kritikuva ovoj onoj e najlesno,se nema pari i toa e toa.Zalosno e sto investiciite se poisplatlivi vo gradenje garazi i tocenje pivo,no toa e nashata kultura.Za pivo i benzin mora da se ima.Za sport ne sme dorasnati seushte.i onie malku klubovi od komunisticka jugoslavija se upropasteni,nema sponzorstva.Sepak reshenieto treba da se bara vo opshtina bitola,skopje nema nikakov interes.Ima li nekoj sposoben selanec u toj grad veke,ionaka graganite si otidoa,pa da isforsira eden projekt za ozivuvanje na planinata? a i da go ima,seljachistata prvo ja gledaat sopstvenata polza..epa nazdravije dragi sogragani-kupete si shatori..samo barem plastikite i gubreto soberete si go na beganje...
Од: snajper
Датум: 14.07.2010 19:40:18
i uste edna od site lagi i farbanje oci, povtorno se raboti za nacionalizacija na zemjisteto za potoa da ne se izgradi nisto, a seto da e zadskrieno so investicii i privatizacija.. grujo revnosno go prodolzuva toa sto go pravese branko.. togas bese transformacija sega e prerdoba, sto vo sustina e ista rabota samo prevedena na Makedonski