Број 3397  сабота, 02 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Политика

Коњановски и СДСМ разменуваат „пријателски оган“

Макрадули го обвини Коњановски дека ќе оди на шетање, а со себе ќе ја понесе и сопругата

Министерот за одбрана, Зоран Коњановски, вчера се извини за гафот на опозицијата, која неговата посета на САД и на Канада ја окарактеризира како туристичка.

„Чувствувам за потребно да им се извинам на нашите пријатели од САД и од Канада за односот на дел од пратениците, кои работните средби со државниот секретар на САД, Роберт Гејтс, и со министерот за одбрана на Канада, Питер Мекеј, сенатори, конгресмени и со видни личности од САД и од Канада ги оквалификува како туристичка посета. Се надевам дека ова е изолиран случај и не е став на целата пратеничка група на СДСМ“, изјави Коњановски.

Сепак, СДСМ и вчера остана на ставот дека министерот, во услови на економска криза, патува „во туристичка посета на САД и на Канада, платена со државни пари“. Социјалдемократите го повикаа Коњановски да одговори на неколку прашања:„ Зошто со себе ја носи и својата сопруга? Зошто претходно официјалните лица од Канада два пати му ги одбиле барањата за посета? Зошто троши 75.000 евра народни пари за изнудена посета? Зошто кога на професионалните војници не им се плаќаат дневници, кога нема средства за опрема и за униформи се трошат народни пари за екскурзии на Коњановски и неговата сопруга?“

Потпретседателот на Собранието, Јани Макрадули од СДСМ, завчера на седницата за пратенички прашања го критикуваше министерот дека ќе оди на шетање и ќе престојува во луксузни хотели, а со себе ќе ја понесе и сопругата. Макрадули го обвини Коњановски дека за ова „празно патување на кое ќе го следи десетчлена делегација ќе бидат потрошени 75.000 евра од државната каса“.

Шефот на одбраната негираше дека агендата на неговото патување била празна и додаде оти делегацијата ја сочинуваат шест претставници од Министерството за одбрана и тричлена новинарска екипа.

„Зарем сметате дека не треба да се оди во официјална посета на САД? Во САД ќе имам работна средба со државниот секретар на САД, Гејтс. Во тие три дена ќе имам средби со тројца сенатори и со еден конгресмен. Средба и прием во НДУ, во Белата куќа и во Пентагон. В четврток ќе престојувам во Отава каде што имам официјална работна средба со министерот за одбрана на Канада, Мекеј. Една вечер ќе имам средба со нашите иселеници“, изјави Коњановски. Притоа најави дека преку сите медиуми ќе информира каде ќе патува и во какви хотели ќе спие. „Во исто време ќе се потрудам да испратам известување каде спиеле моите претходници и колку плаќале за тие хотели“, одговори Коњановски.

Коњановски во САД и во Канада ќе биде придружуван од началникот на Генералштабот на АРМ, Мирослав Стојановски. Средбата со Гејтс треба да биде средба од највисок ранг на македонски функционер со оваа американска администрација. Коњановски очекува да биде отворено прашањето за членството на Македонија во НАТО, пред самитот на Алијансата во ноември во Лисабон. (О.В.)


#
Статијата е прочитана 1017 пати.

Испрати коментар

Од: Moris
Датум: 02.10.2010 12:56:58
PA i karatta da si ja plati gospodgjata zenanaminister toa e okolu 1500 evra, a spienjeto ako si goplatii toa e 150 d0lari znaci Konjanovski ke se potrosi od budzetot negov domasen mnogu.A da ne zboruvam ako gospodgjata zenanaminister malku trgne na soping sto e karakteristicno za site zeni togas treba konjanovski da spremi okolu 3000 dolari.Dobro nesto ke pokrie so kompenzacija od dnevnicite a nesto i zastedil. Sreken pat i ubav provod.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 02.10.2010 13:10:59
Кој не би посакал ваков ,,туризам,, да се сретнеш со министри за одбрана на САД и Канада и да се лафи за атлантските интеграциите.Туризам првокласен а богами и одсонуван за опозицијата. Пак беа фатени во лага неможниве од опозицијата кој тврдеја да ќе се престојува во елитни скапи хотели а медиумите објавија да ноќевањето е од 90 евра.Пандемија на лаги бетер од пандемијата на птичји грип.
Од: Феличита
Датум: 02.10.2010 14:14:58
Среќко,не знаев дека во САД и Канада се плаќа во евра!
Од: нормален
Датум: 02.10.2010 16:48:21
Јас ја знам причната за патувањето на нинистерот со сопругата во САД&Канада.Се работи за визионерството на Паско Кузман и спречувањето на 3-та светска војна.После оваа изјава со непроценливо значање за светот,министерствата за одбрана на САД&Канада(на нивно барање)ги повикаа министерот Коњановски со сопругата за изготвување акционен план за спречување на 3-та светска војна.

Најди! во Утрински
Политика
Што мислат Албанците за плоштадот „Скендербег“
Судските одлуки на поправен во Стразбур
Нашинците против преговори за името
На новата хирургија фрчат закани
„Меѓаши“






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma