Број 3077  четврток, 03 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Економија

Синдикатот обвинува за чистки во образованието

Едни се бркаат, а други се вработуваат на нивно место, посочуваат во ССМ

Маја Томиќ



Во образованието се прават чистки меѓу вработените, едни се бркаат од работа, а на нивно место се вработуваат други лица, посочија на вчерашната прес-конференција во Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Дали станува збор за политички пресметки, односно вработувања по партиски клуч, или не, и кој поконкретно стои зад таа работа, од ССМ не сакаа да прејудицираат, само укажаа дека е тоа фактичка состојба во многу образовни институции во земјава.

„По неодамнешните најави на Мултиетничкиот синдикат за образование, МЕСО и на ССМ дека ако надлежните не ги разгледаат доставените барања за итно решавање на статусот на оние кои се без трајни договори за работа, вработените ќе организираат штрајк, насекаде се вршат огромни притисоци. Очигледно дека Спогодбата која лани ја склучи Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) со Министерството за образование, е на штета на вработените, кои наместо решенија за неопределено време, добиваат откази“, изјави на вчерашната прес-конференција портпаролот на ССМ, Милан Живковиќ. Тој го повика претседателот на СОНК, Дојчин Цветановски, да каже јавно зошто го крие текстот на Спогодбата и што мисли точно да стори во оваа ситуација на нејзино непочитување, односно на губењето на работните места на лицата кои имаат склучено договори за определено време.

Според претседателката на МЕСО, Сузана Стефановиќ, веднаш по најавата дека МЕСО и ССМ ќе организираат штрајк во образованието, од СОНК било испратено писмо до сите основни организации дека Спогодбата во целост се реализира, но дека се пролонгира промената на работниот однос од објективни причини. Во писмото уште стоело дека СОНК ќе стои зад остварувањето на правата само на оние вработени кои се негови членови, а дека другите немаат основа да користат права што ги обезбедува СОНК, согласно со склучениот Колективен договор и другите документи.

Стефановиќ посочи дека во МЕСО и во ССМ во изминатите два дена имало многу лични и телефонски обраќања за помош на вработени во образование, кои се членови на СОНК и кои ги изгубиле работните места. Таа рече дека според досегашни сознанија, во гимназијата и во медицинското училиште во Тетово имало 45 раскинувања на договори за работа, во беровската гимназија - 13, во Босилево - 15, во Василево и Иловица на половината од вработените им е раскинат договорот за работа, во Гевгелија на двајца, во Каменица е избркано од работа лице со пет години работа на дело, во гимназијата во Богданци, исто така, а слични примери има и со повеќе вработени од неколку градинки и основни училишта од Скопје.

„Сите овие вработени кои ги бараат своите права, се членови на СОНК, и со ова докажуваат дека овој синдикат, како владин синдикат, дал празни ветувања“, рече Стефановиќ, која реагираше на обвинувањата на Цветановски во јавноста дека МЕСО е составен од група која манипулира со вработените во образованието.

„Ако се тие оние што не' манипулираат, зошто ги доведоа вработените-нивни членови до оваа ситуација“, праша Стефановиќ. Таа додаде дека доколку до крајот на месецов надлежните не ги трансформираат решенија за работа на околу 7.000 лица, од определено на неопределено време, МЕСО ќе повика на протест. Овој синдикат ги повика сите оние што се засегнати од сопствениот статус, без разлика на кој синдикат му припаѓаат, да се обратат за помош во МЕСО или во регионалните канцеларии на ССМ.

Според потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев, Владата вели „знаењето е сила, знаењето е моќ“, со што на перфиден начин ја покажува „силата и моќта“ на владеење, обидувајќи се на брутален начин да ги партизира образовните институции, како да се дедовина на ВМРО-ДПМНЕ.

„Без малку во сите општини каде што локалната власт е во рацете на оваа партија, градоначалниците по директива на нивната централа од ’Илинденска‘ им даваат наредба на директорите од училиштата да ги отпуштат од работа според нив ’неподобните‘ наставници со работен стаж од две, три, четири, па и оние кои треба да наполнат пет години. Еве конкретни примери од десет општини: во Василево, ВМРО-ДПМНЕ истера од работа 17 наставници, во Босилово - 11, во Кривогаштани - 9, во Пробиштип - 19, во Крива Паланка - 17, во Ресен - 12, во Виница - 21, во Демир Хисар - 15, во Гевгелија - 13, во Кочани - 26, а во Штип со еден потег истера од работа неверојатни 103 наставници. Вкупната бројка на истерани наставници од страна на ВМРО-ДПМНЕ, на ниво на цела Македонија, ќе надмине над 1.000 луѓе“, рече Заев на вчерашната прес-конференција.

Според Заев, тоа покажува дека договорот за трансформација на работниот однос меѓу министерот за образование и наука, Никола Тодоров, и претседателот на СОНК, Дојчин Цветановски, со кој на наставниците кои имаат помалку од пет години работен стаж ќе им се продолжат договорите за работа без огласување, не е ништо друго освен добра шминка за пред јавноста.

„Господине Цветановски, нели вие држевте до вашите принципи и за вас зборот беше збор. Ќе штрајкувате ли сега по новонастанатата ситуација“, праша Заев и додаде дека на оние што се истерани од работа и на оние на кои им се најавува истата судбина и се наоѓаат во безизлезна состојба, СДСМ им стои целосно на располагање за помош во изнаоѓањето вистинско решение, преку правните механизми на државата и надвор од неа.



 


#
Статијата е прочитана 532 пати.

Испрати коментар

Од: pero
Датум: 03.09.2009 00:20:13
И Сталин може да му позавиди на методите на Грујо?????????? нели, Грујица остварува...се што фаќа запустува................
Од: јове
Датум: 03.09.2009 00:34:30
Треба Заев да го стават на чело на СОНК. Дојчин веќе е прочитан буквар. Се виде чии ‘интереси‘ застапува. На наставниците сигурно не.
Од: od citatel
Датум: 03.09.2009 10:41:42
Sindikatot ja obvinuva vlasta, nastavnicite gi obvinuvaat partiskite gradonacalnici, a vlasta uporno go pravi narodot mutav pa se deklarira kako pravicna. Ej maloumni vladini funkcioneri,veke od vas ni se gade gledajki ve po televiziite, a uste poveke slusajki gi vasite perverzni izjavi. Site ste za na gilotinja.Mislam deka i brzo ke vi dojde krajot.

Најди! во Утрински
Економија
Музеите, автобусите, жичарницата... во аут со вториот ребаланс
Хрватската економија падна за 6,3 отсто, негатива и в година
Во Романија најголема фабрика за Пепси
ЕУ ќе му даде екстра 75 млрд. долари на ММФ
„иБеј“ го продава „Скајп“
Да се замрзнат платите на државните службеници
За средношколците 19 милиони евра од СБ
Потрошувачката кошница во август - 11.825 денари