Број 3445  вторник, 30 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Хроника

Силен ветар уби студентка во Тетово

Трагедијата се случи при откорнување на покривот на тетовската болница

Гојко Ефтоски

ТЕТОВО – Студентка од Косово загина, а две лица се тешко повредени при вчерашното невреме, проследено со силен ветер што го зафати Полошкиот крај. Трагедијата се случи вчера околу 14 часот кога силниот ветер го откорна покривот на Интерното одделение на тетовската болница. Дел од покривот паднал врз 23-годишната Дафина Рати, студентка од Приштина, нанесувајќи и' фатални повреди. Лекарите не успеале да го спасат нејзиниот живот. Со повреди се здобиле нејзиниот вујко Австрит Адеми (40) од Скопје, како и возачот на Службата за итна помош во Тетово, Шефкет Самиу. Двајцата имаат потрес на мозокот и се задржани на болничко лекување. Силниот ветер викендов го разнесе и покривот на гостиварската болница, но, за среќа, повредени немаше. По двете несреќи што се случија едноподруго, министерот за здравство, Бујар Османи, вчера попладне го посети Тетово. Тој најави истрага за случајот и проверка на сите здравствени објекти што се во фаза на реновирање или се веќе завршени, со цел да се утврди дали невремето ја предизвикало трагедијата или станува збор за човечки фактор.

Дипломската прослава вчера заврши кобно за косовската фамилија Рати. Дваесет и тригодишната студентка Дафина заедно со својата фамилија дошла во Тетово да присуствува на свеченоста по повод дипломирањето на нејзината сестра на студиите по фармација на Тетовскиот универзитет. Во еден момент додека се движеле во близина на болницата, дел од откорнатиот покрив паднал врз неа, нанесувајќи и тешки повреди.

Докторот Абулџелал Есати раскажува дека се подготвувал да замине дома по работниот ден, кога во еден момент забележал голема мешаница во Хируршкото одделение. Тогаш била донесена девојката, која била тешко повредена и во бессознание.

„Се обидовме да ја реанимираме со колегите. За момент даде знаци на живот“. Силниот ветер го откорна покривот од зградата на Интерното одделение на тетовската болница, во кое се сместени и Нервното и Детското одделение. Дел од покривот вчера опасно висеше претставувајќи закана за минувачите, поради што работници вчера попладне работеа на негово целосно отстранување. Пред три години се случи стравотен пожар токму на истиот објект, при што изгоре покривот и се случуваше вистинска драма за спасување на децата што беа згрижени и се лекуваа во болницата.

Тетовската болница вчера попладне ја посетија вицепремиерот Абдулаќим Адеми и министерот за здравство Бујар Османи. Министерот рече дека е шокиран од несреќата и изрази длабоко жалење и сочувство на семејството на загинатата девојка. „Веднаш е започната истрага за несреќата, која треба да покаже дали е во прашање временската состојба или човечки фактор“, изјави Османи. Тој ја постави дилемата како може да падне покрив што беше целосно менуван и поставен пред нецели три години. Двата случаја со откорнувањето на покривите во тетовската и во гостиварската болница, според него, ќе иницираат акција за проверка на сите градби што се завршени или се во тек.

Директорот на тетовската болница, Атила Реџепи, вчера рече дека станува збор за настан што не можел да се предвиди затоа што реконструкцијата е правена пред нецели три години, а технички прием на покривот бил извршен во февруари 2008 година.

Рамка:

МАВРОВО И ЖУПА

Нас: Ветерот корнеше бандери

ГОСТИВАР - Невремето и силниот ветер, кој на моменти дуваше и со брзина од сто километри на час, направи пустош на териториите на општините Маврово – Ростуше и Центар Жупа. Предизвикани се големи штети на нисконапонската и високонапонската мрежа во регионот. Во селата Лазарополе и Жировница се искинати многу електрични жици, а се урнати и десетина бандери. Ветрот корнеше дрвја и носеше сообраќајни знаци и патокази по долината на реката Радика.

Снабдувањето со електрична енергија на дваесетина села од подрачјето на Маврово и на Жупа е нормализирано вчера попладне, инфор��ираат од „ЕВН Македонија“. Штети има во триесетина викенд-куќи од туристичките населби околу брегот на Мавровското Езеро и тоа, главно, на покривите. (К.К.)




#
Статијата е прочитана 1672 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 30.11.2010 12:29:40
Се ова е ИНПРОВИЗАЦИЈА аманте бре до кога???????.Под хитно инвеститорот,изведувачот и надзорот во ЗАТВОР.Може ли кров да падне?.Не нема шанси ако е изработен како треба.Може цела зграда да ја однесе неврема а не само покривот.Затоа одма у ЗАТВОР да не текне повеќе никому да работи вака.
Од: Жарко
Датум: 30.11.2010 12:43:07
Имате крупна грешка бво насловот. Студентката не ја уби ветрот, туку покривот изработен нестручно. Нејзе ја уби алчноста на директорите и министрите!!
Од: b
Датум: 30.11.2010 12:46:16
Министре, ој министре! До кога вака? Велиш ништо не се реконструирало 20 години. И поарно така, стар кров сеуште не попуштил. А ти, се што фати, жив зијан, па дури и со жртви. Тетово, Гостивар, зијаните со поплавата при реконструкција на кровот во Аеродром и да не набројувам понатака. До кога вака, ој, министре?
Од: Трпе
Датум: 30.11.2010 13:21:05
Кога некого во прв план му е провизијата(заработката) нема право да бара квалитет на изведбите е тогаш ке има и жртви.Нормално дека сега е виновна жртвата која во неправилно време била на неправилно место.Жално.
Од: Berlincanka
Датум: 30.11.2010 13:31:54
Pricina za smrtta na devojkata i povredenite lugje,e shto gradbata na bolnicata e bila so losh i eftin materijal. Nashite politicari shtedat na pogreshno mesto. Moeto socuvstvo za familijata od ovaa devojka. Kakva smisla ima ovaa zrtva?! Vo Makedonija se angaziraat samo firmi za gradbi koi se eftini. Za kvalitet ne se vnimava. Toa e losho svidetelstvo za politikata vo Makedonija.
Од: Максим
Датум: 30.11.2010 21:22:32
Покривот го дувнал ветер и паднал од зградата!?? Не ми се верува! Затвооор, доживотен затвор за изведувачот и надзорот!!!
Од: Krste Minoski
Датум: 01.12.2010 08:24:58
Naslovot vi e bezobrazen i ne tocen. Silniot vetar neja ubi devojkata, tuku krovot koj bese postaven na bolnicata kako parce hartija.

Најди! во Утрински
Хроника
Овчарот од „Бачило“ да ја надомести штетата
Ослободителна пресуда за членовите на „Плоштад слобода“
Фатен Грк кој илегално дошол на лов
Ветерот корнеше бандери
Прилепчанец силувал психички болна девојка
Кој ги каменува возовите?
Вандали демолирале автобус на ЈСП
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars