24.10.2011, 18:09 Целиот државен врв го славеше денот на ВМРО
И годинава не се појави опозицијата која на празникот гледа како на партиско одбележување
Жаклина Хаџи-Зафирова
Со Свечена академија се заокружи овогодинешното петто одбележување на 23 октомври - Денот на македонската револуционерна борба. Државниот празник и годинава беше бојкотиран од опозици��ата со образложение дека се работи за партиски празник на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Централната прослава беше во Скопје, но празникот се одбележа и во Прилеп, каде што беа организирани повеќе манифестации. На локално ниво, празникот го одбележаа локалните организации на ВМРО-ДПМНЕ, некои од нив симболично со организирање турнир во мал фудбал.
Повеќето министри во неделата се поклонија и положија цвеќе на спомениците на Гоце Делчев и на Даме Груев, а речиси во исто време скромна министерска делегација се појави за да положи цвеќе пред тукушто промовираниот Споменик на загинатите бранители на Македонија во 2001 година, лоциран во паркот „Жена-борец“ спроти Собранието.
По положувањето цвеќе, министрите заминаа на доделувањето на државната награда „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историско наследство на Македонија.
„Дваесет и трети октомври не е само еден обичен ден. На овој датум во 1893 година е формирана организацијата што ќе го промени текот на македонската историја. Денес го прославуваме основањето на славното ВМРО и се сеќаваме на заложбите на татковците на организацијата, кои силно верувајќи во достижноста на слободата, решија да ги земат работите во свои раце и преку лична жртва да ја обезбедат македонската независност и достоинство. Поради тоа, 23 Октомври е ден што заслужува достојно одбележување - денес и засекогаш“, порача првиот парламентарец, Трајко Вељаноски, во обраќањето на Свечената академија по повод 23 Октомври, на која присуствуваше целиот државен врв.
Во својот долг говор, Вељаноски нагласи дека создавањето на ВМРО е можеби најважниот момент во македонската историја. Тој смета дека празнувањето на 23 Октомври е неопходно и затоа што тоа претставува најдобар начин државата да им искаже благодарност на сите припадници на ВМРО од 1893 до 1990 година, кои биле убиени, следени или лежеле по затворите.
„Основачите на ВМРО ни оставија една многу важна порака која останува вистинита и по еден век - никогаш не чекајте некој друг да ви ги реши проблемите. Решението лежи во нас самите“, истакна Вељаноски
Претходно, поширока владина делегација, во придружба на претставници од неколку институции, положи цвеќе пред спомениците на Гоце Делчев и на Даме Груев на плоштадот „Македонија“. Додека во паркот „Жена-борец“ министерот за земјоделство, Љупчо Димовски, придружен од својот заменик, Зоран Коњановски, дојдоа за да положат цвеќе пред новиот Споменик на загинатите бранители од 2001 година. На Споменикот се испишани имињата на вкупно 75 бранители што загинаа во конфликтот во 2001 година. Споменикот е изграден со одлука на Општина Центар и по идејно решение на скулпторот Киро Мукаедов.
„Десет тажни години од војната во 2001 година во која прерано загинаа нашите деца, сопрузи и татковци за одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија. Судбината ги откорна од нас и од радоста на животот. Нам ни останаа солзите, тагата, болката и спомените за најмилите“, рече Владо Стојанов, претседател на Здружението на семејствата на загинатите бранители, обраќајќи се во име на роднините. Тој се заблагодари за се' што направиле Владата и Собранието за семејствата, но очекува загинатите бранители во 2001 година да добијат статус на борци и постхумно да бидат прогласени за херои на Македонија, како и борците од Втората светска војна. Според него, досега се задоволени 98 отсто од барањата на роднините на загинатите бранители, а остануваат да се исполнат уште мал дел барања. За разлика од него, Марин Најдов од Здружението на бранители „Достоинство“ изјави дека бранителите се маргинализирани.
„Барањата за бранителите не само што не се остварени туку не се ни начнати за остварување. Тие и борците се најмаргинализирана група во оваа држава“ рече тој.
Годинешната државна награда „23 Октомври“ им беше доделена на професор д-р Томе Неновски, писателот Паскал Гилевски и на ликовниот уметник Коле Манев.
|
|
Статијата е прочитана 4426 пати.
|
Испрати коментар
|
|
neopredelena, 25.10.2011 00:33:29 | Makedonija e so sigurnost prva vo svetot vo edno: DRZAVA SO NAJVEKE PRAZNICI vo svetot! Verski i drzavni i so sila IZMISLENI, samo i samo da ne se raboti. |
| BRANKO TETOVO, 25.10.2011 03:04:32 | Veruvam deka istiov praznik se slavese i vo glavniot stab vo SOFIJA BUGARIJA a ne VERUVAM deka BUGARSKIOV PRAZNIK 23 OKTOMVRI se slavese vo KUMANOVO.TETOVO.GOSTIVAR.DEBAR. i zapadno od GRUMCIN. |
| BgMak, 25.10.2011 06:59:13 | Sreken 23 oktomvri
http://www.youtube.com/watch?v=2c8kfzvBGng&feature=related |
| Igor, 25.10.2011 07:46:34 | Do neopredelenata. Makedonija e so sigurnost edna od naciite vo svetot koja ima najbogata istorija. Makedoncite imaat sto da praznuvaat i da slavat. A na tebe ti preporacuvam da si najdes eden neopredelen i ti posakuvam da ne bides poveke nezadovolna, a ne neopredelena kako sto si napisala. Inaku eve link do nekoi fakti: http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_holidays_by_country |
| jimmy1, 25.10.2011 08:21:44 | Pa sigurno deka e partiski praznik, i toa praznik na bugarska partija koja gi likvidirase onie sto se zalagaja za Makedonija. Ne sum videl pogolemi gluposti od ovie sto gi pravat VMRO-ovcive, dzabe imaat zavrseno skoluvanje (((( ops dobieni diplomi na poklon))) koga ne e znaat nasata istorija. |
| mark do Igor, 25.10.2011 10:00:54 | I sto ako e edna od najstarite se zivee li od toa ako bese dobro nemase iljadnici da se poklonuvaat vo Sofija i da tvrdat deka se custvuvaat kako blgari ako se ziveese od istorija samo g.. narod se zanimava so istorija istorijata igore treba da se ostavi na istoricarite a taa nee nauka po mene taa e oblast kade sto se pisuvaat hirovite na tie sto vladeat nisto drugo denes Grujo utre nekoj drug i taka ke go d.. ovoj narod gladen za leb a se pali na gluposti koj mu gi servira vlasta za da opstane na vlast sto podolgo.Dali od denot koga pocna slavenjeto na 23 ima podobar standard ,zivot toa kazi a ne se vrakame nazad ko blesavi magarina i mislime deka svetot poteknuva od nas i kaj nas GLUPOSTI. |
| do mark, 25.10.2011 11:28:48 | Bravo be Mark. Glupav narod, se pali na praznici. A na sto da se pali, na grcka tragedija, na frustracija na SDSM,zasto nenavlast, na sto be, na evropski vrednosti, koi se be tie. Dosaden si i site takvite. Sto nudite be vie,znaete li voopsto za sto ste??? |
| do toj do Mark, 25.10.2011 11:57:28 | Megu drugite raboti grckata tragedija e edna od vistinskite vrednosti. A sto se odnesuva do evropskite vrednosti samo ........ covek moze da ne gi priznava. Cudna fela ste vie DPMNE. Postojano samo ja pcuete Evropa, a nitu ednas ne rekovte Eve ovaa donacija od vasa strana ne ja prifakame (se raboti za stotici i stotici milioni evra). Megutoa toa e tokmu vasata odlika. Opipliv primer e TAT. Patnaeset godini otekovte za golemata afera na SDSM narecena TAT, a vcera go nagradivte covekot koj bese direktno involviran vo taa rabota. |
| Komunjara, 25.10.2011 12:51:27 | A zosto nemame den na KPM-SKM, pa tie ja stvorija ovaa drzava, a ne VMRO. I toj praznik bi go slavele site nacionalnosti i partii, osven verovatno Grujo i negovite podanoci. Da se drzime do faktite, a ne emociite na momentniot vladatel, koi gi neverovatno izvrtuva rabotite, a nepismenite mu veruvaat. Oprosti im boze, ne znaat sto pravat. |
| cveta, 25.10.2011 13:01:33 | nemam golem komentar mnogu e malecok bravo za faraonot |
| Трпе, 25.10.2011 15:09:11 | Нормално и дека ќе го слават дпмне-овците.Овој празник може и да го именуват и како ден на кодошите или шпиуните.Вистинските ревулуционери загинале од вистинските лажни патриоти.А дали го славеа и овие на кои им се ветува минимална плата од 130 евра или нив работодавците ги експлоатира без да им платат како за празник,рачунајки го нормален работен ден а ќе излезе и ненормален поради работно време од 10 па и повеќе сати.За власта секој ден е празник,нивното конто се повеќе расте,се наградуват за сработените 24/7.Од уста не им излегува ова ЌЕ,Ќе,ќе.... |
| do Branko, 25.10.2011 17:17:48 | Vo istocniot sosed ne se slavese,bidejki ovoj praznik e samo makedonski. |
| zik, 25.10.2011 20:03:56 | komunjara greshi:ne im prostuvaj bozhe znaat
shto pravat. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 2°C
Облачно
|
Понеделник
Магла
Макс: 1°C, Мин: -7°C
|
Вторник
Сончево
Макс: 2°C, Мин: -7°C
|
|
|
|
|
|