Број 2851  понеделник, 01 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Опозицијата на избори соло, власта здружено


Влегуваме во период кога на опозициските партии им се наметна политиката секој сам да се спасува, кој колку што може, вели Андов

Партнерите од „Сонце“ се решени сами да ги испробаат силите на претстојните избори

Оливера Војновска

На пролетните претседателски и локални избори опозицијата настапува соло. Социјалдемократите, новите социјалдемократи, либералдемократите и либералите на Стојан Андов изборниот маратон ќе го трчаат самостојно, сосема свесни дека премиерот и лидер на десницата, Никола Груевски, стартува со огромна предност.

Довчерашните коалициски партнери во „Сонце“, и покрај опасноста да го изгубат здивот и целосно да папсаат уште пред да стасаат на целта, решени се секој сам да си ги испроба силите. И по цена да му олеснат на Груевски да ја добие апсолутната власт во државата. Наспроти разединетата опозиција, извесно е дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ нема да им откаже љубов на партнерите од коалицијата „За подобра Македонија“.

Централниот одбор на СДСМ минатиот викенд донесе одлука за самостоен настап на локалните и на претседателските избори. Според в.д. претседателот Зоран Заев, СДСМ е во полна кондиција, а анкетите на терен покажувале дека социјалдемократите добро котираат пред изборите. Тој е оптимист дека на мартовските избори ќе постигнат резултат што ќе биде барем еднаков на оној од претходните локални избори, каде што СДСМ обезбеди 30-ина градоначалнички места.

Почесниот претседател на Либералната партија, пратеникот Стојан Андов, вели дека моменталната состојба на локално ниво е таква што партиите на власта и на опозицијата се избалансирани. Но, тој прогнозира дека на локалните избори ќе има прераспределба на силите и власта ќе извојува уште една победа. „Сите анкети, без оглед на тоа што се правени во една жестока наметлива пропаганда, покажуваат дека ќе дојде до ново престројување на локално ниво и дека партиите на власт и таму ќе обезбедат голем успех. Сегашната атмосфера укажува на тоа дека таквите прогнози ќе се потврдат и треба да бидеме свесни за тоа. Но, тоа не значи дека опозицијата треба да биде депресивна и да ја зафати дефетизам. Особено поради тоа што се работи за општински избори, се третираат локални проблеми и голема улога има изборот на кандидатот, неговата личност и влијанието што го има во средината. Мислам дека влегуваме во период кога на опозициските партии им се наметна политиката секој сам да се спасува, кој колку што може. За утре никој да нема одговорност зошто влегувал во вакви или онакви ��оалиции или правел отстапки на некои коалициски партнери. Како што и' забележаа на Радмила Шекеринска, кога одговорноста за предвремените парламентарни избори делумно и' беше префрлана и поради тоа како се однесувала со коалициските партнери“, вели Андов.

Тој е уверен дека „заедничкиот настап дава повеќе можности“, но ако СДСМ мисли да настапи соло, либералите ќе се испробаат самостојно. „Можеби не за градоначалници, но кај советите може да имаме успех. Либералната партија има истакнати личности кои уживаат углед во своите средини“, вели Андов.

Членот на Извршниот одбор на ЛДП, пратеничката Роза Топузова- Каревска, вели дека ЛДП уште пред еден месец најавила самостоен настап и за локалните и за претседателските избори. „ЛДП се подготвува за пролетните избори и во тек е промоцијата на програмата и платформата. Уште тогаш кажавме дека во одделни општини сме подготвени за коалицирање со секој што ќе најде допирни точки со нашата платформа. Расцепканата опозиција и' дава поголеми можности на ВМРО-ДПМНЕ да освои повеќе места. Но, сметаме дека поради членството е добро на избори да излеземе сами и да се мобилизираат општинските организации“, вели Топузова-Каревска. Нискиот рејтинг на ЛДП воопшто не ги фрустрира.

„Анкетите секогаш не се најдоброто мерило, особено за малите партии, тие не се ни посочуваат при испитување на јавното мислење. Така што изборите се добра можност да ги испробаме силите“, смета Топузова-Каревска.

Либералот Андов смета дека апсолутната власт ќе му донесе на Груевски и апсолутна одговорност. „Колку е тоа здраво за една држава, ќе видиме. Доколку нема сериозна опозиција, во кој било дел од власта, тешко дека ќе се обезбеди одговорно владеење. Неодговорното владеење може да ја одведе земјата во тешки конфузии. Таа сигурно ќе се преживее, потоа историјата ќе оценува. Таа ништо не простува“, заклучува Андов.

Потпретседателот на НСДП, Иван Анастасовски, вели дека и во неговата партија разговарале за самостоен изборен настап. „Расцепкувањето на опозицијата му остава уште поголема шанса на Груевски да извојува нова победа. Лично сум за тоа НСДП да оди соло. Бидејќи, кога се формираше ’Сонце‘, целиот гнев на членството се истури врз мене. Еве сега нашите локални функционери имаат шанса да покажат колку вреди НСДП на политичкиот пазар“, вели Анастасовски. Тој додава дека ќе имаат самостојни советнички листи, а за градоначалниците оставаат можност да поддржат друг кандидат во општините каде што нема да номинираат сопствен. „Но, тој мора да биде од левиот блок, сојуз со десницата, со која две години бевме во власта, не доаѓа предвид“, вели Анастасовски.


Статијата е прочитана 1099 пати.

Испрати коментар

Од: demokrat
Датум: 01.12.2008 00:24:22
ja pozdravuvam odlukata na sdsm da odi samostojno. smetam deka koaliciranjeto so andov i tito samo poveke i nanesoa steta od kolku korist a tie i obezbedija mesta vo parlament iako mislam nikoj ziv ne gi ceni tokmu poradi nivnata neprincipielna prevrtlivost. sdsmovcite im gi izrabotija mestata koi mozea da gi drzat luge od sdsm. samo napred i potsetete go narodot i za plateznata kartica i za telekom, okta, stanvite, vojo, staninov, dalavera i konecno glavniot mentor - ljubco i tezata otade grupcin ne ne zanima , dolga e listata, kako sto vmro se vraka 100 godini nazad potsete gi i vie
Од: commanddevil
Датум: 01.12.2008 00:28:04
uff bravo--zamisli samo kakva ,,pobeda,, ke izvojuvaat ,,ogromnite,, partiicki mkako nsdp,ldp i slicni trt mrt-maalski zdruzenija .......odlicno....mozebi sega sekoj ke formira po nekoja maalska partiicka za izbori..heheh super...
Од: trpe
Датум: 01.12.2008 00:50:10
Konecno nestopametno i od vas isluzeni marioneti!
Од: makedon
Датум: 01.12.2008 01:43:17
vreme dojde da vie koi ja turnavte drzavata vo siromastija i stvorivte oligarsi i sakate da go smenite imeto da zaminite zasekogas od politikata vo makedonija. samo steta od vas vide narodot i drzavata, a poslem site pari da gi vrativte stoi gi ukradovte.
Од: iluzionist
Датум: 01.12.2008 03:10:06
Smetam deka SDSM ke osvoi rekorden broj na gradonacalnicki mesta.Ali toa e samo moja vesela matematika.NSDP ke bide vednas zad nashite po brojot na gradonacalnici a treta ke bide partijata na Stojan Andov a Grujo duri na cetvrto mesto:)).Lugje ne e bitno koj ke e na celo na lokalna vlast-tuku treba da se raboti a ne da se delat salami i kashkavali i socijalni stanovi na dobro ekonomski situirani lica-kako sto toa bese vo Resen.Vo Resen imeno najgolema manipulacija se vrsi vrz Romite od strana na segasniot gradonacalnik.
Од: horizont
Датум: 01.12.2008 03:48:05
napred tito veruvam vo nsdp
Од: stec
Датум: 01.12.2008 07:40:15
Вистински момент за проветрување на политичката сцена. Редно е веќе да се исчистат од политичката сцена ЛДП, ЛП, НСДП и др. наменски партии кои се со никаква или роднинска база од 100 тина симпатизери и нивни пријатели. Јасно е дека на политичката сцена нема место за нив и служат само за политичко поткусурување. Го поздравувам чекорот на СДСМ (нема потреба да ги шлепаат овие партии). И онака СДСМ ќе изгуби на избориве, но со ова проветрување создава можност на следните избори (по погребот на ситниве партии) нивните членови да го подржат СДСМ. Прашање на време и на изборен циклус - кога истото ќе се случи и кај коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ - а и ТРЕБА да се случи
Од: rekanec
Датум: 01.12.2008 08:58:17
pa i redno bese da odat vo istoria ovie covek partia.toa treba da go stori i vmro neka odat sami na izbori i neka se odmerat silite koj kolku vredi.
Од: petar
Датум: 01.12.2008 08:59:46
kolku e ubava foteljava ic ne mi se odi vo penzija ne nauciv ni eden od moite da bide politicar kako mene a ne mi se ostvari sonot da pred javnosta ocrnam uste nekoj vo ime na zakonot.Ako barem na rodninite im ostaviv po nesto da se sekavaat.
Од: POMNI i NE ZABORAVAJ
Датум: 01.12.2008 10:11:10
Otkak go ukradoa i izvalkaa "Patot na Sonceto-Patot na Svetlinata" od POMNI, sega ke odat na izbori "Solo"!? Site po nesto iskopiraa, zosto ne naucija barem da imaat megjusebna pocit, da se institucionaliziraat kako opozicija, da napravat "Vlada vo Sonce (ne vo senka)"? Dali narodot uste ne naucil da gi cita. Nema iskreni nameri za unapreduvanje na Makedonija kas individualnite partii koi sakaat "solo" na slednite izbori, ami ima samo PARTISKI INTERESI! Osobeno e toa tocno za Stojan Andov ( kogo ste go stavile za ilustracija).
Од: Pane, Veles
Датум: 01.12.2008 11:33:28
Da Vi cestitam na porazot. Odnapred i dadovte sansa na Vlasta da pobedi. I vie ke bidete odgovorni za „realsocijalizmot“ koj vo Makedonija ke zavladee od april 2009 godina. Nam ne ni ostanuva nisto drugo osven da gi stavime rozevite ocila a sto ke napravite Vie gospoda od SDSM, LDP i ostanatite? Navistina ne sakam da gledam.
Од: kustos
Датум: 01.12.2008 15:07:02
Strasno e kolku isfrustrirani gradjani ima ovaa drzava. Kakvi Gradjani takva vlast! Koj na kogo mu gleda seir? Se prasuva li nekoj za toa! Ovoj basibozuk od stilot "anarhijata e majka na redot" se znae kako ke zavrsi! A stvarno istorijata ke presudi, a na zalost drug ke ja napise...nas ednostavno ke ne nema.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Моштите на свети Климент Охридски ќе ги зближат МПЦ и БПЦ
СДСМ бара смена на Јанкулоска за „Змиско око“
Костовски на тапет на ВМРО-ДПМНЕ
„Транспаренси интернешенел“- Македонија нема напредок во борбата против корупцијата
СДСМ нема да се крие на „Бихаќска“
Контратужба по пријавите од МВР за кумановскиот градоначалник
Петрески со кривични пријави ќе го брани оспорениот ДУП за Бејбунар