|
|
|
|
|
|
Наредната година ќе закрепнеме
Позитивните показатели што доаѓаат во последните месеци од статистиката, како што се раст на извозот и увозот, на девизните резерви, како и падот на каматните стапки, според премиерот Никола Груевски, покажуваат дека има позитивни придвижувања во сите области, а дополнителен сигнал е и тоа што приходите во буџетот ги надминуваат очекувањата.
„Тоа покажува дека кризата полека го губи здивот и следната 2011 ќе биде година на повидливо и позначајно заздравување од светската економска криза. Веќе во 2012 година се надевам дека земјата ќе се врати на старите патеки на висок економски раст како што беше пред почетокот на кризата“, изјави Груевски. Тој изрази задоволство што во последно време има се' поголем интерес од страна на инвеститорите за вложување во земјава . „Мислам дека инвеститорите ќе почнат да се враќаат со позначителни износи за инвестиции во Македонија.“, изјави премиерот. |
#
|
Статијата е прочитана 672 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: gonza |
Датум: 09.12.2010 15:29:34 |
|
Toa se prikaski za mali deca. ke vlezeme vo uste pogolemi teskotii bidejki nemame um a imame petle za pisuvanje lagi. Aj so zdravje |
|
|
|
|
|
|
Од: Ајван Доктор® |
Датум: 09.12.2010 22:59:11 |
|
Шерифов е навистина шампион!Уште малку ќе почне да ни ветува дека до 2112 ќе ни биде ептен добро!Не само што ќе нагрнат странски инвеститори,туку „нашите“ барокни улици ќе станат златни (уште ќе бидат со дупки,ама златни:)!Продава ветер и магла,цели 4 години!Доста е!Време е да си ги собере парталите и тоа веднаш!Што поскоро,тоа подобро за Македонија! |
|
|
|
|
|
|
|
|