„Транспаренси интернешенел“: Македонија нема напредок во борбата против корупцијата
Александар Пешев
БЕРЛИН - Македонија заедно со уште неколку земји во Југоисточна Европа нема постигнато значаен напредок во борбата против корупцијата, тврдат од меѓународниот секретаријат на „Транспаренси интернешенел“ во Берлин. Според програмскиот координатор за Европа, Корнелија Абел, промената на позицијата на земјава на листата на меѓународната организација не ја рефлектира реалната борба со корупцијата.
„Политичарите често повеќе внимание му посветуваат на местото на државата на листата, што не кажува многу. Напредокот се гледа во промената во пресметаниот индекс, кој доколку не надминува 0,4 индексни поени, нема значаен напредок во борбата против корупцијата“, вели Абел. Според неа, местоположбата на земјата на ранг-листата се менува поради други фактори, како што се неуспесите на други држави или, пак, додавање нови држави на листата.
Пред речиси два месеца Владата најави дека е постигнат значаен напредок во борбата против корупцијата. Македонија се искачи 12 позиции на листата за перцепција на корупција. Од 84. место во 2007 година Македонија се најде на 72. место годинава. Сепак од „Транспаренси интернешенел“ тврдат дека потребно е повеќе да се работи за борба со корупцијата, посебно имајќи предвид дека индексот за Македонија е променет за 0,3 индексни поени, имено помалку од потребните 0,4 за констатирање значајна промена.
„Транспаренси интернешенел“ има слични забелешки и за други земји во соседството на Македонија.
„Покрај екстензивните реформи и надворешните поттикнувачи во претпристапниот процес кон Европската унија, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина значително не го подобрија својот антикорупциски став“, се наведува во заклучното разгледување од пресметувањето на индексот за перцепција на корупцијата. Како посебна забелешка од „Транспаренси“ го издвојуваат пристапот кон информации од јавен карактер, кој го сметаат како посебно проблематичен во Македонија и соседите кои се' уште не се членки на Европската унија.
Kako Makedonija da napreduva vo borbata protiv korupcijata, koga sudstvoto e na stranata na korumpiranite. So osloboduvanje na krimionalcite od "Zmisko oko" sudot isprati poraka deka slobodno moze da se krade, na krajot ce mora samo del od parite da se vratat i - teraj natamu. Pa i vrapcite vo Makedonija gledaa kolku pari otvoreno se kradea sekoja minuta na site naplatni rampi. Zosto "Transparensi internesenel" ne gi komentira osloboditelnite presudi vo slucajot "Zmisko oko"? Trebalo povece da se raboti, nemalo pristap kon informaciite... Drn, drn, drn...
Од: Censored
Датум: 01.12.2008 13:15:42
So muskuli ne se suzbiva korupcijata...
So drama i snimanje apsenja na kameri uste pomalku...
Ako treba, podobro e pritajno da se napravi toa...korumpiranite poveke i podobro ke ja naucat lekcijata... za razlika od ova "javnoto besenje" koe ni go prireduvaat sekoja vecer efikasnite sluzbi na bezbednost na zemjata.
So ovie smesni plati, i ovaa inflacija tesko deka postoi covek koj ne bi dobil podarok...
Sepak, sekoj e necij roditel. A vodejki se spored zivotinskiot instinkt, i kokoskata se grizi za pilinjata...pa vo slucaj na rizik ama ic ne bira sredstva kako da gi odbrani...
Jas, sakam da isceznam od ovaa prokleta zemja!
Од: Марија
Датум: 01.12.2008 15:43:31
Нека се нареди сега цела влада и премиерот нека објави 0,3 процентни поени што значи не се ни 0,4 поени што би значело подобрување. Значи ни борба ни чорба ,подобрување НЕМА. Нека стане сега Ѓорчев во парламентот и онака со восхит и занес нека каже Македонија е на 72 од 84 место во борба со корупцијата ,по која математика се воделе или и од трансперенси интернешнал се против нас .А парите за реклами од гладни грагани кој ке ги оправда?Само вистинска и неселективна борба дава резултати и како таква се отценува а не театри и „акциони филмчиња„ за забава на народот.Треба вистинска борба со криминалот и народот сам ке прави раклами за успех на која било влада да е на власт .Доста ни е веке од журнали и филмови, време е за вистинска борба со криминалот и корупцијата