Број 3332  среда, 14 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Поглед

Ништо лично со Мизо

Соња Маџовска

Зошто новинарите секогаш се виновни за се'? Зошто политичарите и директорите, особено на државните институции, не можат да разберат дека додека се на јавна функција, мора да даваат отчет и за успешно сработеното и за неисполнетите ветувања?

Ако е нешто добро, и да сакаш - не можеш да го критикуваш, но ако е нешто лошо и нереализирано, па не може да се правиме дека не го гледаме. Едно нешто што е проблематично кај политичките фигури и што ги прави незрели за функцијата е тоа што мислат дека оној што ги критикува има нешто лично против нив. Зошто не сфаќаат дека утре, кога ќе си заминат од функциите, ќе бидат неважни за јавноста и никој за ништо ниту ќе ги критикува ниту ќе ги фали, освен нивните најблиски дома.

А деновиве директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Виктор Мизо, токму така се однесуваше, нервозно и лично. А го прашавме само колку економско промоторски места укинала Агенцијата, колку промотори се повлечени и какви препораки им дале при нивната последна посета на Скопје во трката по странски инвеститори по светот?

Прашањата не беа лични. Ниту го прашавме директорот Мизо што прави во своето слободно време, ниту каде излегува, ниту со кого се дружи, иако јавноста сака и вакви пикантерии да слушне за приватниот живот на нашите политичари. А токму од Мизо се очекуваше да биде поинаков во пристапот кон јавноста, со оглед на тоа што голем дел од својот живот поминал надвор од земјава. А во почетокот на неговото директорување со Агенцијата и навидум беше таков, се' додека не стана јасно дека ништо не оди со инвестициите. Е, после новинарите биле виновни што пишуваат постојано дека и по четири години, не доаѓаат инвеститори и тоа што работата на задолжените да ги донесат во земјава не може да се види.

 


#
Статијата е прочитана 2039 пати.

Испрати коментар

Од: marjan.pp
Датум: 14.07.2010 01:07:05
abre lugje mizo e ,,izgubena cestitka'',zalno e za makedonija sto vakvi licnosti ne vodat.Uste kako pojava koga ke go vidat ,,investitorite'' fit fidelija ke fatat
Од: Itar Pejo
Датум: 14.07.2010 08:18:06
Novinarite da prestanat negativno da pisuvaat za stranskite investicii. Treba da pisuvaat deka Makedonija e investicijski raj, deka vodena od premier koj sto e magister po stranski investicii, deka vo FYROM ima bezbroj industriski zoni. Eve kako treba da pisuvate.
Од: moment
Датум: 14.07.2010 09:08:01
човекот е изгубен во "преводот"...само штета прави и тоа е единственото добро што го прави
Од: Moris
Датум: 14.07.2010 09:09:21
Eee eve ima konkurs vo MNR za edno 50 lica .. Trae 5 dena. E taka li e vo Evropa samo 5 dena konkurs od koi 2 vikend.SRAMOTA posebno od ministerot Antonio MIlosevski kojse pravi golem Evropeec. SRAMOTA i za VMRO koja se krsti vo svojata programa a so finti na SDSM vrabotuva.
Од: b
Датум: 14.07.2010 09:19:51
Чуден е овој Утрински. Па какви одговори очекува од еден слеп послушник. Што ке им каже, што ке разберат. Ако има нешто да се каже, тогаш водачот излегува на прес, со сите наредени зад него, па се ке чуете, за ланскиот снег, за улогата на топлото време врз сексот наа комарците во Артикот и слично!
Од: vlatce
Датум: 14.07.2010 09:56:13
do marjan pp,vit videlija,ne fit fidelija
Од: Трпе
Датум: 14.07.2010 10:18:16
Нашиот ни пастир,могу љуби да се украсува со перја.Тој смета дека човек го прави надворешниот изглед.За него не е важна внатрешноста.Затоа се живо и диво носи во земјата што излегло надвор да си ја бара среката.Но кој ги собира,нормално овие кои не успеале надвор.Кој будала ке се врати ако има успеси надвор.Тоа е слично како што се фали со професорите на охридскиот универзитет кои се познати по некоја област ама не конкретно за ИТ технологијата по која го рекламират факултетот.Нашиот пастир,исмејуван поради вечерното училиште од Прилеп,ствара тим со перјаница од надвор со која сака да се кити.Но се е џабе,кога се гледа нивната способност.Барем во светот универзитетите и дипломите се класират.
Од: Sloven
Датум: 14.07.2010 11:52:22
Mizo ne moze da privlece ovci kon pasiste (bi mu izbegale),a kamoli stranska investicija.Na kraj krajeva,rabotata se poznava po delata.Ovoj vala bukvalno za nisto ne go biva.Tuka nekade e celata ekipa koja go postavila.Cemer,jad i beda. PS Ja znaete onaa izreka...Koj so deca si igra,se budi...
Од: mihajlo
Датум: 14.07.2010 12:04:30
Neznam dali da go branam covekot ili da go napadjam.Za nego nemozam nisto da kazam oti ne go poznavam nitu pak sum se potrudil da nesto razberam.Edino sto sakam da kazam se licno moi razmisluvanja vo odnos na ova prasane.Jas ne velam dali novinarite se nezgodni ili baraat vestici za da imaat sto da napisat da si ja opravdaat platata no nesto i kaj niv ne stima.Eve zasto: na direkno prasanje ,tesko e sekogas da se dade odgovor bez da se ima moznost za istoto da se obrazlozi.Ima prasanja za koi ne moze da ima odgovor so "da" ili"ne".Problemot so ovaa direkcija i nejzinite rezultati ne mozat da se efektuiraat za period za koj nie sakame da imame rezultati.Problemot e vo nesto drugo.Smetam deka tie promotori ne si ja obavuvaat funkcijata za koja se plateni.Del od niv se posveteni na svoj licen biznis i tuka e problemot,a drugiot del otideni se nkako na izlet ili im pomagaat na svoi prijateli ili rodnini da gi zapoznaat so zemjata vo koja sme gi ispratile.Problemot e tuka i toj moze da go
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 14.07.2010 13:05:16
Мизо? Па можно ли е вакви луге да не претставуваат и да им се доверат милиони евра за растурање и прочердување.Господе дај им ум ,инаку ќе ни дојдат до глава.Не знаат навистина што праат....Неуки а арогантни? Леле мамо...свирчиња недоделкани....

Најди! во Утрински
Насловна
„ЕвропеЈците“ во Владата ништо не ги загрижува
Скромна почит кон делото на св. Наум
Блескав старт на „Охридско лето“
Тиквешански
Лакавичката долина не стана Калифорнија
Шпанија ги дочека прваците на светот
Свршувачка на концертот во Чикаго
По странски инвестиции - без компас
Националниот парк „Пелистер“ под клуч
Никој не се задолжува за одмор
Карикатура
Евроскептицизмот - инструмент на власта
И мажите и жените на иста возраст во пензија
Стил