Динамо К. падна во Амстердам, Попов остана без ЛШ
Фудбалерите на Ајакс по подолга пауза се вратија на големата фудбалска сцена обезбедувајќи пласман во Лигата на шампионите со победата над Динамо Киев, каде настапува и нашиот интернационалец Попов, кој спротивно од Холанѓаните, по подолго време ќе го пропуштат најквалитетното натпреварување.
Во првото полувреме на „Амстердам арена“ „копјаниците“ преживеаја благодарение на сјајни��т голман Мартен Стекеленбург кои во повеќе наврати спасуваше сигурни погодоци на украинскиот тим. Сепак, после шансите на Гусев и на Милевски, Ајакс почна да доминира на теренот и во финишот на полувремето стигнаа и до водство со голот на најдобриот поединец Луис Суарез.
Истата слика продолжи и во второто полувреме, а Ајакс со голот на на Ел Хамдауи на асистенција на Миралем Сулејмани ја круниса надмоќната игра. Во 83 минута Нинковиќ изнуди пенал кој го реализираше Андри Шевченко, но тоа беше се' од Динамо затоа што Ајакс ги издржа сите напади до крајот на мечот и по ремито во Киев обезбеди пласман во ЛШ по пет години - 2:1.
Фудбалерите на Тотенхем лесно дојдоа до Лигата на шампионите откако во реванш-мечот убедливо го совлада швајцарскиот Јанг Бојс со 4:0. Најзаслужен за триумфот беше Питер Крауч кој оствари хет-трик, а поддршка доби и од Џермејн Дефо.
Стартот од соништата за домаќините го овозможи Хенгбарт со голот во 9. минута, а кога на почетокот на второто полувреме Јелен зголеми на 2:0, навивачите на Оксер паднаа во делириум.
Фудбалерите на Копенхаген го искористија правилото на гол во гости и по поразот од 2:1 во првиот меч против Розенборг, ги совладаа Норвежаните со 1:0 што им беше доволно за враќање во Лигата на шампионите.
Плеј-оф за ЛШ
Тотенхем Јанг Бојс 4:0 (2:3), Ајакс - Динамо К. 2:1 (1:1), Жилина - Спарта П. 1:0 (2:0), Копенхаген - Розенборг 1:0 (1:2), Оксер - Зенит 2:0 (0:1). |