Број 2854  четврток, 04 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Штрајкот заврши, сите здивнаа

Билјана Јовановска

Генералниот штрајк во основното и во средното образование, започнат на 24 ноември, конечно, заврши. Учениците почнуваат со настава и тоа е можеби најубавата вест. Она второто, кој колку добил, дали Синдикатот на вработените во образованието, науката и културата (СОНК) успеал Владата да ја притисне до ѕид или, пак, власта ги надитрила синдикалните лидери, колку и да сака човек да го одмине, едноставно не може.

Кабинетот на Груевски и оваа ситуација ја сврте во своја полза. Како поинаку да се сфати изјавата на премиерот дека во март договорите со наставниците ангажирани со договор на дело ќе бидат заменети со решенија за неопределено време! Да, веста е позитивна, ама ако се има предвид дека станува збор за бројка од над 8.000 наставници со ваков статус и тајмингот на исполнување на барањето (локалните избори се во тоа време), очигледно е дека неизвесноста на овие луѓе по којзнае кој пат се става во партиска, изборна функција.

По сето она што се случуваше деновиве на релација Влада - СОНК, партиски војници - синдикално членство, до светот како држава испративме грда слика за состојбата со демократските принципи и права. Во конкретниот случај - со правото за штрајк. Е тука, Владата се претстави во исклучително лоша светлина, затоа што грубо го отфрлаше дури и уставно загарантираното право на штрајк. Оние соопштенија во кои наставниците се идентификуваа со непријатели на народот личеа на слики од едни други, тоталитарни времиња. Дури и легитимните барања на армијата вработени во образованието беа ставени на клада наместо двете страни да разговараат за нив.

Не значи дека синдикалните барања секогаш се исправни и дека власта беспоговорно треба да ги прифати. Ама она што мора да го направи е да ги респектира нивните барања и да седне и да разговара со синдикалните лидери. Да не се служи со притисоци од никаков вид. Овој пат, за жал, првпат дел од учесниците во штрајкот се соочија со закани одамна неслушнати на овие простори - дека ќе останат без општествените станови! Губењето на работните места и пораките дека поради нивното штрајкување ќе им страдаат децата, спаѓаат во „поумерените“ притисоци. Излишно е да ги повторуваме сите непримерни закани, ама факт е дека партиските војници беа премногу активни. Буквално, одеа од врата на врата.

Но, и ваквите застрашувања не успеаја да го скршат синдикалното членство и синдикалната организација. Нема дилеми дека СОНК е најбројната и најсилна синдикална организација, која првпат во тригодишното практицирање на власта, го стави Груевски на вистински ��спит. И, прексиноќешната писмена замолница на премиерот до вработените во образованието да го прекинат штрајкот покажа дека тоа не биле спорадични случаи, туку масовен револт. Власта се обидуваше да го минимизира бројот на училиштата кои не работеа, ама она што се случуваше во сите општини ја демантира.

Кога ќе се собере се', веројатно подебелиот крај ќе го извлечат учениците кои допрва ќе мора да го одработуваат пропуштеното. Не е исклучено децата да имаат работни саботи, ама што е тука е. Доколку Владата порано покажеше чувство за барањата на СОНК и времето поминато во изготвување соопштенија со кои се обиде да предизвика револт и поделби кај населението го потрошеше во изнаоѓањето компромисно решение, не ќе ни се случеше ескалација на штрајкот.

А и Европа не ќе дознаеше до каде ескалирале некои процеси во Македонија. По посетата на секретарот на Интернационалата на образованието од Брисел, кој несомнено имаше свој позитивен придонес во изнаоѓањето прифатливо решение, нема да изненади ако нашата држава добие уште еден, нов услов за добивање датум за влез во ЕУ - почитување на синдикалните барања.


Статијата е прочитана 557 пати.

Испрати коментар

Од: tra la la
Датум: 04.12.2008 02:21:15
Abe Dojcine dzaba samo decinjata sto ke gi maltretirate vo Saboti ama tvoite sigurno ne odat na skolo-vekje zavrshile skolo, pa zatoa nekako zabot ne te zabole deka decata izgubija mnogu chasovi.Za sovesnite i spremni nastavnici i profesori-problem nema,megjutoa lugje ima tolku vagabonti i nestrucni lica vo toj nastavnicki kadar sto ne e za smeenje,tuku za zalenje a uste pogolema tragedija e sto decata nisto ne ke naucat od niv.
Од: mene
Датум: 04.12.2008 02:43:20
De ma Zlatna moja Biljance do vcera drugo pisusvavte a denes ete koga se se svrsi go svrtevte tefterot i sega odednas ne e ubavo sto se dogovorile. Koga ova vlada ke vi pogodi na vas vo Utrinski.
Од: Skopje
Датум: 04.12.2008 05:08:02
Abe ajde begaj ova bese cista glupost i dogovor pomegu Dojcin Cvetanovski i Gruevski. Vidoa strajkot im izbega od kontrola i kao demek ODMA se dogovoria. Sve bese FARSA - GLUMA demek da pokazat pred narodot deka ete Dojcin ne e so Gruevski tuku e za rabotnikot so narodot. Abe oni go opipuvaa pulsot na narodot, pravea procenki za da im posluzat za predizborno ama koga vidoa kolkavo nezadovolstvo vladee togas se povlekoa napravia finta so nekoj si bozemen dogovor od koj nema bas NISTO. Epten PROVIDNI SE.
Од: Штрајк ама за што?
Датум: 04.12.2008 08:36:20
Штрајкот меѓу другото беше направен овие „младотурците“ ДПМНЕ-овски кои во септември ни ги земаа местата во образованието со амин на директорите, да си дообијат решение на неопределено време и да се зацврсти неограничената власт на ДПМНЕ.... ако ние тоа го допуштиме.
Од: zabegan
Датум: 04.12.2008 09:09:14
more si se dogovoria kade sega tie direktorcina i ucitelcina OD SDSM koi bea smeneti .koga nivnite kolegi OD VMRO ke dobiat resenie na neodredeno vreme.ako slucajno doje promena na vlasta ke imame po uste eden za rezerva pa koj saka toga neka strajkuva odma zamenata na rabota.
Од: Prilepcanec
Датум: 04.12.2008 11:33:56
Dali bese gluma ili farsa ne znam,no znam deka Dojcinovski e proizvod na VMRO-DEPMNE koga ne bese ovaa partija na vlast da se buntuva protiv togas aktuelnata (nenivna) vlast-i togas nekako ispliva Dojcinovski so isti baranja.Baranjata se vo red-i ako moze vlasta treba da gi ispolni,no koga platite vo site sferi se niski,recisi da nema moznost.Megjuta,igrata prodolzuva;Vladata ke udovoli nekoi od baranjata-,kako sto stori so stecajcite,pred narednite izbori. Sega recete deka -za kilo urda,kako sto peese Same,ne si go prodavaat glasot onie sto vaka se podmiteni.Vo ovoj slucaj-mitoto e nadez na dobivka,kako na loto.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Децата се вратија во училиштата
Претходен број
Зденко
Ќе тропне ли на врата девалвацијата?
Атентатот останува мистерија
Премиерот Груевски сведочеше против Фрчкоски
Неочекувано поништен тендерот за „Чебрен“ и „Галиште“
Вербатим
Се тресеше гората...
НАТО не се откажува од Македонија
Источно од името
Гошев не попушта - засега не ги намалува каматите
Црни денови за кафе-баровите во Франција
Карикатура