„иБеј“ го продава „Скајп“
ЊуЈорк - Најпознатата компанија за аукција преку Интернет „иБеј“ одлучи да го продаде „Скајп“ за 2,75 милијарди долари. Околу 65 проценти од акциите на „Скајп“ ќе ги преземат приватни инвеститори, а 35 отсто ќе задржи „иБеј“,. „Скајп“, кој пред пет години е основан од еден Швеѓанин, еден Данец и група естонски програмери, нуди можност за локални и меѓународни телефонски разговори преку Интернет. Корисниците на „Скајп“ можат да телефонираат бесплатно меѓу себе. „Скајп“ има повеќе од 400 милиони корисници. „иБеј“ го купила „Скајп“ во октомври 2005 за 2,6 млрд. долари. Иднината на „Скајп“ ја загрозува судскиот спор што го поведе компанијата „Јолтид“ против „Скајп“ за прекршување
на лиценцниот договор за користење на софтвер. Меѓутоа и „Скајп“ поднесе тужба против „Јолтид“. (МИА)
|