Број 3397  сабота, 02 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Политика

Што мислат Албанците за плоштадот „Скендербег“

Светлана Унковска

Дали јавната дебата може да ги отвори сите прашања што се наметнуваат деновиве околу изградбата на плоштадот „Скендер-бег“? Дали отворено и искрено ќе се проговори за тоа колкава е потребата од уште една монументална градба во време на економска криза кога за тоа на цел глас се критикуваше проектот „Скопје 2014“. Дали овој грандиозен плоштад од левата страна на Вардар, дефинитивно, ќе значи етничка поделба на Скопје?

Дали буџетските пари треба да се трошат, а не да се користат за проекти што имаат партиски цели. Примерот со проектот на ВМРО-ДПМНЕ „Скопје 2014“ беше осуден како проект што ќе предизвика меѓуетнички тензии и ќе го подели градот, а сега визијата на главната владејачка партија ја следи нејзиниот коалициски партнер ДУИ.

„Скопје 2014“ беше дочекан со лавина критики и остри напади не само од политичката и експертската јавност од албанската заедница туку против него беше голем дел од македонската јавност. По првите жестоки осуди поради моноетничкиот карактер на овој проект на албанските политички партии и јавноста се приклучи и македонската политичка и експертска елита, која се противеше на градењето црква на плоштадот, особено поради тоа што не се планираше и џамија.

Сега се очекува дебатата за „Скендер-бег“ да ја надмине етничката рамка, а јавноста е исправена пред предизвикот за принципиелност во забелешките и во осудите. Засега се тврди дека на него не се предвидуваат споменици, односно содржини од моноетнички карактер и дека овој плоштад наместо да ги дели, ќе ги спојува граѓаните од сите етнички заедници. Но, самото именување на плоштадот „Скендер-бег“ веднаш упатува на создавање простор наменет за граѓаните од албанската заедница, а со тоа и на создавање етнички поделби. Оттука се раѓа и сомнежот дека единствената причина за замолчувањето на ДУИ и тоа што Комитетот за меѓуетнички односи не ја отвора дебатата за „Скопје 2014“ е поделбите на проектите. Сомнеж фрла и фактот што се повторува истата сцена кога едниот коалициски партнер го промовира проектот, а другиот тврди дека ништо не знае.

Градењето два плоштада ќе го одрази актуелниот миг во општеството каде што наместо државата да создава мултиетничност, се промовираат паралелни светови. Албанските интелектуалци што ги контактираше „Утрински весник“ се поделени во оцените за изградбата на плоштадот. Некои воздржано, некои отворено проговорија за тоа што ќе продуцира овој проект на ДУИ.


Даут Даути, новинар и публицист
Добро замислен проект

Ако „Скопје 2014“ е владин проект и се реализира преку Општина Центар, не треба да има ништо спорно еден ваков проект, каков што е плоштадот „Скендер-бег“, да го реализира Општина Чаир. Сметам дека Владата на ист начин како што го поддржа „Скопје 2014“ треба да го поддржи и плоштадот „Скендер-бег“. Потребно да се уреди тој простор, кое е тесно грло на градот, а замислата е да се спојат тие простори со надвозник од Старата чаршија до МНТ. Со ова и чаршијата ќе заживее, пристапот ќе биде многу полесен и ќе има една послободна комуникација. Во таа функција е добро замислено, затоа што овој простор ни припаѓа на сите, а не само на Чаир и на Центар. Во принцип, сум против моноетнички проекти и бев против „Скопје 2014“ каде што се испушти да се преслика реалноста на Македонија.


Алберт Муслиу, аналитичар
Оцртување на феудите


Прво, секое градење на такви монументални работи е позитивно во нормални околности и второ, тој дел е релативно неуреден, а е блиску до централниот дел на Скопје и до Бит-пазар. Но, за мене најпроблематичен е начинот на кој се донесуваат одлуките. И овој плоштад и „Скопје 2014“ се исклучиво начин на водење политики и државните приоритети се поистоветуваат со партиските. Не знам по кои принципи владејачките партии одлучиле дека ова се приоритите во Македонија и кој индикатор го користеле за тие проекти да бидат приоритетни во кризна година. Морам да кажам дека ова ме асоцира на еден паралелен начин на одлучување или создавање феуди каде што секој одлучува за своја цел. Тука, секако, имаме и поистоветување кога партиските стануваат државните стратегии.


Ким Мехмети, аналитичар
Вазалски однос на ДУИ


Мислам дека ДУИ го доби плоштадот „Скендер-бег“ со вазалскиот однос во Владата. Не можејќи да ги пласира своите идеи, ДУИ имаше два избора: да го прифати проектот на Груевски, кој се сведува на градење плоштади и на споменици, или да изгуби се'. По еден етнички плоштад, како што е „Скопје 2014“, се знае која ќе биде реакцијата, иако во него видов коректност и обид да биде заеднички за сите. Не мислам дека „Скендер-бег“ ќе го продлабочи меѓуетничкиот јаз, бидејќи тој и не може да биде подлабок отколку што е сега. Овој плоштад, кој ќе преминува преку булеварот, само ќе ја коригира грешката на тоа што се направи со плоштадот на Груевски. Ние трошиме премногу енергија за тоа кој прв почна, но поважно е тоа што Груевски продолжува со својата антиалбанска, антиевропска и анти НАТО политика.

Хасан Јашари, социолог
Одговор на „Скопје 2014“


Ова е резултат на погрешните чекори што се влечеа со „Скопје 2014“ и е компромисно решение за мир во куќа од страна на коалициските партнери. Мислам дека тоа не е производ на реалните потреби на населението имајќи ги предвид есенцијалните проблеми на граѓаните за храна, здравствена заштита, образование, домување итн. Од друга страна, сметам дека е потребно за релаксирање на меѓуетничките односи, иако тоа се сведува на – еве, вие од десна, ние од лева страна.

Мислам дека во иднина ќе треба со процес на интеграција да се надминат овие моментални екстремизми и на крај, сакам да верувам во тоа и оптимист сум дека луѓето, сепак, ќе ги надминат разликите и ќе се најдат на тие плоштади.

Авзи Мустафа, Унија на албански интелектуалци
Модернизација на Скопје


Плоштадот „Скендер-бег“ ќе биде во духот на она што се прави за модернизација на градот Скопје. Мислам дека овој плоштад навистина може да придонесе за зближување на граѓаните, бидејќи ќе ги спојува општините Чаир и Центар, ќе го спојува модерното со традиционалното, Стара чаршија, Чифте-амам со МНТ и новите проекции со овој плоштад. Од аспект дали ни се потребни вакви инвестиции во ова време, можеби би размислувале поинаку. Но, кога се трошат над 200 милиони евра за плоштадот „Македонија“, може да се потроши уште една четвртина од таа сума за да добиеме нов лик на нашиот град. „Скендер-бег“ ќе не' обедини и ќе овозможи типично мултикултурно и мултиетничко Скопје, какво што е во реалност.


Назим Рашиди, дописник на Би-Би-Си
И едните и другите можат


Првичните реакции што доаѓаа за плоштадот „Скендер-бег“ е дали такво нешто е потребно во време кога граѓаните имаат многу побитни потреби. Бидејќи работите се поставени во друга димензија, се' се сведува, условно кажано, на зошто „едни“ можат да градат, а „други“ не. Зошто едните можат да го градат „Скопје 2014“, а другите да не можат да го градат „Скендер-бег“ кога буџетските пари се заеднички. Од овој контекст плоштадот „Скендер-бег“ ќе се смета како замена за неуспешноста на проектот „Скопје 2014“ да се претстави како нешто заедничко, туку како целосен моноетнички проект.


Артан Садику, аналитичар
Плоштади за партиски цели


Предлогот за изградба на плоштадот околу споменикот на Скендер-бег се експлоатира како за партиски цели на ДУИ, така и за подгревање на етничките тензии во Македонија. На него не може да се гледа како одговор на проектот „Скопје 2014“, бидејќи тој нема никаква историска содржина, туку е чист архитектонски потфат на дел од Старата чаршија. Но, именувајќи го овој проект со името на Скендер-бег, ДУИ се труди да се постави пред Албанците како истомерен градител на историјата во нејзиниот судир со ВМРО-ДПМНЕ. Во целата оваа приказна станува јасно дека за да опстанат на власт, партиите се служат со исти методи за креирање на националистичкиот фетиш преку кој се троши буџетот за градби што се во спротивност со социјалната катастрофа во Македонија.


Џабир Дерала, НВО „Цивил“
Непродуктивни проекти


Ако го гледаме од политички аспект, овој плоштад е една рефлексија на тоа што воопшто ни се случува во државата и што на крајно арогантен начин е наметнато од владејачките структури. Ако ја гледаме Македонија дека од економска, социјална и политичка позиција е на колена, со очигледниот криминал со „Скопје 2014“ се прашувам дали и проектот „Скендер-бег“ им треба на Скопје или на Општина Чаир, каде што се потребни едно чудо инфраструктурни зафати, справување со сиромаштијата и безбедносните предизвици. Зафати од типот на мегаломанското чистење на теренот и поставување инфраструктура со цел да се парира на „другата страна на мостот“ се непродуктивни и нема никому да му донесат корист.


#
Статијата е прочитана 3708 пати.

Испрати коментар

Од: hari
Датум: 02.10.2010 12:40:15
proektot od 2001 za podelba ne se ostvari za 5,tuku za15 godini i toa so pogolemi teritorijalni preenzii.Zatoa zemete si sto pobru bugarsko drzavanstvo bidejki i taka ke ne nema.
Од: Vojo
Датум: 02.10.2010 12:52:35
Vie raspravajyese tamu za pari a Ivica Konevski i Viktor Kamilovski si dojdoa vo Avstralija na Shopping na smetka na drzavata. Bravo kolku stop znamne bile na nikoja sredba vo edna avstraliska drzava.Se odnesuvale kako od Holivud da bile dojdeni.
Од: Силвестер. Сиднеј
Датум: 02.10.2010 13:13:10
Џабир Дерала во право сте. Темелно кажано. Вакви аполитички неопределени граѓани на кои општата благосостојба им е поважна од боите на својата партија, им фалат на оваа држава. Многу.
Од: makedonka
Датум: 02.10.2010 13:26:39
otvoretego grobo na skender beg i videte daneet prostym zastanat i ili prevrten od bolka deka go narekyvate albanec toj bese makedonec koj se borese protiv tyrcite
Од: Goran
Датум: 02.10.2010 13:54:07
Џабир Дерала, НВО „Цивил“ Непродуктивни проекти sekoja cest na gospodin DERBALA... vo ovie teski Ekonomski vreminja se frlaat pari nepotrebno a narodot nema leb da jade... pozdrav i Selam do site Realni lugje..
Од: SAFET
Датум: 02.10.2010 13:59:10
Do Makedonka, Makedonke toj se svrti vo grob od tvoite besmisleni zborovi i primitivizmot. Kade si procital ti deka Gjergj Kastrioti-Skenderbg bil Makedonec? Vo novata Makedonska enciklopedija? Gospodi bozje cuvaj ne od sekakvi primitivci. Na vas od Utrinski, ve molam tekstot da ne bide cenzuriran, 6 godini ve citam vo internet i nikogas ne reagiram no ova glupost ne mozam da go podnesam.
Од: mislitel
Датум: 02.10.2010 15:47:46
Vo prv pogled se iznesuva proekti za da pereme pari od drzhavna kasa,odnosno okomunalni buxheti.Vakvi ploshtadi, koi se gradat na tovar na imotot na katolichka, evreska iIslamska zaednici, mnogo e neblagodarno.Mnogo e losho da gradish vo vakev.Proektite so tudji istoriski spomenici mnogu e losho za identitetot na makedonija.Ovie takanarecheni prestavnici na Albancite, tie nese svesni bidejkji, se pod kontrola na komitite, koi rabotat za bugarizacija na Makedonija.Mnogu losho da se potceni figurata na Skenderbeg, koj beshe zashtitnik na Kristinizmot i negov figura e univerzalna.Jas kako albanec ne go podrzham ovoj proekt.
Од: tihi
Датум: 02.10.2010 16:22:50
Opstestvoto ne e podeleno od sega ,a najmalku ke bide so ovoj plostad.Toa si e proces koj si trae vekje podolgo vreme.I neznam za kakvi toa multietnicki gradbi zborite .Mozebi treba na Goce keche , a na Kastriot kachket da mu stavime za da bidat multietnicki.Ne digajte tenzija bez potreba.
Од: viktor
Датум: 02.10.2010 20:04:28
Pogolema glupost od zamislata za ovoj plostad ne sum videl.Ogromna povrsina, bez nikakva ideja , ke nemalo spomenici ke nemalo nisto samo prazen prostor.Pa sto ke pravat na tolkavo igraliste, paradi na Crvenata Armija so nuklearni proektili, ili ke ne sobiraat za docek na stafetata na mladosta?Edinstveno mozebi ako nie ne znaeme, a opstina Cair ima dogovor za iznajmuvanje na plostadot na Severna Koreja. Koj znae!!!
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 02.10.2010 21:14:35
Продолжуваат со поделбите...со цел...снемување на Македонија...ГАДОВИ.....
Од: Od Lexus
Датум: 02.10.2010 22:58:16
Koj rece deka nema pari vo Makedonija site komunjari se multi milioneri zatova se ligavat za dase vratat nazat da ja do oplacka drzavata ali sansite se mali oto narodot odlucuva a ne mediumite i prepagandata na sds koj raboti i ima ......
Од: Do makedonka
Датум: 02.10.2010 23:09:55
Bravo ,makedonke,titula BEG nosele Makedoncite,a Turcite bile vojvodi!!!!!!!!!!!
Од: Tome Stojanovski,dipl.el.ing.62god.tel.20 41 586
Датум: 03.10.2010 00:05:10
Safete,gledam se zestis na Makedonka ! Citaj Safete,citaj,ne tuku zemaj zdravo za gotovo sto Ti kazuvaat "tvoite" ! (I)Skender beg ili Georg Kastriot e ne samo albanski , makedonski tuku i srpski !!!! Pojdi Safete vo Albanija ke vidis se e napisno na staroslovenski jazik a toj nitu go znael nitu go zboruval albanskiot ! Arno ama sekoj narod saka svoi junaci vo svojata istorija a (I)Skender beg dal mnogu lugjeto da go pametat i da go vospevaat samo sto od negovoto vreme nema nitu edna pesna ili prikazna na albanski jaik ! Ama toa bile drugi vreminja pa lugjeto ne se delele na 'vie ' i 'nie' tuku na muslimani i kauri,a (I)Skender beg sepak bil kaurin primoran da se poturci no i pokraj toa se borel protiv Turcite oti od genot nemoze da se pobegne pa makar i stopati da ja menuvas verata ! Citaj Safete ,citaj, za da mozeme poarno da se razbereme !! Pozdrav,
Од: Do tome
Датум: 03.10.2010 06:13:30
Da ne sakas da kazes deka je i Barack Obama po poreklo od Stip ili od Kavadarce o Dr.FK.MK.Mag. ili nešto slično
Од: pizza_majstor do dipl_el_in
Датум: 03.10.2010 07:56:09
Koj bil skenderbeg i na koja nacija i pripagal odgovorot se naoga kaj stranskite istorichari, no isto taka se znae deka Martinus Barletius koj ziveel vo vremeto na skenderbeg napisal za nego, http://en.wikipedia.org/wiki/Marin_Barleti,
Од: ДУПЛО ПОЕФТИНИ СТАНОВИ
Датум: 03.10.2010 09:54:12
Нема да има поделен град ако се купи дупло пефтин стан во Чаир и околу. Близу до центар. Супер. Ова експертиве незнам што чекаат. Бог да чува која демагогија и сеење магла. Купи стан во Чаир и другите населби од таа страна.
Од: do safet
Датум: 03.10.2010 12:53:02
ajde ajde safete pa taka ne uci grujo aco nas skenderbeg nas tereza nasa,kleopatra nasa neli taka bese i vo socijalizmot neli vikavme taka neucese tito nie neznaemedrugcija i tie ludje vo toa vr najmnogudoguraa po2 opstestvana stana,vili na mavrovo,ubavi plati penzii,ajdebre....
Од: skopjanec
Датум: 03.10.2010 13:22:23
Do Makedonka-lele msn ste smesna mislam nemam koment za vas stvarno dobro e sto ne te znaeme licno oti ke se nasmeam koga ke te vidam na ulica..tolku primitivno razmisluvas
Од: usamk
Датум: 03.10.2010 15:48:07
Toa e uste edno od scenarijata na sdsm-dpmne za nacionalizacija na atraktivno zemjiste za stranski investicii i nisto drugo.. stalinizacijata da se izvrsi ete toa e seta rabota

Најди! во Утрински
Политика
Судските одлуки на поправен во Стразбур
Нашинците против преговори за името
Коњановски и СДСМ разменуваат „пријателски оган“
На новата хирургија фрчат закани
„Меѓаши“






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma