Број 2854  четврток, 04 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Црни денови за кафе-баровите во Франција

Светската криза и забраната за пушење придонесоа секој ден да се затвораат по два кафе-бара

СОЛИ - Натали Герин (35) го отвори кафе-барот „Фестивал“ во Соли пред две години со големи очекувања, а пред тоа работеше во главната конкуренција во ова мало место во Бургундија - „Кафе ди норд“. Но, летоска бизнисот почна да опаѓа и во октомври, вели таа, „беше во слободно паѓање“. „Сега нема ниту еден“, вели таа, стоејќи во мрачната просторија со неколку жални декорации, празна маса за билјард и еден млад човек кој игра видеоигра. „Луѓето стравуваат за иднината, а сега со банкарската криза уште повеќе се исплашени“, вели таа со зацрвенети очи. „Тие купуваат пијалак во супермаркет и го пијат дома“.

Состојбата на Герин се повторува низ цела Франција, бидејќи традиционалните бистроа и барови ги чувствуваат промените, па дури и се затвораат, погодени од променливите ставови, навики, а сега и сиромашната економска клима. Во 1960 година, Франција имаше 200.000 кафе-барови, вели Бернар Картие, претседател на Националната федерација на барови, кафеани и дискотеки. Сега има помалку од 41.500, со просечно затворање на два секој ден.

Бројот на банкротства поднесени од кафе-баровите во првите шест месеци од 2008 година се зголеми за 56 отсто во однос на истиот период пред една година, покажува студијата на „Улер Ермес СФАЦ“, осигурителна компанија за големи кредити. Се' уште не се познати податоците за другиот дел од годината, кога економскиот застој беше забрзан од општата финансиска криза, губењето на довербата кај потрошувачите и брзото зајакнување на кредитите. Меѓутоа, впечаток е дека бизнисот оди лошо и станува полошо, при што луѓето и компаниите ги намалуваат неограничените трошоци и буџетите за забава. Тоа само ги зголемува долгорочните проблеми што произлегуваат од промените во начинот на живеење и се' поголемата загриженост за здравјето.

„Барот во едно кафуле е парламентот на народот“, напиша Оноре де Балзак, но деновиве се' помалку се посетува, особено од младите луѓе. Не само што Французите трошат помалку и пијат помалку намалувајќи ги интензитетот и квалитетот на дебатите, туку на 1 јануари годинава, по многу воздивнувања, Франција ја прошири забраната за пушење во баровите, кафулињата и во рестораните.

Марко Мајо (42), бармен во кафулето „Реле“ во Париз во 18. кварт, вели дека забраната за пушење го намалила неговиот бизнис во кафулето и барот за 20 отсто. „Место какво што е моето не им се допаѓа на сите; многу е строго за работа. Се чувствува дека веќе не е привлечно“, вели тој. Порано клиентите би влегле во кафулето, би испиле кафе, цигара и уште едно кафе. Но, сега тие излегуваат надвор за да пушат и понекогаш не се враќаат, истакнуваат многу сопственици на кафулиња. Жерар Рено (57), сопственик на ресторанот „Де леглиз ин марсене-ла-кот“, вели дека бизнисот е намален за најмалку 30 отсто. „Сега луѓето не јадат. Тие влегуваат за кафе или за мал аперитив и тоа е тоа. Ние сме навикнати да бидеме зафатени, но сега се чувствуваме мрзливи и тоа е депресивно“.

Герин се обидува да го продаде своето кафуле во овој прекрасен град со 3.000 жители, посетуван од туристите.

Жан-Луј Умберт е окружен директор на Федерацијата на кафулиња, кафеани и дискотеки и е искрен околу шансите на Герин. „За неа е готово“, вели тој. „Никој не сака да го купи. Банките не сакаат да и' зајмат повеќе пари и ќе заврши со ликвидација“.

Даниел Переј (57), сопственик на „Кафе ди крусификс“ во Кримоло, за тоа ги обвинува општествените промени и истакнува: „За жал, тоа е крајот на едно живеење. Културата се менува и ние го чувствуваме тоа“.

Луѓето пијат помалку, пушат помалку и трошат помалку, па дури и оние кои пијат се претпазливи пред локалната полиција, која сега се движи во близина на барот, особено ноќе, за да ја провери трезноста на возачите. Претседателот Никола Саркози побара од полицијата да ги казни пијаните возачи. „Работниците не користат такси“, вели Переј, насмевнувајќи се. Тој со задоволство ги покажува фотографиите од мало полициско возило, врзано околу дрво на паркиралиштето, останато по една несреќа, и вели: „Тие треба да повикаат пожарникари за да го извлечат оттаму“.

Кафулето, вели тој, е еден вид јавна дневна соба, особено во помалите градови и места, и ги чувствува промените како што се менуваат навиките и законите. „Потребно е кафулето да има рамнотежа меѓу внатрешноста и надворешниот свет“, вели Переј. „Без кафулето се губи дружељубивоста. Се губат другарите. Деловните договори се прават зад барот“. „Треба да бидеме многу претпазливи“, продолжува Переј. „Ако стандардизираме се' во Франција, ако испитуваме се' и забраниме се', го уништуваме почитувањето на нашата култура. Треба да го задржиме кафе-барот. Што е село без кафуле, училиште, аптека, пекарница и собрание?“

Едуард Ечевери, познат едноставно како Дуду, со широко пријателско лице и голем стомак, кој потсетува на барменот од „Амели“, е сопственик на „Експрес“, преполн бар и ресторан на улицата „Сен-Оноре“ во Париз. Тој ги намали цените - кратко кафе за едно евро, а „перно“ за две. Тој покажува кон муштеријата кој седи сам на маса, пиејќи чаша вода. „Тоа е нашиот нов муштерија“, вели тој. Потоа се врти кон група банкарски службеници на другата маса и вели: „Гледате, добија 386 милијарди евра од владата, но не можат да потрошат ниту цент кога доаѓаат тука!“

Марија и Филип Малишие, сопственици на новообновениот ресторан „Дук д’Албрет“ во Париз, изгледаат несреќни. Тие имаат 35 места, а неодамна за време на ручекот ресторанот беше речиси празен, со една стара шпанска двојка и една жена. Сега со економската криза, вели Малишие, има „шише обична вода, главно јадење и толку“.

Во Париз, Бернар Пиколе (60) е сопственик на „О ами ди божоле“, основан од неговото семејство во 1921 година на улицата „Де Бери“. „Начинот на живеење се смени. Французите веќе не јадат и не пијат како Французи. Тие јадат и пијат како Англосаксонците, Британците и Американците“, вели тој.

Картие и неговиот синдикат отворија училиште за нови сопственици на кафулиња, во обид да ги научат да најдат погодно работно место, да служат подобро пијалаци и храна, да размислат за поставување телевизори со рамни екрани, да бидат сигурни дека го служат омиленото шише пијалак кај француската младина „кока лајт“.

Во Париз, Пиколе од „О ами ди божоле“ едноставно вели: „Кафе-барови? Тие се готови. Пред 20 години, луѓето наутро ќе поминеа пред работа на кафе и цигара. Сега тоа е готово. Младите луѓе не пијат во текот на денот, а кога пијат, се опиваат. Пушењето е забрането и тие јадат по пат, со кафето в рака. Пушат и пијат дома“. (Њујорк тајмс)


Статијата е прочитана 1705 пати.

Испрати коментар

Од: Zoran - Miami
Датум: 04.12.2008 01:25:49
Kaj go ima toa be... kafe bez cigara... Only in America... idiotska drzava... sega i Evropa, utre i Makedonija... Ne pij, ne pushi, ne brkaj zeni pa zosto da ziveeme ? Za da rabotime i pravime pari na golemite korporacii . HA HA HA
Од: ivka
Датум: 04.12.2008 09:18:53
е ова е лошооооооо абе се убива социјализирањето со овој потег, истото ќе го доживееме и ние, па за тоа и постојат тие барови.
Од: Лидија
Датум: 04.12.2008 12:01:48
Станува ли здодевно, отуѓено, непријатно во кафулињата? И кај нас се' повеќе млади се собираат по домовите. Попријатно е, послободно, поинтимно, далеку поевтино. Едноставно не ја чувствуваш на своите плеќи надменоста на набрзина збогатените газди на кафулињата, на оние кои крадејќи од слободните градските површини и плаќајќи минимални износи за определените граници, сега со џипови, беемвејци и мерцедеси изигруваат способни бизнисмени. Да се свртиме кон семејството и искрената семејна атмосфера.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Штрајкот заврши, сите здивнаа
Децата се вратија во училиштата
Претходен број
Зденко
Ќе тропне ли на врата девалвацијата?
Атентатот останува мистерија
Премиерот Груевски сведочеше против Фрчкоски
Неочекувано поништен тендерот за „Чебрен“ и „Галиште“
Вербатим
Се тресеше гората...
НАТО не се откажува од Македонија
Источно од името
Гошев не попушта - засега не ги намалува каматите
Карикатура