Број 3260  сабота, 17 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Економија

Откажани повеќе летови од скопскиот аеродром

И на скопскиот аеродром „Александар Велики“ вчера беа откажани повеќе летови кон европските дестинации поради затворањето на аеродромите во европските држави. Според информациите од аеродромот, откажани се летовите од Прага, Будимпешта, Брисел и обратно.

Откажани беа летовите од Прага кон Скопје и обратно на авиокомпанијата „Чех ерлајнс“, од Будимпешта и обратно на авиокомпанијата „Малев“, како и летовите во двете насоки кон Брисел на „Ерлифт“.

Вчера над стотина лета беа откажани од повеќе европски аеродроми и од САД поради големиот облак вулканска пепел што излегува од вулканот на Исланд. За денешните летови од аеродромот „Александар Велики“ велат дека се' зависи од тоа во кој правец ќе се движи облакот со вулкански пепел. (С.М.)


#
Статијата е прочитана 740 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
ФАО ќе помага во управување со државното земјоделско земјиште
Слаб старт на инвестициите годинава
Нови правила за денационализација
ЕИБ е џин во сенка
Грција, сепак, се одлучи да побара помош од ММФ и од ЕУ