Откриени крадците на накит од милион денари
Лицата К.Б.(19) и Х.Е.(19) се пријавени како извршители на кражба во куќа во населбата Драчево, од каде што е украден златен накит во вредност од 940.000 денари.
Кражбата била извршена на 23 јуни, во домот на Ј.Г., на улица „Жарко Зрењанин“ и, според МВР, осомничените и порано биле пријавувани како сторители на слични дела.
Според полицијата, Х.Е. стражарел, а К.Б. преку подотворениот прозорец од бањата успеал да влезе во куќата.
Тој од спалната соба украл поголемо количество златни пари и накит, а од детската соба украл лаптоп, по што со возило „шкода октавија“ заминале кон населбата Кисела Вода, каде што живеат. (Љ.С.) |