Формула 1 продолжува од Спа
По четиринеделна пауза, Ф1-карванот викендов го продолжува своето годинашно патешествие во Белгија на омилената патека на возачите во Спа Франкошан. Таа воедно е и најдолга со своите 7 км, на неа в недела од 14 ч. ќе се возат 44 круга, а со неколку прекини, од кои последниот во 2006 година, во воздушната бања на Ардените се одржува Големата награда на Белгија уште од 1925 година. Тогаш победи Антонио Аскари, со шест триумфи ��ајуспешен е Михаел Шумахер, а во дури 16 наврати во Спа славеше Ферари.
„Ја обожавам патеката не само поради тоа што тука победив во 2008. Мислам дека и' се радуваат сите возачи - волшебна е, брзините се големи и на неа се бара помалку даунфорс отколку на другите патеки“, ја опишува Фелипе Маса својата љубов ко�� Спа. |