Број 3397  сабота, 02 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Политика

„Меѓаши“: Партиите да ги поштедат децата

Емитување на маките и судбините на децата предизвикува голема болка кај нивните најблиски. Тоа, исто така, претставува и траума за децата, кои ги следат овие спотови како гледачи. Тоа е дополнителна виктимизација и стигматизација на децата во медиумите. Медиумите треба да одбиваат емитување платени политички пораки доколку во нив се врши (зло)употреба на децата за политички цели. Во политичките спотови не смеат да се користат деца за партиски цели, порачуваат од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“.

Според нив, сите политички партии треба да го гарантираат спроведувањето на Конвенцијата за правата на детето и да се залагаат за спречување на кршењето на правата на детето.

Во Република Македонија се' уште не постои соодветна законска регулатива што посериозно би ги заштитила децата од политичката (зло)употреба. Одредбите на Конвенцијата за правата на децата не се доволни. Сите политички партии треба сериозно да внимаваат, кога се обраќаат до јавноста преку платени политички реклами, велат од „Меѓаши“.

Политичките партии треба да се грижат за потребите и за интересите на децата и да ги вградат во предизборните платформи, но не смеат да ги (зло)употребуваат со тоа што ќе ги вклучат во своите видеоспотови, билборди и митинзи. Собранието на Република Македонија ја има ратификувано Конвенцијата за заштита на детските права и поради тоа децата треба да бидат исклучени од секаква политичка (зло)употреба.

Од „Меѓаши“ ги замолуваат медиумите да одбиваат емитување платени политички пораки доколку во нив се врши (зло)употреба на децата за политички цели. „Очекуваме сите политички партии да го гарантираат спроведувањето на Конвенцијата за правата на детето и да се залагаат за спречување на кршење на правата на детето“. (Д.Р.)


#
Статијата е прочитана 474 пати.

Испрати коментар

Од: Stojko
Датум: 02.10.2010 13:55:38
pretsedtel na Megasi, bivs asistent po odbrana i zastita, kako i sekretearkata na zdruzenieto, ako ne se lazam, sopruga na pretsedatelot, nisto ne rabotat konkretno, samo od vreme na vreme , ke iisfrlat po nekoe soopstemnie. Neka se zafatat so edna konkretna akcija. Na primer, vo koordinacija so polocija neka gi sobiraat maloletni pitachi i peraci na stakla po semaforite , i neka gi nosat vo dom, skolo , internat ili slicno.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 03.10.2010 09:01:43
Море Стојко каква врска има стручната спрема на преседателот на Меѓаши со мизерниот спот.Инаку ако не си информиран твоите се поправија и наново го измоделираа спотот.А сето ова направено по жестоките критики.Абе еден спот неможете да направите а да не предизвикате бес кај населението,а ваму се спремате за водење држава,како се знае.Како со спотот.

Најди! во Утрински
Политика
Што мислат Албанците за плоштадот „Скендербег“
Судските одлуки на поправен во Стразбур
Нашинците против преговори за името
Коњановски и СДСМ разменуваат „пријателски оган“
На новата хирургија фрчат закани






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma