Број 3260  сабота, 17 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Економија

Грција, сепак, се одлучи да побара помош од ММФ и од ЕУ

Грчката влада, сепак, се одлучи да побара помош од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и од своите партнери во Европската унија, пишува „Фајненшл тајмс“, објаснувајќи дека станува збор за „неминовен потег“ на Атина, во ситуацијата во која се наоѓа земјата. Иако Грција инсистира дека формално не е побарана помош, испраќањето писмо до ММФ и до ЕУ за заемот што тие и' го ветиле на атинската влада, практично означува барање помош, па високи претставници на Фондот и на Унијата од Брисел во понеделник ќе дојдат во грчкиот главен град на почеток на преговорите со тамошната влада. Условите што од Грција ќе ги побараат ММФ, но и нејзините европски партнери, ќе бидат строги, па лондонскиот весник предвидува од владата на премиерот Јоргос Папандреу да бара натамошно намалување на буџетската потрошувачка и отпуштање на вработени во државниот сектор, затоа што Грција и понатаму има најмногу луѓе во својата администрација.

Одлуката на Грција да се спасува со помош на ММФ и на ЕУ означува капитулирање на атинската влада пред недовербата на меѓународните пазари на пари кон земјата. (МИА)


#
Статијата е прочитана 649 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Откажани повеќе летови од скопскиот аеродром
ФАО ќе помага во управување со државното земјоделско земјиште
Слаб старт на инвестициите годинава
Нови правила за денационализација
ЕИБ е џин во сенка