Број 3369  петок, 27 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Спорт

Во БиХ се става печат на пласманот на ЕП

Македонската кошаркарска репрезентација в недела во Сараево против БиХ го завршува квалификацискиот циклус за пласман на ЕП во Литванија 2011 година. Сите пресметки велат дека треба да се случи чудо и во случај на пораз да не го почувствуваме по трет пат вкусот на најголемото натпреварување на Стариот континент. Од проста причина што стоиме подобро, што е најбитно во кош-диференцијата, од оние што се борат за вторите позиции во останатите две групи. Некои работи требаше да станат појасни уште по вчерашните натпревари во тие групи.

Како и да е, Македонија, како што изјави селекторот Марин Докузовски, оди во Сараево по уште една победа над БиХ, која во Скопје беше совладана со 70:56. На тој натпревар се покажа дека сме далеку поквалитетен тим, иако во моментите кога Докузовски го заборави Мекејлеб на клупата противникот ни се доближи на само пет разлика. Сега такво олабавување не смее да се случи.

Во Сараево, како што е познато, нема да го имаме Тодор Гечевски, кој завчера беше успешно опериран. Фрактурата на носот не го спречи да настапи против Велика Британија, но сега зафатот не можеше да се одложува. Директорот на репрезентацијата Врбица Стефанов ни кажа дека Гечевски се чувствува добро и дека и тој со мислите ќе биде во Сараево.

„Еве, ме начекавте како излегувам од болница. Бев во посета кај Гечевски. Добар е, операцијата беше успешна. Жал ми е што му се случи таков пех, иако Унгарецот немаше намера“, изјави Стефанов. Како замена за Гечевски во БиХ ќе патува Златко Гоцевски. (Н.К.)


#
Статијата е прочитана 1181 пати.

Испрати коментар

Од: gospodin
Датум: 27.08.2010 23:39:21
ke gi utepame sea

Најди! во Утрински
Спорт
Ураганот од Њу Орлеанс
Стартот на ЕП - клучен за ватерполистите
Спорт на ТВ
Формула 1 продолжува од Спа
Динамо К. падна во Амстердам, Попов остана без ЛШ