Во Романија најголема фабрика за Пепси
Букурешт - Вториот по големина светски производител на пијалаци, „Пепси Америкас“ вчера во романскиот град Драгомиреш, во областа Илфов, отвори своја фабрика.
„По завршувањето на проектот на почетокот на 2011 година или нешто порано, инвестицијата ќе достигне 150 милиони долари. Тоа е доказ за довербата во романската економија и во нашите работници. Ова ќе биде најголема фабрика на ’Пепси Америкас‘ во Европа“, изјави претседателот на „Пепси Америкас“ за Романија, Мајк Холмс. (МИА)
|