Број 3150  среда, 02 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Свет

Пријателите го кријат убиецот на полицајци

Морис Клемонс во неделата буквално егзекутираше четворица додека пиеја кафе

СИЕТЛ - Лицето што е осомничено дека уби четворица полицајци во американската држава Вашингтон се' уште е живо и добива помош од пријателите, соопшти полицијата. Портпаролот на канцеларијата на шерифот изјави дека полицијата разговарала со неколку лица што му укажале помош на Морис Клемонс по нападот што го изврши во неделата во близина на Сиетл. Вооруженото лице уби четворица полицајци додека седеле во кафуле. Полицијата го опколи домот на Клемонс во Сиетл верувајќи дека таму ќе го најдат, меѓутоа, тоа не се случи. Тие ја интензивираа потрагата по Клемонс (37), претресувајќи куќа по куќа, со помош на кучиња-трагачи. Тој, наводно, бил погоден во стомакот од еден од убиените полицајци. Распишана е награда од 125.000 долари за информации што ќе доведат до негово апсење.

Случајот предизвика голем револт, бидејќи затворската казна на Клемонс за кривичните дела во Арканзас во 2000 година му беше ублажена од страна на тогашниот гувернер Мајк Хакаби. Меѓутоа, за кратко време Клемонс му се врати на своето криминално минато и во 2004 година повторно се најде во затвор. Истата година повторно беше пуштен на слобода.

Во понеделникот Хакаби изјави дека ја презема одговорноста за тоа што овозможил Клемонс да биде пуштен условно, опишувајќи го случајот како неуспех на правниот систем. „Доколку пред девет години знаев дека овој човек е способен да направи нешто вакво, очигледно никогаш немаше да го дозволам тоа ублажување на казната. Тоа е одвратно“, изјави Хакаби за „Фокс њус“. Брајан Вуртс, претседател на полицискиот синдикат во областа Лејквуд, од каде што се убиените полицајци, за АП изјави: „Овој човек никогаш не требаше да биде на улица. Нашите избрани официјални претставници треба да откријат зошто вакви луѓе се надвор, на улица“. Случајот би можел да им наштети на шансите на Хакаби, ако тој повторно одлучи да бара претседателска номинација од страна на републиканците во 2012 година, откриваат американските аналитичари.

Претходно, началникот на полицијата од Лејквуд, Брет Фарар, ги опиша четирите жртви како „добри луѓе и извонредни полицајци“. Четворицата полицајци, наредникот Марк Ренингер и полицајците Роналд Овенс, Тина Грисволд и Грег Ричардс беа застрелани во кафуле во Паркланд, 65 километри јужно од Сиетл. Дејствувајќи по добиена информација полицајците во неделата вечерта затворија дел од областа Леши во Сиетл, додека вооружени припадници на единицата за брза интервенција ја опколија куќата каде што се веруваше дека се крие Клемонс. Додека опсадата траеше во текот на ноќта очевидци слушнале звуци од кршење на прозорци, експлозии и истрели. Меѓутоа, подоцна е откриено дека Клемонс не бил во куќата. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 697 пати.

Испрати коментар

Од: borce
Датум: 02.12.2009 02:42:21
Ubiecot e ubien treba pogolemi kazni za tie chto povtorno se vracaat vo vodite na kriminalot.

Најди! во Утрински
Свет
Обама даде зелено светло за 30.000 војници во Авганистан
Четворица терористи го минираа возот
За ОН забраната за минариња е дискриминаторска
Лисабонскиот договор на ЕУ стапи на сила
Хаг расправа за независноста на Косово