Број 3452  четврток, 09 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Економија

Ќе се задолжиме 480 милиони евра

Првата година ќе може да се искористат 400 милиони евра, а во втората дополнителни 80 милиони евра

Александрија Стевковска

Македонија ќе добие на располагање 480 милиони евра од Меѓународниот монетарен фонд во наредните две години, потврдија вчера шефот на Мисијата на ММФ, Вес Мекгру, и министерот за финансии, Зоран Ставрески. Одлуката за одобрување на кредитната линија за претпазливост на Македонија треба да ја потврди бордот на директори на ММФ во јануари следната година.

„Македонија е прва земја-членка на ММФ што го користи овој нов инструмент наменет за земји со здрави политики што немаат потреба од финансирање, но се соочуваат со ризици што би можеле да доведат до таква потреба. Кредитната линија е за две години, од кои во првата година ќе може да се искористат 400 милиони евра, а во втората дополнителни 80 милиони евра. Користењето на кредитот ќе се заснова врз одржување на буџетскиот дефицит во проектираните рамки за наредната година од 2,5 отсто од БДП и посветеност на следење на политиките за поддршка на девизниот режим на земјата“, најави вчера Мекгру.

Кредитната линија подразбира и редовни контроли на земјава од страна на фондот.

„За да може да се обнови кредитната линија, на секои шест месеци ќе се прави контрола за да се потврди водењето на здрава економска политика на властите. Не постојат критериуми или структурни репери за извршување на линијата како што ги има во стандардните стендбај-аранжмани“, додаде Мекгру.

Според него, кредитната линија е еден вид бек-ап, кој дава сигурност на земјата дека доколку дојде до негативни случувања, таа ќе има доволно средства што ќе може да ги повлече за да се зачува стабилноста. „Склучувањето на кредитната линија помага во зајакнување на довербата на инвеститорите и овозможува полесен пристап до средства на пазарите на капитал“, дообјасни шефот на мисијата на ММФ.

Мекгру додаде дека доколку работите се одвиваат како што се очекува, во тој случај Македонија нема да има потреба да ги повлекува средствата што ќе се дадат со кредитната линија за претпазливост.

Министерот за финансии, Зоран Ставрески, не прецизираше за тоа колку првично Македонија би повлекла од средствата од кредитната линија, бидејќи таа засега е само резервна варијатна за земјата, ако се има потреба, а не може на друг начин да се обезбеди финансирање. „Смислата на кредитната линија е да може да се повлечат средства доколку има потреба и во таа фаза доколку дојде до таква ситуација ќе одлучиме колкав ќе биде износот што ќе биде потребен, а тој износ може да се користи за сите буџетски потреби“, истакна министерот.

Ставрески смета дека парите од кредитот испраќаат позитивен сигнал до инвеститорите, а може да помогнат и во процесот на емитување еврообврзница, односно да ја спуштат нејзината цена. „Останува ориентацијата на Владата и натаму доколку има добри услови на пазарот на капитал, Македонија да емитува еврообврзница. Одлука ќе се донесе, како што рече, откако ќе се одобри кредитот и ќе се види како ќе влијае врз цената“, најави Ставрески.

На прашањето зошто сега се прифаќа договор со ММФ, а не минатата година кога беше екот на кризата, Ставрески објасни дека тоа се должи на новиот инструмент на оваа меѓународна институција за финансирање.

„Доколку не беше оформен тој нов финансиски инструмент, немаше да бараме пари од ММФ, бидејќи немаше да склучиме стендбај-аранжман. Сметаме дека со економските политики и сопствените сили може да се справиме со предизвиците“, додаде министерот за финансии.

Гувернерот на Народна банка, Петар Гошев, го оцени како добар договорот за користењето на кредитната линија.

„Оваа одлука значи директно соопштување до странските инвеститори и кредитори дека Македонија добива уште една потпора за обезбедување од евентуални можни ризици што би можеле да дојдат од опкружувањето“, рече Гошев. Според него, за монетарната политика ова е добар настан, поради тоа што се добива уште една алтернатива за екстерно финансирање. „Добиваме уште една алтернатива за сигурен влез на дополнителни девизни средства во Македонија, што значи многу посигурно и повисоко ниво на девизни резерви“, објасни Гошев.

СДСМ бара одговорно тр��шење на парите

СДСМ бара од Владата максимална одговорност во поглед на трошењето на парите и задолжувањето кон странство, особено на парите од новата кредитна линија со ММФ. Зоран Јовановски, потпретседател на партијата, упати предупредување за максимално одговорно однесување кон 480 милиони евра од новата кредитна линија. „Тие не се подарок, туку кредит и ќе треба да се враќаат“, рече Јовановски. Укажувајќи на владината најава дека парите од ММФ ќе се користат за финансирање на буџетските потреби, вклучително и за капитални расходи, Јовановски истакна дека тие треба да претставуваат резерва, а не да се користат за тековни потребик. (МИА)


#
Статијата е прочитана 618 пати.

Испрати коментар

Од: nekoj
Датум: 09.12.2010 12:26:06
Oh a kako toa? Neli tuka cela VMROvska masinerija bese protiv MMF, a sega ke ima kazat deka toa e dobro i sega site ke bidat za. Taka e toa koga na vlast dojde oloshot.
Од: borce
Датум: 09.12.2010 15:25:55
Na ovaa vlast i treba pari samo za spomenici od koj ne se zivee a za narodot kako bedno zivee bach im e gajle.
Од: srebre
Датум: 09.12.2010 15:26:14
da si vlegovme vo eu kako nova sega nepovratno ce ni davaa 1 milijarda godisno........no spored inteligencia na vmro ce sme bile so skrsena kicma...hahaha ama se pametni ama i so imeto kako i so mmf koga togas ce popustat ama nie si go krkame a toj i negova takfa ce se igrat togas biznismeni po bugarija.....
Од: Hari
Датум: 09.12.2010 15:54:42
Va vlast dojde olosot i toa e povece od ocigledno kade decata od ulica stanaa direktori i ja kockaat drzavata, no najgolemiot problem e sto narodot seuste gi tolerira i ne gi isprati vo istorijata ovie rasturikuci. Ne odi na izbori fraerot isto kako sto bega od duel so negovnata nocna mora.
Од: Johnny
Датум: 09.12.2010 18:21:19
Ohoohohohoo, Grujo i familijata trijat race.Da im dades na balkanskoto Mugabe i na pajtasite okolu nego 480 mlioni evra e isto kako da si im doveril na volci da cuvaat stado ovci.Nie i narednite generacii ke gi plakaat ovie enormni zadolzuvanja blagodarenie na izmamnickata prerodba i nesposobnata vlast.Ke plakame za partiskite vrabotuvanja na portokaloite,ke plakame za glupavite hirovi i nerazumnite trosenja na vlasta,ke plakame za kriminalnoto isceznuvanje na milioni evra vo navodnite investicii vo zdravstvoto,subvencioniranje na zemjodelstvoto koe e ednakvo na potkup i bez nikakov efekt i smislenost za dolgorocen razvoj,ke plakame za deseticite milioni evra bez fajde potroseni pari na Grujo za reklami na svojata propadnata politika (so sto vsusnost gi kupuva mediumite),ke plakame za smizli,lavovi,ke go otplakame vsusnost opstojuvanjeto na ovaa dlaboko kriminalizirana i dikatatorska vlast,ke plakame vo korist na sopstvenata steta .Znaci greskite na narodot navistina skapo se plakaat
Од: јас (Прилеп)
Датум: 09.12.2010 20:06:25
На здравје нека ни е!! И децата на нашите деца ќе ги враќаат долговите на овие ненаситни трошаџии !!
Од: Slovenija
Датум: 09.12.2010 21:41:29
Vo sekoja feudalna komunisticka drzava se pravele spomenici i grandiozni objekti zemete od Rusija,Romanija,Ukranija turkmenistan i mnogu drugi feudalni i diktatorski drzavi Taka da narodec Makedonski koga takvi raboti se pravat togash narodot gladuva i e zaslepen so vodacot no zalno e sto i nashite pokolenija ke treba da gladuvaat poradi denesnovo ni nashe opshtestvo

Најди! во Утрински
Економија
Чувајте ги фискалните, тие ве штитат од лошите трговци
Наместо вино, тиквешани ќе прават пиво?
Наредната година ќе закрепнеме
Првите мали хидроелектрани ќе ја стабилизираат струјата
Енергетските потреби во 2011 поголеми за 12 отсто
 

Bulgaria angry at France blocking Schengen entry
Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud