Пронајден распаднат машки труп
Во саботата, околу 19 часот, во полициската станица „Неготино“ било пријавено дека на местото наречено Црвеника бил пронајден непознат машки труп. Полициската екипа излегла на посоченото место и притоа било констатирано дека станува збор за машки труп во фаза на распаѓање, кој подоцна бил предаден за обдукција. Полицијата презема мерки за утврдување на идентитетот на лицето и за расветлување на случајот. (Љ.С.) |