Број 3260  сабота, 17 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Економија

Нови правила за денационализација

Измените и дополнувања на Законот за денационализација во прво чит��ње добија зелено од собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Опозицијата најави дека нема да даде поддршка на Законот, бидејќи, според нив, спорен е членот со кој се предлага да се постапува по барањата поднесени до 7 мај 2003 година, а по овој рок државата не е должна да го врати имотот, туку барателот парично да го обесштети. Пратениците од опозицијата сметаат дека предложениот Закон е грубо кршење на основните принципи, поради што е почнат процесот на денационализација и оти со донесувањето на оваа одредба ќе бидат оштетени многу граѓани.

„Со Законот се обидувате да ги изиграте сите оние кај кои постои најмала можност да им се врати имотот, да им понудите паричен надоместок. Подобро ќе беше да размислувате како побрзо да го вратите имотот место да се обидувате да им дадете вредност“, рече Маријанчо Николов од СДСМ.

Заменик-министерот за финансии Недим Рамизи појасни дека не им се скратени правата на граѓаните, односно оти не се оспорува правото на барателот да не може да го поврати земјиштето доколку тоа е слободно. „Со овој член државата има право да располага со имот само во одредени случаи каде што таа има потреба да гради објекти од јавен интерес. Доколку се утврди дека земјиштето не може реално да се врати, за него на барателот ќе му биде исплатен надоместок“, истакна Рамизи. (МИА)


#
Статијата е прочитана 1033 пати.

Испрати коментар

Од: isfrustriran
Датум: 17.04.2010 10:08:20
Најголем проблем во било кој закон кај нас е што се прилагодува на поединци и групи за тесни интереси а за примената да не зборуваме - партиските интереси се главни одредници во примената.Останатите со прст во уста...
Од: Déjà Vu
Датум: 17.04.2010 11:19:21
Ова е еден од законите Каде што треба да се Примени Принципот на Незастарување!Врз Граѓаните со одземен„национализиран“имот се врши уште една кражба!Со Проценката на имотите,од страна на државата,имоти во Центар на Градот се проценуваат како безвредни,а дури и тие пари,можат да ги добијат со Безкаматна исплата за 10 години!(?) Немала пари да ги врати веднаш!?Ако,случајно,обештетениот се реши да ги продаде обврзниците,за возврат добива само 70-78% од добиената (со обврзници)вредност!Повторно-Грабеж!Ова е уште едно од низата Повреди на Правото на Граѓаните кои ограбениот„национализиран“имот нема никогаш да може да си го вратат во негова Реална Вредност!Најголемиот проблем е со Изградените Фабрики и други градби на местата на ваквите имоти!Дури и сега имаме примери на градење врз ваков имот!Расадник,каде се издадени имотни листови на сопственици на Новоградбите,наводно го заплеткаа правниот систем,иако,Логиката на Правото во Реалниот свет е позната: Не Смее Никој да гради во Туѓ Имот!!!
Од: vmrovec
Датум: 17.04.2010 23:26:39
E ne mi e jasno kako se borat ovie vmrovci protiv komunistite i nivnata nacionalizacija koga i tie ne gi vrakaat imotite odzemeni od komunistite. I ako se navistina se borat protiv crvenite kako togas ne im se vraka zemjata ili drug imot na vistinskite sopstvenici. Pogotovo sto ima golemi zdelki vo imotno-pravnite komisii vo opstinite koi objekti ili imot koj ceka na denacionalizacija go izdavaat za biznis. I vo ministerstvata se prodava zemja koja e predmet na denacionalizacija so sto se pravata krivicni dela.
Од: ohridska denacionalizacija
Датум: 18.04.2010 15:02:29
2000 kvadrati vo centar na Ohrid za 30000 evra vo obvrznici. Zemi ili ostavi. Prazno zemjiste kaj bolnicite vo ohrid so izlez na ulica komisijata za funkcionalnost veli deka nemalo moznost za vracanje. A na lokalnite "mangupi od VMRO ili SDSM" im e vrateno. Za dve tri godini ce srtane funkcionalno koga ce nikne stanben kompleks. eden m2 vo ohrid tamu se dvizi i do 150 evra. kakva pravda pak krazba samo od drugi

Најди! во Утрински
Економија
Откажани повеќе летови од скопскиот аеродром
ФАО ќе помага во управување со државното земјоделско земјиште
Слаб старт на инвестициите годинава
ЕИБ е џин во сенка
Грција, сепак, се одлучи да побара помош од ММФ и од ЕУ