Број 2854  четврток, 04 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Мислења

Источно од името

Петар Арсовски

Или самите ќе мора да го надраснеме масовниот комплекс за да можеме да тргнеме напред или решението ќе ни биде соопштено

По неколку неуспешни обиди, конечно, навикнавме на политичкото насилство врз сопствениот национален идентитет приближно како магаре на ќотек. Со текот на времето, онака напатени од постојаните обиди за негирање и присвојување на сите особености на македонското, на ниво на нашата масовна психологија, сами си создадовме низа комплекси и симптом на одвоени невротични карактери, кои само ни одмагаат во актуелната ситуација на проблемот со името. Овие масовно раширени комплекси претставуваат најсериозна пречка во обидот да дефинираме и опстоиме на една издржана и рационална преговарачка позиција. Затоа колективно сме неспособни истовремено ментално да ја процесуираме реалноста на потребата од компромис, без притоа таквиот процес параноично да засега во себедефинирањето или да поттикнува хистеричен страв дека таквата дефиниција би ја изгубиле прифаќајќи дијалог.

Во основа, на македонскиот национален идентитет ’рбетот му е веќе скршен. Како пластелин, цело време трпи различни удари од различни страни, а најмногу од домашните квазиинтелектуал-патриоти. Со тоа, тој е претворен во аморфен конструкт на кој му недостасува централна оска, столб на кој различните особености на нашата национална историја би биле заковани и закотвени. Затоа, во нашата масовна психологија, како стопено стакло, вака недефинираниот идентитет ја поприма особината на кој било сад во кој ќе биде истурен. Така, на пример, во фокус-групи, на прашањата од каде влечеме корени, го добиваме следново: дали сме антички Македонци – да. Дали сме словенски Македонци – пак да. Дали сме Македонци по теркот на Гоце Делчев или можеби по АСНОМ? Да и да. Според ова, единствен можен заклучок е дека во еволуцијата на планетата прво настанале Македонците, па потоа амебата. Потоа, едно врз друго, тотално се расипала работата. Значи, само ние Македонците сме се спасиле од целокупната декаденција на еволуцијата, зашто успешно генетички сме се замрзнале пред сто милиони години.



Генетиката настрана, нашиот однос кон прашањето на името и идентитетот, токму поради нашата несигурност во овие две категории, се манифестира на ниво на масовна психологија како однос на невротична личност која функционира на база на комплекси. Затоа, апсурдно, на прашањата во анкетите дали сте за брза интеграција на РМ во НАТО, над 80 отсто одговараат со „да“ и истовремено над 80 отсто се против компромис за името. Ова е класичен симптом на масовен комплекс. Во својата суштина, тој се одликува со неможност за соочување со реалноста, која е веќе дефинирана, и тоа со поголеми геополитички инструменти. Таа гласи: или компромис и иднина или енкасулиран идентитет, но без иднина. Без исклучок, Македонија ќе мора да го одбере едното од овие две. Колку побрзо толку поевтино.



Во меѓувреме, сосема во духот на манифестација на комплексот, се забележува масовна хистерија. На секого или на секоја група што помислува да инсинуира дека некој компромис за името со Грција ќе мора да се најде им се приоѓа со хистеричен линч. Ова најчесто доаѓа од аналните „експертско“ национал-патриотчиња или од УДБ-а новинарчиња. Едните, кога не летуваат на Халкидики, постапуваат „по нареѓењу“, силејќи ја масовната параноја, а другите во масовната хистерија за ова прашање ја здогледаа шансата за признание и популарност, па здушно побрзаа да мантраат заедно со масата: едно име имамеее... Она што овие две категории не го сфаќаат е дека додека ја изнудуваат својата популарност, нанесуваат непоправлива штета што ќе ја плаќаат нивните деца.

Ваквиот однос на хистерија е вкоренет како болна слепа точка што засега во несвесното: одбивањето и неспособноста за рационално процесуирање и анализа на можните излези од оваа позиција. Во ваков амбиент, како впрочем за секој невротичен пациент, најлошо решение е соочување со комплексот. Тој секогаш самиот себеси се вакцинира против разум. Така, оние што ќе дојдат во ситуација да мора да се соочат со поинаков став или низа различни аргументи, или одбиваат разговор, или ad-hominem ги напаѓаат оние што мислат различно, или едноставно немаат доволен ментален капацитет да се соочат со спротивставени мислења. Ова денунцијантство на своја кожа го осетија оние малкумина кои се обидоа за ова прашање рационално да дебатираат: веднаш нивните аргументи беа ништени, а тие самите нападнати како предавници. Најверојатно, едноставен лек нема. Или самите ќе мора да го надраснеме овој масовен комплекс за да можеме да тргнеме напред или (поверојатна варијанта) решението ќе ни биде соопштено.



Најлошото во оваа ситуација е што овие симптоми им одат во прилог на деструктивците и во Грција и во Македонија. Ваквиот масовен ксенофобичен амбиент во основа е Мека за сите оние што имаат цел да ја манипулираат ситуацијата. Такви има многу: едни сакаат да ја забават националната еманципација за да можат национализмот и понатаму да го продаваат како религија и така да задржат доминантно влијание врз психологијата на сопствените гласачи; други квазиинтелектуалци и контрапатриоти ја увиделе можноста низ ова прашање сега да се возат во масовката пробуткувајќи ги сопствените небулози. Македонските политичари не се ништо подобри: едните го јавнале овој наплив на национализам како цунами и го користат во сопствена агенда, притоа низ своите инсталации провидно засилувајќи ги комплексите и хистеријата. Другите, пак, толку се фемкаа околу изнесувањето на својот став, цело време сакајќи двојно да ќарат: ем да бидат прогресивни (Западот ќе ги сакал) ем да го искористат комплексот на народот за рејтинг, па така, сега ги изгубија и двете. „Запад ги отпиша, а народот не ги запишуе“.

Во ваквата какофонија и општа национална реденка, најмногу губи преговарачкиот процес. Неспособни сме да се соочиме со сопствените позиции и суштински да ги анализираме елементите на нашиот идентитет. Така би дознале што е, а што не е дел од коренот на нашето битие и многу полесно би ја дефинирале фамозната „црвена линија“.

(Авторот е магистер по политички комуникации)


Статијата е прочитана 1559 пати.

Испрати коментар

Од: ljupco,bitola
Датум: 04.12.2008 00:27:16
Јас немам никаков комплекс нити со името, нити со идентитетот.По никоја цена нема од нив да се одкажам. Можете вие да пишувате вакви нарачани текстови колку сакате,џабе ви е. Доколку ви се точни бројките, 80% посто од народот во Македонија го дели моето мислење. Нато и Еу постојат колку?- 40,50 години,и прашање е до кога.Македонија била, и ќе биде многу подолго после нивното распаѓање.Што ќе им оставиме на нашите деца во наследство? Затоа заборавете на Халкидики и Лептокарја и погледнете малку подалеку од носот,ако има и тронка чест во вас.
Од: MK-GOR
Датум: 04.12.2008 00:32:42
Gospodinot Arsovski ako mozam taka da go narecam, bi trebalo prvo da rascisti sam so sebe za da moze da sudi za celiot makedonski narod.Negovata titula ne mu dava za pravo da zboruva za histerii, kolektivno ludilo , plastelin i drugi gluposti.Ako toj ne se cuvstvuva kako makedonec da ne zboruva za niv, a svoite nameri mozese da gi iznese bez ambalaza.Ako saka ime da menuva neka go smeni svoeto.Takvi cinichni razmisluvanja ima premnogu vo "Katemerini".
Од: Dejan
Датум: 04.12.2008 02:55:54
Пеџа, а што викаш да изградиме една „Фабрика“ па да тргнеме во три смени да им објаснуваме на луѓево дека нивниот идентитет нема врска со никаква „Македонија“, пошто и онака сите не направил Тито (добро, некои сме и на БЦ)? Гарант и Грците одма ќе се согласат со тоа, и оп - веќе утре сме во НАТО, а задутре во ЕУ. За..и „експертчиња“. „интелектуалчиња“ и „новинарчиња“ - „Фабрика“ и „општествено-политички работници - новинаришта“ ти се права ствар!
Од: Doktorot od Neprosteno
Датум: 04.12.2008 06:22:21
Na site mora da ni e jasno : nekoi raboti ne se za prodazba i iznajmuvanje. Nasiot identitet najmalku moze da go stavame na tezga za prodazba! Avtorot na tekstot Arsovski ocigledno ili strada od "Gender Identity Syndrom" (obicno karakteristika aj mladite lugje na "Zapad", ili pak eftino gi prodava svoite naracani tekstovi. Umberto Paskali rece: "Vistinata e bez pari, treba da mi plakate ako treba da lazam za vas!" Dali vo pogorniov tekst avtorot Arsovski saka da kaze deka nema dobra plata pa ima potreba od poveke pari ili nema licen identitet? Dali saka da im pusti "golubarska parola" na strancite koi izdasno plakaat avtori na vakvi tektovi ili pak e nesto treto...?
Од: momo
Датум: 04.12.2008 07:27:04
vo pravo ste no nezaboravete "ribata smrdi od glavata" za zal nashite politichari ne se sposebni nitu magare da javat no da jadat chotek kako magare drzi .
Од: petar
Датум: 04.12.2008 08:19:07
DOBAR DEN NA SITE . Sakam da go prasam gospodinot ako na negovata diploma go smeni imeto i da pojdi da bara rabota dali ke ja pobaraat licnosta so ime i prezime ili licnosta sto go zavrsla obrazovanieto.Sekoja ces za kazanoto ali seto ova mi lici deka gospodinot nudi diskvlifikacija na se dosega sraboteno a najbolno e toa sto se disfalifikuva samiot sebe posto nema smisla negoviot tekst so realnosta.
Од: Makedonec vo EU
Датум: 04.12.2008 08:20:40
Antickite Makedonci pisuvale i zboruvale Grcki. Aleksandar Makedonski vo svoeto vreme bil narekuvan Aleksandros Megalos. Denesnite Grci mozat da citaat Anticki Makedonski jazik, a denesnite Makedonci ne. Denes Makedoncite zboruvaat Slavjanski jazik koj ne poteknuva od Makedonija, tuku od istok, a vo Makedonija samo go dobil Kirilicnoto pismo (koe poteknuva od Grckata azbuka). Ova se fakti na svetskata istorija i nieden kvazi-istoricar vo FYROM ne moze da gi smeni. Sramota, vi se smeat na glupostite sto gi izmislivte neodamna...
Од: Trpe 2
Датум: 04.12.2008 08:21:08
Komentarite ke bidat najrazlicni.Veke vo prviot red se otkiva komentatorot.Se slozuvam so vas vo se'.I jasno deka RESENIETO ke ni' bide soopsteno.
Од: Istok
Датум: 04.12.2008 09:07:46
Mnogu pameten tekst. Se drugo e ekstremizam.
Од: Hunza
Датум: 04.12.2008 09:17:39
Deka magisterot e vo pravo e ocigledno za sekoj sto saka da vidi, a navredlivite komentari ‘ad hominem’ ovde se uste edna potvrda na odlicnata analiza na Arsovski. Sepak resenje moze i da ne bide soopsteno ... lugjeto i vladite na drugite zemji imaat dovolno sto da rabotat za sebe neli da trosat vreme za ona sto Makedoncite bi morale sami da odlucat. Kako sto ide, moze nakraj da odlucat Albancite koi mi se cini deka podobro znaat sto sakaat ...
Од: "Jescemo korenje"
Датум: 04.12.2008 09:20:13
G-din Petar! Komentarite od Ljupco, MK-GOR , Dena , Neprosteno i dr. dovolno ja pokazuvaat Vasata teza za edno masovna histerija i kvazi-patriotsko ludilo, koe so odredeni celi vo podolg period se potpaluvase i zasiluvase dodeka ne dojde do vistinsko "cunami" na ludilo, vo koe se otkazavmei od nasite slavjanski koreni,postanavme antika , postari od amebata, sne go imale najstaroto pismo od pred 7000god?!( T. Petrov) nema uste podatok dali sme gi gradele piramidite, no nejse i za toa P. Kuzman ce iskopa podatoci. I taka ziveeme vo edna nalunicava patriotska egzaltacija, svetot ni se cudi i se smee, danskite rakometarki se sokirani od gletkata na prestolninata i ne znaat dali se vo Evropa ili se negde vo subsaharska Afrika, no nie sme izdrzlivi patrioti: " Ako treba jescemo korenje " Nekoj ubavo " "javaat "na ovaj nalunicav patriotizamSi gradat karieri , imoti i privilegii , povremeno usmeruvajci go vo pravecot kade im odgovara. No vselenata i covekovata glupost se bezgranicni.!I
Од: Trene
Датум: 04.12.2008 09:59:38
Bravo Avtore. Potpuno se slazem so analizata i tvojot komentar. Kako sto kaza, sve ostalo - i kvazi-patriotite i "anticnite makedonci" po stari ot amebata e ludilo i ludost.
Од: stole
Датум: 04.12.2008 10:59:42
DO MAKEDONEC VO EU: Vie ste na grcka strana ama vo enciklopediite na stranski jazici koi gi poseduvam za razvoj na bukvite pise deka odat preku semitsko, fenikisko,pa potoa grcko,latinsko, glagolica i kirilica. Korenot se semitite i Fenikijcite. Grcite reagirat histericno (i ti po niv) koga gi razoblicuvaat.Vo istorijata se vikal Aleksandar od Makedonija(Makedonski).Grcite oti ne go velat Grcki go napravija samo Veliki(Megas).Sramno da ne znaete za ova.
Од: goran
Датум: 04.12.2008 12:25:21
Пеџа е човекот кој ја водеше кампањата за СДСМ во 2006 со неговата му „Фабрика“. И толку добро им ја заврши работата на СДСМ, што они беа убедени дека ќе победат, а од кампањата излезе насмеан - нафатиран само Пеџа, бидејки луди пари се дадоа за таа кампања. Епа со здравје да си го носите сега и како колумнист. Ако ве убедува во неговите тези како што го убеди СДСМ дека ќе победи 2006, нека ви е господ на помош.
Од: cocon Miks
Датум: 04.12.2008 12:37:50
Ne go poznavam Avtorot , no negovata retorika ja prepoznavam , mizerno samounistuvacko pisanie blisku do Odredena grupa na intelektualni praznoglavci so SDMS orientacija. Kritika ili samokritika e dobra i polezna rabota ako e argumentirana i celishodna , ama PLUKANJETO samo da dokazes deka mosez po gnasno i povulgarno da napises nesto e karakteristika na iskompleksirani nuli.
Од: Makedonec vo EU, povtorno
Датум: 04.12.2008 12:57:56
Stole, novokomponiranata turbo-folk verzija za Makedonskite "Anticki" koreni sluzi za potsmev na celiot svet zatoa sto e nevistinita, a ne zatoa sto site ja mrazat Makedonija. Aleksandar od Antickite Makedonci (koi, povtoruvam, zboruvale i pisuvale Grcki) bil narekuvan Aleksandros Megalos. Svetskata istorija denes go narekuva Great (Veliki), a ne Macedonian (Makedonski). Toa e toa sto go ucat studentite po istorija vo celiot svet. A vie tamu mozete da se ubeduvate pred kooperacija do 101 i nazad.
Од: АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
Датум: 04.12.2008 13:14:45
Да, најреален и за мене е коментарот на МАКЕДОНЕЦ ОД ЕУ. Столе,како и цел македонски народ и ти си се јако залепил за АНТИКАТА. Да ти кажам право и мене тоа најмногу од се ми годи,но убеден сум дека вистината е далеку и се мери со светлосни години. За убавите работи секој лесно ке се залепи,но во случајот, вистината е во сосема друг правец. Многу време и простор ми е потребен да би ја елабори��ал оваа тема,но немислам да уверувам во тоа ептен новостворени и големи патриотчина кои никогаш не би ја чуле ГОЛЕМАТА РЕАЛНОСТ. Поздрав, најпрвин до КОЛУМНИСТОТ НА ТЕКСТОТ, а потоа и до сите во редакцијата на весникот, сите коментатори било да се или да не се ОД КОВОТ НА ХУНЗИТЕ.
Од: Zoki
Датум: 04.12.2008 13:30:36
А за кој идентитет овде се дискутира?!? За оној со бугарски пасоши, за оној со променети лични имиња на иселениците, за ФИРОМ-скиот кој сега го имаме ... ? За кој?
Од: Gospod
Датум: 04.12.2008 15:10:57
Pateticen magister. Makedonija ima idnina i so i bez ucenite od neprijatna vi evropa i vashite predavstva. Vnatreshnite lopovi i predavnici se najgolemoto zlo na M. A za ostanatite moze samo edno da se kaze. Svrtete se vo pravec sprotiven na veterot i pluknete pred vas. Ili legnete i plukajte pravo vo visocina. Vo stranska literatura od mnogumina e napishano deka Aleksandar Makedonski zboruval razlicen jazik so grcite ama znael i grcki i imal grcki uciteli. Isto kako mnogumina Makedonci po svetov imaat najrazlicni uciteli pa pak se Makedonci.
Од: Kole mangov
Датум: 04.12.2008 15:59:56
Gospodine pishuvach, Jas sum Kole Mangov. Ne sum Nikolaos Mangos. Ako nekoj prifakja da bide Petros Bides, neka bide.Kje go istrpam toa.
Од: sladj
Датум: 04.12.2008 16:05:15
Kakva ameba od magistar!? Kolku ponizuvacki za Makedonja sto ima vakvi "inetelektualci". Namesto da vnesat polet i svezina vo zabokrecinava, oni udobno si se stutkale kako bubrezinja vo loj i sirat negativizam. Ni malku prkost , ni malku razum i dostoinstvo. Makedonja mora da ima alternativa, NATO i EU ne se resenie, barem ne dolgorocno. Steta, steta sto imame vakvi luge..sramno, ponizuvacki.. ocajnicki. Sreka sto tipcevo ne bil sovremenik na Hitler, inaku bi bil vo nekoja Hitler Yungen ili capo vo konc logor ..zatoa sto taka treba i oni se mokni..neli Magistre?!
Од: Delco
Датум: 04.12.2008 16:42:29
Sepak ima i po nekoj covek sto vredi, bar za moe svakanje. Do potpisaniot "Gospod", se slagam so vas gospodine. Aftorot na textot, pisuva za extra honorar i za zivot, ama ne za respekt!
Од: FILIP TRETI MAKEDONSKI
Датум: 04.12.2008 17:36:05
I da e intelektualec, na avtorot, po utroto denot mu se poznava.Imeno, rezultatot na edna naucna opservacija mnogu zavisi od premisite-pretpostavkite od koi se poaga. Taka toj tvrdoglavo poaga od pretpostavkata deka e prasanje na vreme i kako Amerikancite ke ja krstat Makedonija iako pred samo nekolku dena tie oficijalno objavija poraz na nivnata vojna za promena na imeto na Makedonija. Treba li i vredi li sega na ova saka jad i izgubenost da gi objasnuvam pretpostavkite na Amerikancite i na trezvenite i zdravorazumni okolu 80% Makedonci kolku i tie da bile nepismeni vo anticko vreme a sto ne e edinstveniot element na nacionalnoto bitie?
Од: Mihail
Датум: 04.12.2008 18:06:38
Pred antickite vreminja imalo mnogu migracii i mesanje na genite na teritorijata na segasna Makedonija.Anticka Makedonija postoela vo anticko vreme,no ne vo Anticka Grcija.Taa bila poseben entitet.Slovenite pocnale da se naseluvaat i MESAAT so Antickite Makedonci po 6ti vek od NE.Za vreme na Otom.Imperija golem broj Turski vojnici bile rasporedeni vo Makedonija.Del od genite koi sto gi nosat denesnite Makedonci poteknuvaat od tamu. Sevo ova e istorija na Makedonija a Makedoncite ne se rezultat samo na eden istoriski period. Denesniot identitet na Makedoncite ima eden nov kvalitet: realen e so samoto tvrdenje deka nekoj e Makedonec.Vo demokratskite zemji sekoj e toa sto veli deka e.Nikoj ne protivreci ako kazes deka se custvuvas kako Keniec,a si bel.Identitetot e pravo na izbor.Avtorot ima poteskotii vo razvojot na negoviot identitet,ne se identifikuva so toa sto se narekuva Makedonski identitet i ne moze da go prifati kako realen i vreden za zacuvuvanje.
Од: makedonec od fyrom
Датум: 04.12.2008 18:54:09
Tocno e toa sto ni se smee celiot svet za glupostite i lagite sto gi nudime na evropa za naseto navodno anticko poteklo. Istata retorika bese prisutna i kaj nasiot juzen sosed pred 10 godini, i oni bea bibliski narod i vo Germanija vo 1933. So takvi gluposti i reklami sto gi kreira ovaa 24/7 vlada, i sto podaleku od Evropa edinstveno moze da opstane. Gospod na pomos.
Од: Од Боро
Датум: 04.12.2008 18:57:04
Само нешто накратко - 99% од сите што се маваат во гради дека Александар Велики бил Македонец и се трудат да најдат некоја врска помеѓу нас и античките Македонци, не знаат да набројат 3 антички крала (без Филип и Александар). Е сеа, не викам дека не водиме потекло од нив, ама сите сте толку историски необразовани што со право ни замеруваат дека се бориме за нешто што воопшто не го познаваме и дека сме испрани мозоци. Е така да знаете...
Од: e\lisaveta Topuzoska
Датум: 04.12.2008 19:01:31
Tesko nam so takvi kako Sladj i Gospod. Nitu eden argument, samo navredi. A sto i da pravat, ne mozat da se spravat so nisto sto e popametno od niv. A mozebi i ne razbiraat, pa zatoa i ne mozat.
Од: Joris od EU
Датум: 04.12.2008 19:06:50
Do Makedonecot od EU, od eden drug od EU: Prijatele, znaesh li deka na prosechen Grk mu trebaat okolu 3 godini da nauchi starogrchki? Pa za tri godini i kineski se uchi. Po ova smetam deka sekakov komentar za drugite tezi e izlishen. Edinstveno bi ti preporachal da zemesh da si go proshirish horizontot na znaenje. Za Makedonija so ljubov!
Од: Aleksandar
Датум: 04.12.2008 19:30:55
Gospodine jescemo korenje i gospodine makedonec vo Eu od takvi kako vas Makedonija propadja veke dolgo vreme i ke prodolzi po nadolna linija. So koe pravo gi narekuvate lugeto kvazi patrioti, samo zasto se makedonci. Nesto sto vie sigurno neste. Mozete da prodolzite da jadete sto sakate no Makedonija sigurno ke si go pronajde svoeto mesto zasto vistinata e na nasa strana. I da gospoda jas sum i Anticki makedonec i makedonski sloven a koj taka ne misli ajt dole juzno ne ni trebate.
Од: veles
Датум: 04.12.2008 20:01:17
bravo za avtorot a i za komentarot na MAKEDONEC OD EU.gospoda makedonci pa i vrapcinjata znaat deka sme dojdeni od istok ama spored nekoi nie sme naslednici na antickite makedonci sto znaci kleopatra bila nasa i ona go zboruvala jazikot sto nie ne go zboruvame no go razbirame .uf alal da ni e takava gorda nacija i narod a nikoj ne ja priznavanitu jazik nitu crkva,nitu pak narod dajte prasajte ja jovanka broz dodeka e uste ziva koi sme sto smee zosto ovaka sme bruki za cel svet ozivuvajki umreni narodi pred 3000 god i sekoj den naogajki po nekoj vrska so antickite narodi .
Од: Dragi
Датум: 04.12.2008 20:17:36
So podolnata misla, samiot avtor se deplasira: На секого или на секоја група што помислува да инсинуира дека некој компромис за името со Грција ќе мора да се најде им се приоѓа со хистеричен линч. Ова најчесто доаѓа од аналните „експертско“ национал-патриотчиња или од УДБ-а новинарчиња. Znaci ako nekoj e za makedonskoto ime nepromeneto, tie se "аналните „експертско“ национал-патриотчиња или од УДБ-а новинарчиња". Navistina e lesno da se zakluci za koja "fabrika" raboti drugarcevo.
Од: Hunza
Датум: 04.12.2008 21:06:09
“Tocno e toa sto ni se smee celiot svet za glupostite i lagite ...” Dali se smee celiot svet jas neznam, bidejkji seto ova e povekje za zal odkolku za smev. Megju toa, vidliva e odlikata vo komentarite na Albancite koi iako podelikatno, kako da se odnesuvaat kon seto toa kako kon pakosti na mali decinja sto vekje preteruvaat ; seuste trpelivo ... zasega.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Штрајкот заврши, сите здивнаа
Децата се вратија во училиштата
Претходен број
Зденко
Ќе тропне ли на врата девалвацијата?
Атентатот останува мистерија
Премиерот Груевски сведочеше против Фрчкоски
Неочекувано поништен тендерот за „Чебрен“ и „Галиште“
Вербатим
Се тресеше гората...
НАТО не се откажува од Македонија
Гошев не попушта - засега не ги намалува каматите
Црни денови за кафе-баровите во Франција
Карикатура