Број 3077  четврток, 03 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Економија

Хрватската економија падна за 6,3 отсто, негатива и в година

Новите даноци и падот на личната потрошувачка оставија сериозни последици врз стопанството

ЗАГРЕБ - Домашниот бруто-производ во вториот квартал годинава ќе падне за 6,3 отсто, покажуваат првите процени на Државниот завод за статистика. Доказ за тоа е и натаму силниот пад на домашното стопанство, но охрабрува фактот дека процената, сепак, е нешто пониска од падот на БДП од 6,7 отсто во првиот квартал од 2009 година.

Иако точната пресметка за движењето на БДП во вториот квартал ДЗС ќе го објави на 25 септември, тој може само во мала мера да се разликува од сегашните прогнози. Иако проценуваа дека минусот во вториот квартал ќе биде нешто помал, од 5,5 до 6 отсто, аналитичарите не се посебно изненадени од процената на ДЗС, јавува „Јутарњи лист“.

„Со оглед дека трговијата на мало продолжи да паѓа со незабележително пониска динамика и во второто тримесечје, а таа е главен индикатор за личната потрошувачка на домаќинствата, беше јасно дека ништо добро не може да се очекува“, смета Здеслав Шантиќ, аналитичар на Рајфајзен банка. Тој наведува дека нивните првични процени се работени врз основа на очекуваните инвестиции спроти локалните избори, кои се чини дека потфрлија и со тоа крајниот резултат е полош.

Новите податоци се потврда и за состанокот на владата со синдикатите на јавните служби, заради ревидирање на договорите за плати. Во договорот се наведува дека повторни преговори за платите ќе се водат ако падот на БДП во два последователни квартала биде поголем од пет отсто, како што и се случи.

Но, по воведувањето кризен данок, се наметнува прашањето во која насока ќе тргнат новите преговори на социјалните партнери. Последното воведување данок на плати и зголемувањето на стапката на ДДВ не само што внесоа нов немир меѓу социјалните партнери, туку би можеле негативно да влијаат и на економскиот раст до крајот на оваа и во текот на идната година. „Зголемувањето на данокот сигурно ќе влијае на натамошно намалување на потрошувачката на домаќинствата, бидејќи се намалува нивниот расположлив доход“, истакнува Шантиќ. Поради тоа, во РБА ги коригираа претходните процени и сега очекуваат пад на БДП од 5,5 отсто оваа година, додека пред воведувањето нови даноци проценуваа минус од 4,5 отсто. Притоа, треба да се напомене дека во вториот дел од годината се очекуваат помали стапки на падот, исклучиво од статистички причини, односно споредна база.

Бидејќи владата планира новите даночни правила да ги применува и идната година, тоа ќе има еднакво негативно влијание врз закрепнувањето ��а економијата и во 2010 година. Со оглед дека претходно очекуваа стагнација на БДП во 2010 година, аналитичарите сега сметаат дека рецесијата ќе продолжи, со пад на БДП од еден отсто. (Хрватски медиуми)


#
Статијата е прочитана 288 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Музеите, автобусите, жичарницата... во аут со вториот ребаланс
Синдикатот обвинува за чистки во образованието
Во Романија најголема фабрика за Пепси
ЕУ ќе му даде екстра 75 млрд. долари на ММФ
„иБеј“ го продава „Скајп“
Да се замрзнат платите на државните службеници
За средношколците 19 милиони евра од СБ
Потрошувачката кошница во август - 11.825 денари