Брoj 2706  сабота, 07 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Се бараат Турција, Шпанија, Бугарија и Хрватска

На Македонија и' е потребен посериозен пристап кон туризмот и активна промоција на домашните туристички капацитети, сметаат туристичките работници. Вчера, денеска и утре пред трговскиот центар „Рамстор“ претставници од туристичките агенции во земјава ги промовираат своите понуди.

Според Ангел Иванов, претседател на Туристичкиот сојуз на Скопје, туризмот треба да се сфати како сериозна дејност, бидејќи во светот се третира како трета најважна стопанска гранка. „Додека Македонија не го осмисли тоа посериозно и не формира Министерство за туризам, секогаш ќе има некои приватни и лични иницијативи кои нема да дадат сериозен плод. Верувам дека само министерство за туризам ќе направи нешто посебно“, рече Иванов.

Според него, годинава е веќе доцна да се почне со промовирање на земјава како туристичка локација, бидејќи агенциите веќе ги комплетирале своите понуди, а многумина од туристите веќе ги испланирале годишните одмори.

За македонските туристи најатрактивни локации за годишен одмор се Турција, Бугарија, Шпанија, Црна Гора и Хрватска. Аранжманите се со почетни цени од 100 евра. Според туристичките работници, Грција не е актуелна како минатата година. Според Иванов, интересот за Грција е за три четвртини помал од минатата година. (А.П.)


Статијата е прочитана 931 пати.

Испрати коментар

Од: london
Датум: 07.06.2008 01:40:56
Kako ne im e sram na Туристичкиот сојуз на Скопје i site turisticki organizacii od Makedonija po se sto ni se sluci i seuste slucuva vo odnosite so Grcija tie da ja promoviraat Grcija kako turisticka destinacija.Samite gragani za veligdenskite praznici odlucija da ja bojkotiraat Grcija kako turisticka destinacija a turistickite rabotnici treba da se solidiziraat so ovoj napaten narod i so sopstvenata drzava i da prestanat da ja reklamiraat grcija barem ovaa turisticka sezona.Opravduvanjata od zagubi ne drzat zosto kaparot i e vraten od grcija a sekoj sto resil da odi na odmor vo stranstvo ako ja nema grcija vo ponuda ke se odluci za druga destinacija.I DA NE ZABORAVAM DA IM PORACAM NA SITE STO ODAT ZA GRCIJA DA SI PONESAT METLI I RAKAVICI ZOSTO NA IZLEZ OD GRCIJA KE TREBA DA METAT ZA DA POMINAT, a kako sto si gi sakaat grcistava ne stavajte gi na trosok da vi kupuvaat metli i rakavici imajte maku ,,svoe jas'' :)))))))
Од: svesen
Датум: 07.06.2008 13:19:42
Stom ce kaze kako ne im e sram vednas se znae deka e VMRO vce

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Недостигот од храна да не служи за политички притисок
Високиот трговски дефицит закана за девизните резерви
Предрасудите пречка за бизнисот меѓу Македонија и Бугарија
Зошто фирмите не сакаат поевтино царинење?
„Космофон“ влегува во фиксната телефонија?