ЕУ ќе му даде екстра 75 млрд. долари на ММФ
Брисел - Министрите за финансии на Европската унија ќе одлучат со 75 милијарди долари да ги поддржат напорите на Меѓународниот монетарен фонд да ги задоволи кредитните потреби на земјите погодени со светската криза. Државите на ЕУ веќе ветиле 100 милијарди долари, петтина од 500 милијарди колку што бара ММФ. Група од 20 водечки економии досега на Фондот му вети 411,5 милијарди долари. Министрите за финансии на Германија, Франција и на Британија вчера рекоа дека Европа мора да ги зголеми вкупните донации на 175 милијарди долари, а денеска ќе побараат од помалите држави на ЕУ да им се придружат. Германија моментно е подготвена да издвои 35,95 милијарди долари, Франција вети 18,45 милијарди, а Британија ќе го зголеми своето учество за 11 милијарди, на 26 милијарди долари. (Макфакс)
|