Број 3260  сабота, 17 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Економија

ЕИБ е џин во сенка

Домашната банка на ЕУ во минатата година даде финансиска поддршка во износ од 79 милијарди евра, колку што е буџетот на Белгија

Европската инвестициона банка е најголемиот инвеститор во светот, а истовремено е толку непозната како ниту една друга банка. Која е улогата и задачата на ЕИБ, тешка милијарди евра? Домашната банка на ЕУ во минатата година даде финансиска поддршка во износ од 79 милијарди евра. Тоа е исто колку вкупниот државен буџет на Белгија. Во ЕИБ свој удел имаат сите земји-членки на Унијата. Вицепретседателот на ЕИБ, Матијас Колац-Анен, ги објаснува трите најважни задачи на банката: „Првата задача е поддржување на помали и средни претпријатија. Тоа не го правиме ние директно, туку со помош на други банки. Второ, ги поддржуваме стопански слабите региони во Европа, т.н. конвергентни региони, а такви во Германија има се' помалку. И, трето, поддржуваме се' што придонесува за одржување на производството“, вели тој.

„Одржливост“ во стопански слаби региони. Зад оваа формула се крие истиот процес во ЕИБ веќе 50 години. Кога некоја нова земја му се приклучува на европското семејство, мора веднаш силно да се инвестира во неа. Нови улици, водовод, железнички станици или се инвестира во најчесто пропаднатата индустрија. На тој начин ЕУ сака да срасне и притоа да го задржи нејзиното стопанско ниво, значи да конвергира.

Таков беше примерот со германското обединување. ЕИБ во голем стил инвестира во новите германски покраини кои официјално се прогласени за конвергентни региони на ЕУ: „Значи, последниот голем проект ’германското обединување’, што го финансираме, е изградбата на берлинскиот аеродром „Вили Брант“. Но, класичните инвестиции, всушност, се работи, како изградба на системи за водовод и одвод или, пак, санирање и модернизирање пречистителни станици на вода за градови како Бранденбург или Дрезден“, појаснува Колац - Анен

Но, додека парите од ЕИБ стигнат до пречистителната станица поминува многу време. ЕИБ прво со месеци испитува дали таа станица навистина е од полза за конвергентноста на Европа. Доколку одговорот е - да, тогаш ЕИБ, како голема и веродостојна банка, зајмува средства по ниски камати од меѓународниот финансиски пазар. Парите, ЕИБ потоа и' ги дава на некоја помала деловна банка во Германија за да може таа да го поддржи проектот во Дрезден со поволен кредит. Меѓутоа, предуслов е и германската деловна банка да даде еднаков износ пари за проектот, што го добива од ЕИБ: „Не го истиснуваме веќе постојниот регионален банкарски сектор од бизнисот, токму поради механизмот што го користиме. Значи, по правило, финансираме 50 проценти, но тој процент некогаш може и да се намали“, истакнува соговорникот.

Значи, кредитите на ЕИБ помагаат да се поттикне локалната економија во конвергентните региони. Моментно, ова се случува во Источна и во Западна Европа. Големи актуелни проекти, како изградбата на новиот автопат во Полска не би биле можни без поддршката од ЕИБ.

Покрај проекти од областа на транспортот и градежништвото, ЕИБ засилено финансира и проекти за заштита на климата во Европа. ЕИБ е „непозната“банка на ЕУ со голема финансиска моќ. Во Германија се финансирани редица проекти од областа на обновливите енергии, покрај другото, и изградбата и поставувањето голема постројка на соларна енергија во Бранденбург. За 2010 година, во центарот на вниманието во Германија се наоѓа изградбата на паркови за добивање струја од ветер. Но, ЕИБ во иднина нема да инвестира во голем стил само во Германија.

Банката ги следи политичките цели на ЕУ, профитот е споредна работа. Тоа е една од причините, зашто ЕИБ како една од најголемите банки во светот остана недопрена од светската финансиска криза. Оваа 2010 година ЕИБ позасилено ќе инвестира во Турција, Србија и Хрватска. На овој начин големата „непозната“ банка на ЕУ уште денес создава факти, таму каде што дури утре ќе се дискутира за можен прием во Унијата. (Дојче веле)


#
Статијата е прочитана 635 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Откажани повеќе летови од скопскиот аеродром
ФАО ќе помага во управување со државното земјоделско земјиште
Слаб старт на инвестициите годинава
Нови правила за денационализација
Грција, сепак, се одлучи да побара помош од ММФ и од ЕУ