Полицијата спроведе контрола во Градскиот парк во Скопје
Во рамките на акцијата „Распуст 2009“, ноќта меѓу саботата и неделата, полицијата спроведе контрола во Градскиот парк во Скопје и во објектите лоцирани на околните булевари, со цел да провери дали се продава и се точи алкохол на малолетни лица. Легитимирани се над 100 лица, од кои во полициските станици се приведени вкупно 67 лица, а по извршениот алко-тест кај 16 лица било утврдено присуство на алкохол. Еден од алкохолизираните е малолетник. За сите оние кај кои е утврдено присуство на алкохол ќе следат прекршочни пријави, а 22 лица ќе одговараат за нарушување на јавниот ред и мир, со карање и викање и непристојно и дрско однесување, додека 29 лица се писмено предупредени.
При контролата се пронајдени и одземени повеќе шишиња со пиво и по едно шише со вотка и коњак. Контролата е спроведена во содејство со Центарот за социјални работи, Трудовата и Пазарната инспекција. (Љ.С.)
Bev tamu, neka da pocnat da proveruvaat i po kafani i diskoteki pa sekoj so alkohol nad 0.5 vo zatvor??? Sramota. ZA maloletni vo red no za drugite ne. Neka da ne kopira MK Policija tugi
Од: wer
Датум: 06.07.2009 00:58:18
Vo red e akcijata poddrska ama se prasuvam koga ke se apsat vistinskite kriminalci koi sekojdnevno ja kradat drzavata a ne da se udira na narodot ili pak ako ne mozis da udris po magareto togas udri po samarot.
Од: Boris
Датум: 06.07.2009 02:13:40
А дали некој ќе биде санкциониран од сопствениците на продавниците кои им продаваат на малолетниците алкохолни пијалоци после 19 часот? Значи ли тоа дека тие прекршуваат истовремено 2 закони? Дали некој се богати на сметка на апсените деца?
Од: Baltazar
Датум: 06.07.2009 10:03:19
Kako shto kaza Toni NE SME MUSLIMANI pa da ne pieme. Najlesno e za policijata vo park i niz centar da vrshi kontrola. Da gi vidam vo Cair , Aracinovo i Saraj da vrshat kontroli, ama tamu gi tepaat i ubivaat. Taka i ni treba koga sme kukavici i trpime se i sekogo.
Од: Антиалкохолик
Датум: 06.07.2009 11:09:05
Дефинитивно во МК ќе почнат да владеат Шеријатските Закони! Во ред е забраната за точење алкохол на Малолетни, дури и да се затвори секој локал кој им продава алкохол и сопственикот да нема повеќе право да работи. Но, Загрижува фактот што возрасните се ставени во истиот кош како Малоумни! Да не говорам за слободната можност да се дрогирате... уште да се легализира „травката - побрљавка“... Слободен проток на хаш и макиш. Пошто - „така е на Запад!“ :) Од каде инаку „бесни“ возила кај новопечени дами унд херрен? Не грижете се, „вашата“ блада мисли и на Вашето здравје, па покрај забраната за пушење, воведе и забрана за купување алкохол (по19.00), па дури и платите не ви ги даваат редовно, за да не се дебелеете! Mens sana in corpore sano! :)
Од: zap ev
Датум: 06.07.2009 11:44:35
tuka odgovornost nosi vlada a ne tie sto se priveduvat imeno na zapad po parkovi nikade nema kafici i diskoteki i kafeani pred 1990 parkot bese raj tamu se setase i trcase taka e i na zapad no napravija kafici budzite da se bogatat i da ja unistuvat mladinata na mak a investicii nula vo sportski objekti za masovno sportotuvanje.