Број 3028  понеделник, 06 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Претепан постариот син на пратеникот Амди Бајрам

Непознати сторители се движеле со три возила по улицата „Шуто Оризари“ и стрелале од огнострелно оружје. Настанот се случи во петокот, во 22,20 часот, кога на улицата имало многу минувачи. Непознатите дошле со возилата и застанале пред пицеријата „Романтика“ каде што, исто така, стрелале во воздух, а потоа се оддалечиле од местото на настанот.

Од бројните испукани куршуми, за среќа, никој не бил повреден, а не била предизвикана ниту материјална штета, но вознемирените луѓе се упатиле кон кафулето „Стил“, сопственост на С.М. (35), бидејќи сметале дека Габриел Бајрам (28), инаку син на Амди Бајрам, бил поврзан со оние кои пукале. Тие го нападнале и го повредиле Габриел, а биле оштетиле и жардињери.

Со телефонско јавување полицијата била известена за инцидентот, а на местото на настанот пристигнале припадници на единицата „Алфа“, кои презеле интервенција врз едно лице, кое било во алкохолизирана состојба. Поради интервенцијата следела реакција од страна на присутните, кои оштетиле три службени возила.

Полицијата извршила увид на местото каде што се одиграл настанот и притоа биле пронајдени и земени повеќе гилзи од огнострелно оружје. (Љ.С.)


Статијата е прочитана 3376 пати.

Испрати коментар

Од: Бурдуш
Датум: 06.07.2009 08:51:38
Приказната на една од Ромските телевизии беше сосема поинаква. За човекот рекоа дека постојано, бидејќи тате му е на власт, се однесувал како Ал Капоне (најверојатно, според неговата писменост како: Алка По Не) и ја малтретирал околината.
Од: b
Датум: 06.07.2009 12:48:20
Ne veruvam deka ke im dojde pametot na tie lopurdi od Bajrami!
Од: Вистинскиот Бурдуш
Датум: 06.07.2009 17:47:30
Кој си ти Бурдуш жити све и кој ти дозволи да се преставуваш во друго име,значи кога се преставуваш кажи кој си и ич да не те боли за другите......Ме разбра!!!!!!!!
Од: jimmy1
Датум: 06.07.2009 17:51:42
Pokrien zadnik nikoj ne go pluka. Amdi treba tepanje i toa vo vreca.

Најди! во Утрински
Хроника
Откриени крадците на накит од милион денари
Планинарката им подлегна на повредите
Приведени 67 граѓани поради алкохолизирање
Крадец пуштен од полициска станица повторно во нова кражба
Пронајден распаднат машки труп