Број 3150  среда, 02 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Свет
Лисабонскиот договор на ЕУ стапи на сила

БРИСЕЛ - Првиот претседател на ЕУ, Херман Ван Ромпуј и новиот министер за надворешни работи, Катрин Ештон вчера ги презедоа функции кога Лисабонскиот договор стапи на сила, со надеж дека ќе ја ублажат загриженоста поради скромното држење на двајцата политичари.

"Денес граѓаните на ЕУ влегуваат во нова ера", изјави шведскиот премиер Фредрик Рајнфелд, чија земја го задржува претседателствувањето со ЕУ според стариот ротирачки систем до крајот на годината. "Денес е првиот ден на поефикасна, помодерна и подемократска ЕУ, за сите граѓани", додаде тој.

Сепак, остануваат сомневањата дека Ван Ромпуј, поранешен премиер на Белгија, и Ештон, британски благородник и поранешен комесар за трговија на ЕУ, се билетот од соништата да ја водат Европа и да застанат рамо до рамо со колегите од САД и Кина.

Првиот претседател на Европа "повеќе ќе биде 'претседавач претседател' отколку 'лидер претседател'", рече Тиери Чопин од истражувачкиот центар "Фондација Роберт Шуман". На некои поголеми земји-членки на ЕУ можеби ќе им одговара да немаат политички голем ѕвер што ќе претседава со нив.

Договорот, подготвен како замена за прекинатиот устав на ЕУ, е со цел да го издигне глобалниот углед на Унијата и да ги преструктуира институциите кои претставуваат половина милијарда луѓе во 27 држави. "Договорот од Лисабон ги става граѓаните во центарот на европскиот проект", истакна во едно соопштение претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо. Договорот, исто така, ќе ја зајакне улогата на европскиот парламент и ќе го намали бројот на националните вета за европската политика.

Европските шефови на држави и на влади го избраа Ван Ромпуј за главната функција на самитот што се одржа минатиот месец, по многу нагодувања зад сцената. Неговата позиција, претседател на Европскиот совет, е со 2,5 годишен мандат со едно продолжување, што и' дава на Унијата хуман изглед и постабилно претседателство отколку сегашниот систем на ротирање на претседателското место во ЕУ меѓу земјите-членки на шестмесечна основа. Ротирачкото претседателство останува, и земјата претседавач ќе ги води дискусиите на поединечно политичко ниво, така што Шпанија ја презема функцијата на 1 јануари 2010 година.

Ван Ромпуј ќе биде дискретно присутен до крајот на годината, иако веќе започна тура по европските прест��лнини. Во понеделникот ја посети Данска, вчера Словенија и Италија, а потоа продолжува во Лисабон за вечерната прослава за новиот договор. (АФП)


#
Статијата е прочитана 267 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Обама даде зелено светло за 30.000 војници во Авганистан
Четворица терористи го минираа возот
Пријателите го кријат убиецот на полицајци
За ОН забраната за минариња е дискриминаторска
Хаг расправа за независноста на Косово