Брoj 2704  четврток, 05 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Охрид очекува рекорден број туристи

Годинава се очекуваат околу 300.000 гости и над 1,5 милион ноќевања

Симон Илиевски

ОХРИД - Добрата посетеност на Охрид во мај ветува богата туристичка сезона, коментираат туристичките работници. Поголемите хотелски капацитети минатиот месец беа пополнети од 60 до 90 отсто, главно со странски гости, а така ќе биде и во јуни.

За разлика од лани, се очекува зголемен интерес кај домашните гости за Охрид поради влошените односи со соседна Грција и бојкотот на нивната туристичка понуда, како и поради конкурентните цени во споредба со туристичките дестинации во соседните земји.

Затоа охридскиот туристички еснаф се договара да нема битно зголемување на цените на приватното сместување и на угостителските услуги, со што ќе се покаже дека домашниот гостин е добредојден. Доколку биде така, постојат реални можности за рекордна туристичка жетва, со околу 300.000 гости и над 1,5 милион ноќевања.

Од странците засега се најбројни туристите од Израел, а за шпицот на главната туристичка сезона во јули и во август се очекува да доминираат гостите од Србија кои, покрај хотелското, се' помасовно го користат приватното сместување. Приватното сместување, со капацитет од околу 25.000 легла, летово се очекува најмногу да го користат домашните гости.

Инаку, првата група од 214 израелски туристи во Охрид пристигна на 26 мај и беше сместена во хотелите „Метропол“ и „Гранит“. Израелците ќе доаѓаат до крајот на октомври и треба да остварат над 7.000 ноќевања.

„Доаѓањето на Израелците во Охрид е резултат на осумгодишната промоција и упорна работа на македонските туристички работници“, објаснува Арсение Јаневски од туристичката агенција „Компас“, најзаслужен за отворањето на израелскиот туристички пазар. Притоа објаснува дека ова е само почеток, а доколку Израелците бидат задоволни, в година нивниот број може значително да се зголеми и да бидат доминантни туристи на охридската ривиера.

„Направивме програма во која ги внесовме најважните пунктови, како што се бројните знаменитости на балканскиот Ерусалим, посета на Битола, каде што има многу еврејски споменици, и обиколка на природни реткости во Охридско-преспанскиот регион“, истакнува Хедва Луис од израелската агенција „Ешат турс“, која со чартери на авиокомпанијата „Санадор“ ги носи туристите во Охрид.

Покрај шетањето, Израелците имаат и посебни барања во сместувањето и во исхраната. Тоа го знаат хотелиерите и, како што вели менаџерот на хотелите „Метропол – Белви“, Боро Тасески, однапред се подготвиле за тој предизвик. Тој вели дека за разлика од Германците кои забелешките ги даваат по заминувањето, Израелците го прават тоа веднаш.

Хотелиерите се задоволни од посетеноста во мај и резервациите за јуни.

„Капацитетите на најголемиот комплекс ’Метропол – Белви‘ со 350 соби и 20 апартмани во мај беа искористени 90 отсто. Покрај гостите од Израел, имаше поголеми групи од Србија и од неколку поголеми конгреси. Така ќе биде и за време на шпицот на главната туристичка сезона, особено во август, кога се очекува стопроцентна пополнетост на капацитетите, и тоа главно со странски гости“, потенцираат од комерцијалниот сектор на најголемиот хотелски комплекс. Слична е состојбата и во хотелите „Гранит“ и „Горица“, но и во помалите хотелски објекти.

За претстојната, главна туристичка сезона најголеми се очекувањата од гостите од Србија кои минатата година се покажаа како добри потрошувачи. Тие, покрај хотелското, го користат и приватното, пред се', апартманско сместување.

„Веќе имаме резервации за апартманско сместување и очекуваме нивно зголемување во текот на месецов. Доколку интересот биде како минатото лето, тогаш ќе има недостиг од апартмани, па гостите ќе мора да ги користат и собите кои се со понизок стандард од апартманскиот“, оценува Перо Јакимов од туристичката агенција „Генералтурист 2000“.


Статијата е прочитана 577 пати.

Испрати коментар

Од: Scandinavian
Датум: 05.06.2008 14:12:38
Ubavi vesti za Ohrid i Makedonija,dobro e da ima sto poveke stranski turisti,mozebi turistickite agencii od Makedonija ke treba vo bliska idnina sto poveke da rabotat na promoviranje na Ohrid i voopsto na Makedonija i ovde,vo Scandinavia,pred se vo Svedska i Norveska,ovie lugje ovde se mnogu zainteresirani za nasata zemja

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Батко Ѓорѓија се врати на кумановскиот плоштад
Стагнира нивото на водата во Дојранско Езеро
Десетмина полицајци затруени од отровот кај Блаце
„Инженерски прстен 2008“ за осум дипломци
Канадски бизнисмени ќе вложуваат во кочанските геотермални води
Гром усмрти овци во Речане