Фатен Грк кој илегално дошол на лов
Условна осуда на казна затвор од три месеци му пресуди кавадаречкиот суд на 68-годишен грчки државјанин, кој во саботата наутро бил фатен од полицијата кај местото Блатец со полуавтоматска ловна пушка во рацете. Тој илегално влегол во земјава, најверојатно, за лов. Против него е поднесена кривична пријава за недозволено преминување на државната граница. (Г.А.) |