Број 2854  четврток, 04 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Гошев не попушта - засега не ги намалува каматите

 

Ако фискалната политика е експанзивна, тогаш монетарната мора да биде затегната

Соња Маџовска

Опасноста од кризата не треба да се потцени и економските политики треба да бидат многу внимателни. Потребни се координирани мерки меѓу фискалната и монетарната политика за да има ублажување на негативните ефекти од кризата, порачуваат експертите. Иако финансискиот сектор не е најдиректно погоден, тоа што е погоден реалниот сектор ќе има влијание и врз него. Академик Таки Фити на завчерашната панел-дискусија на тема „Актуелната финансиска криза - што понатаму“, организирана од Македонско-германското стопанско здружение, посочи дека импликациите од глобалната криза попримиле поголем интензитет од очекуваното. Реалниот сектор веќе ја почувствувал кризата најмногу во металургијата, текстилната, чевларската индустрија и кај транспортерите. Фити и' предложи на Владата да одреди транзиционен период, во кој големите производствени капацитети би користеле струја поевтина од пазарната цена, како и реафирмирање на гарантниот фонд за малите и за средните претпријатија.

И финансискиот сектор ги чувствува импликациите од светската криза, иако тие не се најдиректно изразени, но академик Фити смета дека поради падот на производството во неколку клучни индустрии, банките ќе бидат принудени во иднина сериозно да размислуваат при носење одлука за нови кредитни пласмани. „Познато е дека во металургијата многу се користат кредити. Исто така, ако еден транспортер остане без работа, не ќе биде во можност да ги исплати кредитите. Тоа ќе доведе до намалување на паричната маса на банките, што ќе ги принуди во иднина сериозно да размислуваат при носење одлука за нови кредитни пласмани“, вели Фити. Тој потсети дека со тоа што дел од големите банки веќе ги зголемија каматните стапки на депозитите со цел да дојдат до свежи пари и доколку продолжи таквиот тренд, тоа сигурно ќе се одрази и врз каматите за кредитите. „Речиси е евидентно дека ќе се намали понудата на капитал, и на глобално ниво и кај нас. Прилично е експанзивна фискалната политика, што ќе доведе до затегнување на монетарната политика. Нема да може да се намалуваат каматите“, вели академик Таки Фити.

„Она ниво што е сега останува. Ако промениме нешто, навреме ќе информираме. Ако фискалната политика е поекспанзивна, монетарната мора да биде позатегната и обратно“, објаснува гувернерот Петар Гошев, прашан дали размислува да ги намали каматите на благајничките записи, што би влијаело и врз намалување на каматите на банкарските кредити. Тој, сепак, смета дек�� е стабилна актуелната состојба во домашниот банкарски сектор. „Македонија има среќа што во овој момент финансискиот сектор не е директно погоден, но тоа не не' чини сосема безбедни и треба да сме многу внимателни“, изјави Гошев.

Тој не сака да прогнозира колку ќе трае кризата, но, сепак, смета дека ќе има одредени импликации и врз банкарскиот сектор. „Растот на домашното штедење ќе биде забавен, а бидејќи потенцијалот на банките доаѓа од штедењето, банките ќе немаат друга алтернатива, туку ќе бидат внимателни во пласманот на кредити, или кредитите ќе бидат поскапи“, рече Гошев. Според него, многу ставки се ранливи од кризата, а таа неизвесност треба да се намали. Гувернерот уште еднаш повтори дека стабилноста на банките во земјава се должи на фактот што над 70 отсто од нивните пласмани се покриени со депозити на граѓани и фирми, 11 отсто се од капитал и резерви, а само мал процент се заеми однадвор.

И банкарите веќе најотворено признаа дека поради кризата стануваат многу повнимателни во одобрувањето кредити и дека во наредниот период најлесно до кредит ќе доаѓаат само фирмите што работат добро.


Статијата е прочитана 517 пати.

Испрати коментар

Од: ana
Датум: 04.12.2008 01:37:41
Od koga plasliviot Fiti se ohrabri da kritikuva? Kaj bese do sega? Uplasen do smrt od vmro.
Од: Bravo Goshev
Датум: 04.12.2008 02:08:40
Bravo Goshev nikako popushtanje,licen toj.Abe kakvi se ne bankari imame nie,pribrani od sekade.Vo cel svet kamatnite stapki se namaluvaat a shodno na toa i stapkite na stanbenite krediti,lizinzi za avtomobili,biznis kreditite i sl za da moze lugjeto i biznisite da zdivnat malku od negativnite posledici od krizata.Samo kaj nas izgleda narodot e ekonomski nezasegnat od krizava.Tuu ama uceni bankari sme imale.Bukvalno vo cel svet kamatnite stapki padnaa.Imam drugarce od Avstralija i razgovaravme pred nekoj den i toa mi vika deka tamu kamatnata stapka se namalila za 3%,a kaj nas nie sme nekoi eksperimentalni gluvci imuni na se.Tesko nas!!!
Од: Bravo Goshev-2
Датум: 04.12.2008 08:58:35
А што да прави Гошев? Направија проблем претходно - инфлацијата не беше само увезена, беше и домашно продуцирана со големото кредит��рање. Си ги пуштивме нозете подолго од чергичето. Време е да се стега ременот, а не да се троши како пијан гроф - ама тоа овие од финансии не им иде во глава. Важни им се само изборите.
Од: Kiril
Датум: 04.12.2008 13:22:55
Dobro be Ana na sto lici tvojov komentar "se isplasi na smrt od vmro"???? Epa za dzabe ne se veli kakov narod takva drzava... Za ZAL.Neka ni e so sreka.
Од: Antony
Датум: 04.12.2008 16:55:18
Dodeka Centralnite Banki vo svetot gi namaluvaat kreditnite kamatni stapki za da ja razdvizat ekonomijata gospodinot Goshev e kocnica za makedonskata ekonomija .Nisto ne e cudno sto gospodinot e "ostatok" od predhodniot sistem koj nema nikakvo poznavanje od zapadniot bankarski sistem.Sto vsushost stanuva vo svedskata ekonomsko-finansiska kriza e zemjite vo svetot se vo TRKA za dvacija na nivnite "pari" dodeka Makedonskite Bankari ne berat gaile bidejki poveketo Banki vo Makedonija se stranski Banki koi sto go kocat ekonomskiot razvoj.Ova e tragicno za Makedonskata ekonomija i gospodinot Gosev bi trebalo da si zamine so vakvite izjavi vo javnosta. Da zivee Makedonija

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Штрајкот заврши, сите здивнаа
Децата се вратија во училиштата
Претходен број
Зденко
Ќе тропне ли на врата девалвацијата?
Атентатот останува мистерија
Премиерот Груевски сведочеше против Фрчкоски
Неочекувано поништен тендерот за „Чебрен“ и „Галиште“
Вербатим
Се тресеше гората...
НАТО не се откажува од Македонија
Источно од името
Црни денови за кафе-баровите во Франција
Карикатура