24.10.2011, 18:20 Долги писма од сите страни до Брисел
По студентите, ректорите, пишуваат и спортски федерации, институти. Поимите Македонец и македонски јазик се длабоко врежани во свеста на сите
Жаклина Хаџи-Зафирова
Се вжештуваат реакциите околу неименувањето на македонскиот јазик во извештајот на Европската комисија (ЕК). По студентите, ректорите, сега и спортските федерации, институции, па дури и извесен неформален Сојуз на Југословените во Македонија му пишуваат на Брисел, протестирајќи поради избегнувањето на македонскиот јазик. Премиерот Никола Груевски веднаш по објавувањето на извештајот, остро реагираше поради изоставувањето на придавката „македонски“, за што во наредниот период се очекува и официјален одговор од Брисел.
Вчера со реакција се јави македонскиот ПЕН-центар. „Ги отфрламе и најостро ги осудуваме најновите негирања, притисоци, уцени и напади врз јазичниот, културниот и националниот идентитет на македонскиот народ изразени во извештајот на Европската комисија за Македонија, во кој прашањата од највисоко значење со невидена леснотија се прогласуваат за технички“, се вели во реакцијата на ПЕН-центарот. Според нив, се работи за уште еден пример за дискриминација на јазикот. Македонскиот ПЕН-центар бара од Европската комисија да ги има предвид и да ги почитува сите писма, апели, соопштенија и изјави во врска со ова прашање. И Неформалниот сојуз на Југословените во Македонија протестира поради неименувањето на македонскиот јазик во Извештајот на ЕК.
„Службениот јазик на Република Македонија е македонскиот. Тој, исто така, бил еден од трите официјални јазици на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Македонскиот јазик е јазик со огромна традиција и, меѓу другото, служел како основа на старословенското писмо“, нагласува оваа до денеска непозната организација.
Со свои реакции се јавија и спортските федерации, меѓу кои Ракометната, Фудбалската и Кошаркарската федерација, кои велат дека се навредени од ваквиот однос. „Се' уште се свежи спомените на штотуку завршеното Европско првенство во кошарка во Литванија. Нашите успеси на Европскиот собор звучно одекнаа во сите делови на светот, од устата на спортските коментатори од целиот свет кои не се штедеа да истакнат дека ’македонската репрезентација‘, ’Македонците‘, ’Македонија‘ прават вонсериски успех“, му пишуваат кошаркарите на еврокомесарот за проширување, Штефан Фуле. Во писмото нагласуваат дека знаат кои се и што се, и дека тоа се гледа на нивните дресови, факти што се неспорни и што ги прифаќа целиот свет, а треба да ги прифати и ЕУ.
Реакција стигна и од Струшките вечери на поезијата, чиј Управен одбор и Дирекцијата изразуваат длабоко несогласување со несфатливиот чин за, како што се вели, „брутално бришење на придавката ’македонски‘ од Извештајот на Европската комисија.
„Струга е синоним за зближување на народите и поетите. Десетици и десетици поети од светот се преведени на македонски јазик, со што е зачувано достоинството на нивните идеи и пораки. Но, и обратно, поетските вибрации на македонскиот јазик се присутни во светот преку многубројни преведени дела од македонски автори, особено песната ’Т’га за југ‘ од Константин Миладинов“, се нагласува во реакцијата на СВП.
И Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, како и Институтот за историја при Филозофскиот факултет најостро протестираат поради неупотреба на името на македонскиот јазик. „Македонскиот јазик е реалност, факт, службен јазик во државата Република Македонија, користен од околу два милиона говорители што живеат во државните рамки на Република Македонија, од Македонците што живеат во соседните држави: Бугарија, Грција, Албанија и Србија, како и од Македонците во дијаспората, не само на европскиот континент, туку секаде во светот“, пишуваат научниците. Осврнувајќи се на историските корени, тие нагласуваат дека од 1945 година, македонскиот јазик се изучува на сите нивоа на образовниот систем во Република Македонија. Според нив, поимите Македонец и македонски јазик се длабоко врежани во свеста на секој што живее на ова парче земја. „Бришењето на овие основни атрибути за нашиот идентитет значи бришење на колективната меморија. Ова што сака да му се протне на македонскиот народ низ извештаите на Европската унија е голем срам за Унијата и заобиколување, непотпирање врз научно потврдените факти“, се додава во реакцијата на Институтот за македонски јазик.
Според Институтот за историја, се работи за уште еден чин на отворено негирање на македонскиот национален идентитет и директен притисок врз Македонија за промена на нејзиното уставно име. Институтот за историја смета дека „приклонувањето на ЕУ кон Република Грција во поглед на наметнатиот спор со името не само што нема да го реши проблемот туку ќе ги влоши македонско-грчките односи“.
ТМРО ја повикува македонската Влада итно да ги прекине преговорите со Европската унија поради годинашниот извештај на Европската комисија за Македонија, каде што, според партијата, намерно и смислено се изостави терминот „македонски“.
„Со тоа се потврди лицемерството на ЕУ. Бесцелно е да се тежнее за влез некаде каде што очигледно сме непожелни, непризнаени и понижени“, вели претседателот на ТМРО, Ванчо Шехтански, кој додава дека Македонците се национално понижени и навредени од ЕУ. (Ж.Х.З.) |
|
Статијата е прочитана 1803 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Македонец, 25.10.2011 00:31:04 | Конечно обединети !!! |
| Nikola, 25.10.2011 06:34:32 | Но, и обратно, поетските вибрации на македонскиот јазик се присутни во светот преку многубројни преведени дела од македонски автори, особено песната ’Т’га за југ‘ - Eve go jazikot na Miladinovci - http://bkks.org/files/bnpesni.pdf |
| Богомил, 25.10.2011 06:44:44 | Место долгите писма, зошто на Филе и сите европратеници не им се испрати по еден размножен примерок од АТЛАСОТ НА СВЕТСКИТЕ ЈАЗИЦИ, отпечатен во САД пред осум децении, дело на светски лингвисти. Во семејсѕвото на СЛОВЕНСКИТЕ ЈАЗИЦИ, СВОЕТО МЕСТО ГО ЗАЗЕМА И МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК. Нека читаат малку и секако Филе и другите бриселски салонски парадери ќе научат нешто. |
| Kolega, 25.10.2011 08:18:36 | Што не ги наоштрите и вие во Утрински пљајвазите и плукнете во дланките и протријте ги и опнете едно писмо до Брисел. Можеби Шефот ќе ве засака повторно.... |
| ivan, 25.10.2011 10:07:53 | Vlada = VMRO= na spmenici,barok,anticki makedonci,ima slovenski jazik nema slovenski jazik vakvi sme takvi sme. E ni kazaa nikakvi sme i sega boli koga ne tegnat za usi. Jas se plasam ponatamu da ne ni udrat i nekoj samar.Ama nema gajle nie ke izdrzime neli sme izdrzale 5veka pod tursko i sme go zastitile nasiot jazik i identitet. |
| mark, 25.10.2011 10:08:35 | Ovie pisma nema da go zagrizat Fule ama ako pisi Kavrakov,Tale Ljube od veles so sogragjankata Makedonka onaa gledacka od Skopje Aleksandar od trijangla Onoj od Bituse so pecat na BUBAMARKATA e bogami neka mu se misli cela administracija vo Brisel toa kee zavrsniot udar i neka se slikaat stap ke ne vidat vo EU i NATO ke gi zaebeme do daska airlija nekae sekoja godina po 10000 jagnina a vidi bogati onoj pameten neke v...ovci saka jagnina pa tamo ke im pere mozok i ke gi vrakal kako ovci i seto taka vo krug tie ke pijat voda od padinite na Sara a nie nafta od ramnicite na katar da smenime malku nee na odmet. |
| do Mark, 25.10.2011 10:37:43 | So sakas be ti, koj si i od kade. Koj e jazikot sto go zboruvas i na koj pisuvas, imas li be ti ime, dusa i tatkovinaili si tolku nadmen, pa seto toa ne ti e bitno. |
| ФЕЛИКС, 25.10.2011 10:56:44 | Добри се писмата ама ете голема маана,биле предолги и многубројни.Сиротите ЕУ челници ќе требале да се помачаат ако сакаат да ги прочитаат.Абе за никаде сме,ги замараме луѓето од ЕУ а тие немаат време да дигнат глава од шашармите на јужниот сосед.Инаку некого кого ,,тегнат за уши,, добива позитивна оргазматична желба да тоа се продолжи,некој како нас повеќемината реагираме преку пишување писма и протестираме и т.н Интересантно што ваквото оргазматично доживување го имаат само дел од опозиционерите(45% од нив се бунат за промена името)а потоа пискотници до Река оти имало поделби на ,,патриоти и предавници,,. |
| Adem, 25.10.2011 11:32:21 | Sami ste si krivi, ednas velite deka ste sloveni, drugpat deka ste anticki grci i sto li ne drugo. Sega evropa veke neznae na koj jazik zboruvate, pa ete vi. |
| do Feliksovci, 25.10.2011 12:11:46 | Nikoj od vas Feliksovci da ni objasni nam na neupatenite kako toa koga onie predavnicite vladeeja za cel svet govorevme makedonski, a sega koga konecno nasite patriotite se na vlast go izgubivme jazikot. I sega najvazno bilo site kolektivno da placeme. Neli ke bese podobro voopsto da nemavme pricina za placenje. Ova me potseka na nekoe damnesno vreme. Nekoi moi kolegi od fakultet nemozejki vo Skopje da polozat ispit poradi profesorite koi gi mrazat, si gi zemaa dokumentite i pravec Prilep. E pa ajde i nie da si go zememe indeksot od Brisel i da go odneseme na drugo mesto (Katar, Kenija, Somalija, Venecuela ili na drugo mesto). |
| Od Canada, 25.10.2011 12:35:27 | Adem e vo (golema vistina) pravo!!!! |
| kole, 25.10.2011 12:42:59 | NAJNOVA VEST: FULE GO ZAGUBIL SONOT I APETITOT ISPOTRESEN OD PISMAVA!!! A be aj prestanete so ovie Milosevicevski gluposti-odjeci i reagovanja!? Se znae sto trba da se napravi-I KE SE NAPRAVI DRZAVAVA DA TRGNE NAPRED! Ako ovie ne znaat-ima koj znae! |
| Izlezi momce, 25.10.2011 12:59:10 | Dali toa od terasata pracaat pisma do Brisel i mu objasnuvaat za Solunskoto pole. Trazili ste - gledajte! |
| Goran, 25.10.2011 15:04:13 | Alo Nikola, znaes sto? Imam kopija od Shekspir na Francucuski... Kolku se glupi Anglicanive, pojma nemaat deka Shekspir bil Francusin... |
| Луда Мара, 25.10.2011 17:27:27 | Лудилото било заразно!Да знаев дека ќе ги префати ќе си седев во карантин! :0)) Проблемот е само што писмата се упатени на погрешна адреса!Негирањето на националниот идентитет и на јазикот се случуваше пред нашите очи,а беше пласирано од „Весели Цветови“б.б. и од организацијата „Антички Македонци“,чии членови нè убедуваа во „македонскиот“ идентитет на Александрос и Зевс (Зиус)!Им годеше можноста најпосле да си ги откриат своите корени во потеклото на антиката и да се прогласат себеси за епигони-дијадоси!Само така можеа да станат големи во сопствените очи!Токму овие личности,кои ја искривија сликата и перцепцијата за идентитетот,требало да бидат вистинските адресати!Ним требало да им се обратат,а не кон Брисел и кон Европската Унија! |
| do Adem, 25.10.2011 17:36:21 | Anticki Makedonci,a ne anticki Heleni.Togas i ne postoelo imeto Grci. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 4°C
Облачно
|
Понеделник
Делумно облачно
Макс: 1°C, Мин: -7°C
|
Вторник
Сончево
Макс: 2°C, Мин: -6°C
|
|
|
|
|
|