Брoj 2706  сабота, 07 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Зошто фирмите не сакаат поевтино царинење?

Досега само 70 фирми ја имаат искористено погодноста за примена на поедноставени царински процедури

Александрија Стевковска

Две години по донесување на законската можност за примена на поедноставените царински постапки, тие се' уште не се доволно применети од бизнис-заедницата, иако овозможуваат штедење време и пари. Засега се' уште доминира класичното терминалско царинење наместо поедноставеното, во кое самите увозници или извозници го вршат царинењето во сопствените простории без трошоци за декларации, царински терминали и вагање. Покрај намалување на трошоците, со поедноставените постапки се намалува и времето за царинските формалности. Царинењето може да почне за 30-60 минути по добивањето на стоката или постапката за извоз. Сите овие погодности како да се недоволно атрактивни за компаниите, од кои досега само мал број ги имаат исполнето критериумите и имаат одобрение да ја користат оваа можност.

„Досега само 70 фирми ја имаат искористено погодноста за примена на поедноставени царински процедури, иако многу повеќе ги исполнуваат условите, но се' уште фирмите не пројавуваат интерес за оваа можност. Поедноставените царински постапки значат дека камионите влегуваат во земјава и, наместо да се задржуваат на терминали, одат директно во магацините на фирмите-увознички. Фирмите потоа ги испраќаат увозните документи до Царината и чекаат, според анализа на ризик, да се одлучи дали ќе има или не царинење. Доколку не добијат повратна информација од Царината, увозниците може да ја искинат пломбата и да работат со стоката“, вели директорот на Царинската управа, Ванчо Каргов.

Според Каргов, ова треба да биде доминантен начин на царинење и кај нас, бидејќи сите европски земји го применуваа овој принцип на работа, иако помалите фирми потешко можат да се справат со процедурите за имплементација на овие процедури.

„За користење на оваа погодност треба да се исполнат одредени критериуми и да се добие дозвола од Царината. Се обидуваме поедноставените царински постапки да ги направиме подостапни за малите фирми, иако критериумите мора да останат на сила за да не се манипулира со оваа постапка. Компаниите мора да сфатат дека со овие постапки се намалуваат трошоците за стоење на терминал, шпедитерските услуги, со што се отвора можноста за насочување на средствата во друга насока и планирање на бизнис-пр��цесот“, вели Каргов. Царината најавува дека во претстојниот период ќе оди со поагресивна кампања за промоција за поголема примена на поедноставената царинска постапка, со цел фирмите да се заинтересираат и да почнат со масовно вклучување и искористување на овој концепт во иднина.


Статијата е прочитана 317 пати.

Испрати коментар

Од: Петар
Датум: 07.06.2008 06:35:22
Пак чист популизам. Издале одобренија за поедноставени постапки (увоз - извоз)! Но тие одобренија се однесуваат за масовни (еднолични) стоки. Зошто фирмите не бараат вакви одобренија? Затоа што мораат секојдневно да кумуницираат со “пауни“ или т.н. цариници, кои тенисери (пардон рекетари) се моаат по фирмите гледајки документација (а не знаат што гледаат)....

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Недостигот од храна да не служи за политички притисок
Се бараат Турција, Шпанија, Бугарија и Хрватска
Високиот трговски дефицит закана за девизните резерви
Предрасудите пречка за бизнисот меѓу Македонија и Бугарија
„Космофон“ влегува во фиксната телефонија?