Број 3150  среда, 02 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Свет

Хаг расправа за независноста на Косово

ХАГ - Тричасовното излагање на аргументите на Србија го започна шефот на српската делегација Душан Батаковиќ. Батаковиќ, кој е амбасадор на Србија во Париз, го образложи ставот на Србија дека декларацијата за независност на Косово ги нарушува темелите на меѓународниот правен поредок. На судиите требаше да им се обратат и заменик-шефот на делегацијата, Саша Обрадовиќ и експертите за меѓународно право Малколм Шо од Велика Британија, Марсел Коен од Швајцарија и Андреас Цимерман од Германија. На почетокот на расправата присуствуваше министерот за надворешни работи на Србија, Вук Јеремиќ.

Делегацијата на властите во Приштина кои во февруари 2008 година еднострано прогласија независност на Косово, своите аргументи пред судот требаше да ги изложат вчера попладне по 15 часот. Делегацијата на Приштина ја предводи министерот за надворешни работи Скендер Хисени, а правните аргументи во корист на независноста на Косово ќе ги претстави британскиот адвокат Мајкл Вуд.

„Дали едностраното прогласување независност од страна на привремените институции на самоуправување на Косово е во согласност со меѓународното право“, гласи прашањето кое во октомври 2008 година пред Меѓународниот суд на правдата го постави Генералното собрание на ОН, усвојувајќи Резолуција по барање на Србија во врска со тоа. Резолуцијата официјално беше примена во Палатата на мирот во Хаг на 10 октомври 2008 година.

Своите одговори на тоа прашање пред највисокиот суд на ОН ќе ги понудат претставниците на 28 држави од 1 до 11 декември. За учество во расправата се пријавија 30 земји, но, во меѓувреме се откажаа Бахраин и Лаос. Меѓународниот суд на правдата откако ќе ги сослуша устните аргументи, ќе утврди советодавно мислење кое не е обврзувачко за државите. За донесување советодавно мислење постојат рокови, а во практика донесувањето одлука на 15 судии, предводени од претседателот на судот Хисаши Овада од Јапонија, трае со месеци. На неодамнешна средба со новинарите, Овада истакна дека е нормално одлуката на судот да биде прифатена од Генералното собрание на ОН, кое и побара мислење. (Блиц)


#
Статијата е прочитана 344 пати.

Испрати коментар

Од: jimmy1
Датум: 02.12.2009 03:38:06
Ako nee obvrzuvacki onda zosto se trosat tolku golemi sumi na pari, i kakov sud e Haskiot???? Pa onda zosto da bidat obvrzuvacki za osudenite od bivsa Jugoslavija?? ali tie ne se od Kosovo??? odnosno milenici na zapadot.

Најди! во Утрински
Свет
Обама даде зелено светло за 30.000 војници во Авганистан
Четворица терористи го минираа возот
Пријателите го кријат убиецот на полицајци
За ОН забраната за минариња е дискриминаторска
Лисабонскиот договор на ЕУ стапи на сила