Број 3077  четврток, 03 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Економија

За средношколците 19 милиони евра од СБ

Децата што посетуваат редовно средно училиште, а потекнуваат од семејства приматели на социјална помош, ќе добиваат по 12.000 денари годишно за потребите за школување. Средствата се обезбедени од Светска банка, а договорот вчера го потпишаа вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, и претставникот на Светска банка во Македонија, Маркус Репник.

Со договорот Македонија добива 19 милиони евра. Рокот на отплата е 25 години, со седум години грејс-период и варијабилна каматна стапка, која е приближно еден процент. Потенцијалните корисници на овие средства се проценуваат на 18 до 20 илјади, а услов за да ги добијат е да се редовни ученици и да го завршат образованието.

„Цел на проектот е да им помогнеме на сиромашните семејства да ги испратат децата во средно училиште, да може да ги извадиме од сиромаштијата“, рече министерот Ставрески, кој додаде дека тоа е и поддршка на мерките на Владата за задолжително средно образование.

Според претставникот на Светска банка, Репник, ова е значаен проект, особено во услови на светска економска криза, со кој се штитат најранливите категории граѓани. Бенефициите од проектот, како што рече тој, ќе се почувствуваат откако ќе помине кризата.

Репник смета дека успехот на проектот не зависи само од Владата, која прави значајни чекори на овој план, туку и од секој граѓанин на Македонија, кој има деца и треба да вложи напори за да им обезбеди образование. Македонија е прва земја во регионот со ваков проект. Се спроведувал во Мексико и во Бразил пред 10 години, како и во некои други земји, кои имаат позитивно искуство. (МИА)


#
Статијата е прочитана 321 пати.

Испрати коментар

Од: od citatel
Датум: 03.09.2009 10:23:27
Ova za sto se zalaga vladata preku obrazovanieto e cista karikatura.Prvo producira socijalni semejstva pa potoa se deklarira kako spasitel na socijalcite. Ocigledno vaka moze da manipulira polesno so narodot. Veke tolku ste prozirni vo namerite, sto ne e potrebno nitu obrazovanie za da se procitate.I voopsto nepismeni i prvacinjata duri moze da ve procitaat. Drzavata ja napravivte beter i od Tunguzija.Sramota za ovaa vlada.

Најди! во Утрински
Економија
Музеите, автобусите, жичарницата... во аут со вториот ребаланс
Синдикатот обвинува за чистки во образованието
Хрватската економија падна за 6,3 отсто, негатива и в година
Во Романија најголема фабрика за Пепси
ЕУ ќе му даде екстра 75 млрд. долари на ММФ
„иБеј“ го продава „Скајп“
Да се замрзнат платите на државните службеници
Потрошувачката кошница во август - 11.825 денари