Стагнира нивото на водата во Дојранско Езеро

ДОЈРАН - Хидролошката состојба на Дојранско Езеро деновиве стагнира поради пораст на температурите и зголеменото испарување на водата. „Стагнацијата на нивото е присутна и поради половичната активност на системот за спас на Дојранско Езеро, кој моментално користи четири од постојните осум пумпи на Ѓавачко Поле“, вели Дарко Качаков, комунален инспектор во Општина Дојран, кој секојдневно во соработка со локален набљудувач од УХМР ја следат состојбата со водата во езерото.
Локалните жители го познаваат темпото и животот на езерото и изјавуваат дека ваквите состојби секогаш се предвесник на летото. (МИА) |