Број 3028  понеделник, 06 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Крадец пуштен од полициска станица повторно во нова кражба

Скопската полиција расветли една тешка и една кражба извршена на дрзок начин, а како сторител е пријавен е 28-годишниот Б.А. од Скопје. По поднесената пријава против Б.А. поведена е и судска истражна постапка, по што му е одреден притвор во траење од 30 дена.

Според МВР, делата за кои Б.А. се товари биле сторени на 26, односно на 29 јуни. Во пријавата поднесена против сега притворениот Б.А., МВР потврдува дека со извршувањето на двете кражби тој се здобил со противправна имотна корист во висина од 17.400 денари. Имено, првата кражба Б.А. ја сторил уште додека бил на лекување во Клиниката за токсикологија во Клиничкиот центар во Скопје. Тој го искористил отсуството на еден од пациентите и со клуч за врата успеал да го отвори шкафот, кој пациентот го користел за чување на личните работи. Од шкафот одзел мобилен телефон „самсунг“, со што се здобил со имотна корист од 12.000 денари.

Само три дена подоцна со Б.А. полицијата имала службен разговор и тој ја признал кражбата. Телефонот му бил одземен и вратен на сопственикот, но кога бил пуштен на слобода Б.А. влегол во нова авантура. Имено, тој се упатил кон улица „Васил Главинов“, каде што околу 13 часот, пред Тутунска банка извршил тешка кражба на дрзок начин.

Додека Б.А. минувал покрај М.Б., од Скопје, забележал дека таа в раце има пари, ја турнал и и' ја ограбил за 5.400 денари. Потоа почнал да трча кон мостот „Гоце Делчев“ каде што бил фатен од полицијата, по што повторно го привеле во полициската станица „Центар“.

Во полициската станица оштетената жена поднела пријава против крадецот, а било спроведено и негово препознавање. Со потврда за привремено одземени предмети од Б.А. биле одземени парите што и' ги украл на оштетената. Од МВР потврдуваат дека осомничениот од порано е евидентиран како сторител на имотни деликти. (Љ.С.)


Статијата е прочитана 683 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Хроника
Откриени крадците на накит од милион денари
Планинарката им подлегна на повредите
Приведени 67 граѓани поради алкохолизирање
Претепан постариот син на пратеникот Амди Бајрам
Пронајден распаднат машки труп