Владата се фалеше дека до крајот на годинава ќе избере меѓу РВЕ и „Вербунт“: од отворањето на понудите на тендерот
Владата не дава прецизни објаснувања зошто се решила на таков чекор за проектот вреден 500 милиони евра
Маја Томиќ
Најголемата инвестиција на Владата во енергетскиот сектор, како што самата ја квалификуваше, ќе тргне од почеток. Идната недела ќе се распише нов тендер за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ на Црна Река. Наместо претходниот конечно да заврши со избор на најповолната од двете понуди, германската РВЕ и австриската „Вербунт“, работите се враќаат назад.
Веста за одлуката ја соопшти вчера министерот за економија, Фатмир Бесими, иако само на дел од медиумите, чии телефони наводно му биле познати на Министерството. Според Бесими, како што е познато, на тендерот биле доставени две понуди, на РВЕ и на „Вербунт“, но Владата констатирала дека има отстапувања од тендерските критериуми, а тие биле во врска со рокот на концесија и со утврдувањето на учеството на ЕЛЕМ во овој проект.
„Овие отстапувања оневозможија да се направи евалуација и споредување на понудите, за да се најде најсоодветниот и најдобриот понудувач. Затоа Владата одлучи да го повтори тендерот“, изјави Бесими и додаде дека компаниите се веќе информирани за таа одлука. Следниот тендер ќе бил многу попрецизен, се обврза Бесими, а концептот ќе остане ист.
Во услови на се' поголем недостиг од струја и растечка зависност на земјата од увоз на електрична енергија, како и континуиран раст на цената на струјата во регионот, Владата наместо да ги забрза тендерите за нови енергетски објекти, таа ги стопира, реагираат експерти. Иако самата Влада постојано потенцира дека енергетиката е еден од нејзините приоритети за развој на економијата.
Кога Бесими летоска ја презеде по втор пат функцијата министер за економија, за медиумите изјави: „Реално, има услови за реализација на зацртаните енергетски проекти. Веднаш треба да се оди на инвестирање во производствените капацитети во хидро и во термоцентралите, како што се ’Чебрен‘ и ’Галиште‘“.
Владата поништи тендер за кој досега не кажа ниту збор дека имало какви било проблеми со барања за отстапки во тендерот. Во октомври од владиниот кабинет изјавија дека изборот на инвеститор за „Чебрен“ и за „Галиште“ не е заглавен, како што се мисли во јавноста, нема никакви пречки за негово реализирање и многу скоро Владата ќе донела конечна одлука. Слични беа констатациите од Владата и во почетокот на септември годинава, кога имаше изјави од типот: „��еновиве ќе се одлучува за најдобрата понуда меѓу РЕВ и ’Вербунт‘, на чија евалуација интензивно работи комисија од Министерството за економија и само се чека владините министри да дадат зелено светло“.
Според неофицијални извори, тендерот е поништен затоа што компаниите сакале Владата да направи некои отстапки од веќе дадените услови во тендерот. Наводно, РВЕ побарала и да му се надоместуваат загубите кои ќе настанат поради намалените дотеци на вода во акумулациите, но не со исплата на пари, туку со продолжување на рокот на концесијата, што за Владата било неприфатливо. Исто така, РВЕ сакала да го намали и процентот на учество на државата во целиот проект. Таа имаше понудено во јавното партнерство, државата преку ЕЛЕМ да учествува со 47 проценти, а концесијата да изнесува 39 години. Австриската „Вербунд“, пак, понудила учество на ЕЛЕМ од 33 отсто и 50-годишна концесија. Според тендерот, заедно со ХЕЦ „Чебрен“ и ХЕЦ „Галиште“, инвеститорот под концесија ја добиваше и ХЕЦ „Тиквеш“, на што реагираа домашните експерти, бидејќи со тоа државата губи значаен капацитет, наместо да биде во ќар.
Сега поништениот тендер за хидроцентралите првично требаше да заврши на крајот на 2007 , но работите се пролонгираа и Владата годинава пред избори требаше да ја избере подобрата понуда меѓу РВЕ и „Вербунт“. Вредноста на проектот се проценуваше на 500 милиони евра и тој се ценеше за досега најголем во енергетиката. Централите требаше да почнат да се градат следнава пролет и да завршат по седум години. Моќноста на „Чебрен“ се очекуваше да биде 330 мегавати, а на „Галиште“ 193 мгв. Годишното производство на струја требаше да изнесува 1.100 гигават-часа, колку што е моментално вкупната струја од хидроцентралите во земјава.
Германската РВЕ уште во април годинава се прогласи за фаворит. Тогаш претставници на компанијата, заедно со претставници на Владата и на локалната власт, во Прилеп и во Кавадарци го промовираа проектот и идеите за инвестирање, потенцирајќи дека се подготвени да вложат над 500 милиони евра, што беше сигнал дека Владата веројатно веќе се определила за изборот на РВЕ.
И додека Владата прави фати - пушти со значајни тендери и од разни причини ги одолжува инвестициите, во соседството проектите во енергетиката се одвиваат со несмалено темпо. Агенциите објавија дека Италија ќе инвестира 2,5 милијарди евра во развојот на енергетиката во Албанија, за што премиерите на двете земји, Силвио Берлускони и Сали Бериша, потпишаа неколку билатерални спогодби во Тирана. И соседна Бугарија интензивно работи на изградбата на нуклеарката „Белене“. Сопственик на 49 од капиталот е германската РВЕ, која ќе инвестира во централата четири милијарди евра. Таа ќе произведува 14.000 ггвч. струја годишно.
ELEM nema pari za dalnovodite, imale problemi so lokalnite sherifi, mislam deka so odlozuvanjeto na ovie znacajni proekti, ke ni se STEMNI na site..i toa za brzo vreme...
Од: Biljana
Датум: 04.12.2008 10:00:53
SRAMOTA!!! Prosto ne mi se veruva. 700 milioni evra cekaat da bidat vgradeni vo Mariovo, a vladata (verojatno poradi toa sto od Germancite ne dobila baksis) go ponistuva tenderot! I toa vo vreme koga Makedonija tone vo mrak i plakja skapi budzetski pari za uvoz na struja. Se sekavate li na eden edinstven tender koj pominal dobro vo Makedonija? Tolku li sme ne sposobni? Veke si igraat na majtap so nas, pa posle ni e krivo.
Mnogu me interesira dali sega, vo uslovi na svetska finansiska kriza nekoj ima 700 milioni evra visok i ke se javi povtorno na tenderot. Osobeno koga znae so kakva vlada si ima rabota ("ne, ne, se shalevme") za edna seriozna kompanija ucestvo na makedonski tender e samo izgubeno vreme i pari. Se, se, ama faktot deka nasite ministri se tolku kratkovidi i deka dobroto na drzavata voopsto ne im e vazno (vo sporedba so licnite interesi) sekogas povtorno me sokira. Iako sekoj den se soocuvame so toa, se uste ne mozam da se naviknam! Pa posle, Evropa ne ne sakala ....
Од: Dosta
Датум: 04.12.2008 10:35:45
UAAAAA vlada
Од: flying-monaco
Датум: 04.12.2008 10:41:34
Samo vladata vi smeta, kako vas taka i na opozicijata...
Sto se ocekuva drugo vo ovie vreminja koga svetot se Raznisuva i se e ne stabilno.Zosto ne pisuvate realno...Zastrametese malce ako seuste imate stram.
Од: trpe original
Датум: 04.12.2008 10:51:57
Osven vo samoreklamiranje, ovie decista ne sakaat da vlozat pari vo razvoj na RM. Definitivno, se izbrukaa, nanesoa golem sram na RM. Imame stranski investicii vo metalurgijata, naftata, telefonijata, elektrikata...drugite ne se ni tolku vazni (posebno onie od ekeonomskata zona!). So naftata (OKTA) ima problemi zatoa sto vladata ne si ja vrsi rabotota (korupcija?), so telefonijata Vladata si zema dividenda od parite koi gragjanite uplatuvaat za t.n. pretplata(?). Od metalurgijata, sto potesko raboti, Vladata posrekna...Od strujata, EVN, ma da si odat, pravat samo problemi. I, sega Cebren i Galiste. Problemot e vo ELEM, drzavna firma. Koj ke se javi na nov tender? Koj stranski investitor? Totalna nesposobnost na Vladata (a se znae koj gi prodade Telekomot i OKTA!).
Narode Makedonski, vitkaj sija, sabja da ne ja sece!
Од: Profesorka
Датум: 04.12.2008 12:00:16
po mene e za neuspesniot tender e vo nepoznavanjeto za realizacija na finalniot proizvod.Makedonija so samostojnata izgradiKozajak.Veruvajte na sega optuzeniot gospodin Lazarov mozat da mu zavidat a i resornoto minisetrstvo za economia bidejki sega tamu sedat nesposoben kadar.da premestis celi sela,grobovi,nivi na zitelite ne e mala rabota za rabotata na Kozjak.Vladata sega e ocajnicka nalikuva kako edna golema opstina ili samoupravna organizacija,gradi pat,cisti kanali ili smesni muzej za vosocni figuri.Besimi e lakom kako negovata partija dva meseci nema plata dadeno vo Min.da e vo US ke go tepat ,pa ke pocne investicija za Hidr.Centrali.Jas sum ubedena deka ne znae koj mu seta po Min i koj im plaka i zasto na poedini direktori no ima vreme i za tova.Gos-da samouprava i drzava i politika se razlicni pojmi vo drzavata treba poznavanje i znaenje za gradenje na centrali hidro ne pat do nekoja cesma,ne e kanal da se iscisti.
Од: vesna
Датум: 04.12.2008 14:27:41
platete megunarodni experti- nezavsni i prifatlivi za site i z avlada i z afirmi sto apliciraat z atenderot - da ja procenat rezevrat na voda. pa taka nema uceni
Од: spase - australia
Датум: 04.12.2008 15:43:55
vo tolku znacaen sektor da sedi covek koj si misli deka e tolku pameten i ke pravi sto ke mu tekni misli coveku den i nok no koga ke razmislis da ne e predocna pa bugarite i albanija da ne pretrcaat ili od niv si potplaten toa da go pravis da odolgovlecuvas dodeka mozis da e zaglavis makedonija vo kal. Greska na vmro-dpmne sto na vakov znacaen sektor da ima covek neadekvaten po sekoja cena trebase da e makedonec koj i misli dobro na makedonija i idninata. Energetikata mozebi e broj eden za site zemji vo svetot ako imas evtina struja ke imas i dobar standard i stimuliras sekakov drug sektor dali e zemjodelie ili bilo sto po vaznost e. Ako e tocno deka najmnogu pari ili deficitot e od strujata mnogu dobro treba da se razmisli da bidime pobrzi vo ovie potfati od komsiite sosedite da imame posilni izvori i pobrozo da se pregrupirame vaka samo nanazad se odi. Treba da se ima TARGET (celi) za sekoj minister da se potpisi ako ne gi ispolni za odredeno vreme samiot da si dade ostavka ako ne.
Од: verag
Датум: 04.12.2008 20:30:26
Дали на оваа влада итреба ефтина струја? Јас мислам дека и одговара да е увозна,поскапа,ем со поголем износ за ДВД ќе го наполни бузетот,ем преку ЕЛЕМ со нејзини директори ќе украде пари.7 мес еден тендер не можат да спроведат,а пак народот му верува на Груевски.Па каков глуп народ ли сме?