Прилепчанец силувал психички болна девојка
Едномесечен притвор му е одреден на Ф.Ќ. (50) од Прилеп поради сомневање дека летово неколкупати извршил силување и обесчестување врз 20-годишна девојка со психичка попреченост. Според МВР, прилепчанецот ја повикувал девојката на различни места во градот, возејќи ја во својот автомобил и подарувајќи и' 50-100 денари, чоколади, бурек, сок и слично.
„Притоа, искористувајќи ја нејзината психичка попреченост и упатувајќи и' закани дека ќе го убие нејзиниот татко, Ф.Ќ. ги извршил наведените дела во автомобилот“, соопштуваат од МВР. Против 50-годишникот се поднесени две кривични дела за силување, односно за обесчестување врз немоќно лице. (Г.А.) |