Гром усмрти овци во Речане
ГОСТИВАР - Од удар на гром настрадаа дваесетина овци, сопственост на семејството Сулејмани од гостиварското село Речане. Овчарот кој бил во непосредна близина на стадото, за среќа, се спасил. Завчера, околу 15 часот, во Гостиварско имаше поројни дождови кои беа проследени со грмежи. Овчарот Мерсел С. (28), кој стадото од 230 овци го враќал дома со цел да го избегне невремето. Но, минувајќи низ пошумен дел, гром удрил во дрво, во чија близина се наоѓало стадото. Притоа биле усмртени 14 овци, другите се разбегале, а некои се повредиле. Еден шарпланинец бил усмртен. Според сопствениците на стадото, штетата е над 3.000 евра. (К.К.)
|