Доколку во јавноста изнесат каков било податок за деловното работење, вработените на новата Клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар може да добијат казна или дисциплинска постапка. Вака им се заканувал в.д. директорот Реџеп Селамни на вработените од новата хируршка клиника. Пред три дена на огласните табли осамнала наредба со која на сите вработени им се забранува неовластено изнесување за деловното работење на клиниката. Ваквата наредба дојде по прес-конференцијата на ортопедите на која тие информираа дека оперираат со зајмени хируршки материјали. За ваквите закани, лекарите го пријавиле случајот и во Хелсиншкиот комитет за човекови права. „Не станува збор за закани, туку само ги информирав вработените дека откривањето деловни тајни е незаконско и ги потсетив на обврските од Колективниот договор“, ни изјави д-р Селмани. Изјави во јавноста може да дава само тој или лице кое тој ќе го овласти. (Ј.Ј.)
Што се подразбира под деловна тајна?Претпоставувам работна тајна.Ако згрешат во работата и од таа работа умре пациент,да не се дознае вистината.Кој работел по грешка.Браво,се откри топла вода.А можеби и за трошење недозволени средства.Погрешно работењ,трошење народни пари.Браво,откривме дека водата може и да се лади.