Број 3150  среда, 02 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Свет

Четворица терористи го минираа возот

Полициските експерти утврдија дека терористите поставиле под шините пластичен експлозив

Од нашиот дописник
Бранко Влаховиќ


МОСКВА - Руските полицајци во едно село во Тверската област, недалеку од местото каде што се случи железничката несреќа на „Невскиот проспект“, пронајдоа куќа во која веројатно се криеле тројца или четворица терористи, кои го поставиле експлозивот на пругата Москва-Санкт Петербург. Полицајците го пронајдоа местото каде што во потпокривот се криеле и спиеле лица, за кои постои сомневање дека биле терористи. Тие престојувале таму неколку дена. Жителите на околните села пред истражните органи изјавиле дека се појавил човек, кој велел дека бара куќа каде што би живееле негови роднини. Жителите на најблиското село до железничката пруга, кое има само 25 куќи, не виделе дека некој проаѓал, што покажува дека терористите биле многу претпазливи.

Врз основа на кажувањата на селаните, кои тврдат дека виделе непознати лица, полицијата направи фоторобот. Црвенокос, набиен маж на возраст од околу 40 години, се појавувал во неколку села. Поради изгледот на терористот Мохамед, чие вистинско име е Павел Косолапов, кој преминал во муслиманска вера и им се придружил на терористите, многумина побрзаа да кажат дека полицијата веќе ја решила енигмата за тоа кој го поставил експлозивот. Меѓутоа, во неделата во руската полиција соопштија дека немаат цврсти докази оти диверзијата ја организирал Косолапов. Некои московски весници предупредуваат дека е можно организаторите на терористичката акција да биле неонацисти. Несреќата се случи за време на муслиманскиот празник Курбан-бајрам. Ако терористичката акција ја извеле неонацисти, тогаш тоа е направено на Бајрам за да се рашири омраза кон муслиманите.

Патем, за терористичкиот акт што се случи на таа пруга пред две години, обвинети беа жителите на Ингушетија, која граничи со Чеченија. Инаку, Павел Косолапов потекнува од село недалеку од Волгоград. Тој бил исфрлен од военото училиште во Ростов, бидејќи им крадел пари на своите соученици. Откако преминал во исламот бил на терористичка обука на Кавказ. Се смета дека Косолапов организирал диверзии на автобуската станица во Вороњеж, на пазарот во Самара. По загинувањето на злогласниот Шамил Басаев, Косолапов се смета за главен чеченски терорист.

Полициските експерти веќе утврдија дека терористите поставиле под шините т.н. пластит, односно пластичен експлозив. Истражните органи се убедени дека експлозивот бил поставен под шините, а не во вагон, како што јавија некои во саботата.

Во Министерството за вонредни состојби категорично тврдат дека бројот на загинатите е 26, а сега се бараат уште четворица патници кои не се ниту во болница, ниту биле евакуирани од местото на несреќата.


#
Статијата е прочитана 546 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Обама даде зелено светло за 30.000 војници во Авганистан
Пријателите го кријат убиецот на полицајци
За ОН забраната за минариња е дискриминаторска
Лисабонскиот договор на ЕУ стапи на сила
Хаг расправа за независноста на Косово