Брoj 2706  сабота, 07 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Недостигот од храна да не служи за политички притисок

Рим - .Земјите-учеснички во ФАО на Конференцијата во Рим презедоа одговорност до 2015 година да го намалат на половина бројот на гладните во светот. Ова е дел од Декларацијата усвоена на пленарната седница на Конференцијата на Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО) во Рим на која учествуваа делегации на 183 земји.

Во Декларацијата се истакнува неопходноста да бидат укинати трговските бариери и да се зголеми производството на земјоделски стоки, за да се надмине растечкиот недостиг од храна, чиишто последици негативно се одразуваат и на сиромашните и на богатите земји во светот.

Во документот се истакнува дека се неопходни неодложни мерки за да се запре зголемувањето на цените на прехранбените производи и оти е недозволиво проблемите со храната да се користат како инструмент за политички притисок.

Претставници на повеќе латиноамерикански држави, како на пример Куба, Аргентина и Венецуела, изразија несогласување со текстот. (МИА)


Статијата е прочитана 129 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Се бараат Турција, Шпанија, Бугарија и Хрватска
Високиот трговски дефицит закана за девизните резерви
Предрасудите пречка за бизнисот меѓу Македонија и Бугарија
Зошто фирмите не сакаат поевтино царинење?
„Космофон“ влегува во фиксната телефонија?